Комуникацијата меѓу судиите и ВАР собата. Не знам дали знаеш ама се снимаат секоја утакмица разговорите, за се да биде регуларно, освен нели Јувентус кога игра. Значи у случајов ВАР ко ВАР и да сакал не можел да го предомисли Орсато затоа што не се работеше за директен црвен него за втор жолт, ама судиите си комуницираат константно со луѓето од ВАР собата. Не е само за ситуации кога треба ВАР да интервенира, ете пример имаше скоро едно видео од Австралија од првата лига каде у 5 минутно видео е објаснето како функционира комуникацијата меѓу главниот судија и ВАР собата. Цело време имаш зборење, му викаат од горе пример good job, нешо у стилу its your call ако е некоја ептен дискутабилна ситуација или ако е очигледна обратното... Очигледно не сфаќаш што ти зборуваме, не знам што друго да ти кажам. Конкретно у случајов, повторувам, избришани се дел од разговорите за време на недосудениот црвен картон на Пјаниќ кој цел свет го виде освен Орсато. И не е проблем ете, нели „се дешава“, не дал црвен и тоа е тоа, ама зошто е бришен разговорот тоа запрашај се.