Молам за помош. Се работи за психичко малтретирање од страна на мојата сопруга, која не е започната само сега во време на карантин и сл.него трае подолго време. Најпрво да напоменам дека сме семејство со две малолетни деца, притоа сме интелектуалци со солидна финансиска состојба. Цело време го анализирам проблемот и секогаш во животот најпрво тргнувам од себе, дали кас сум причинителот за постојаните проблеми и недоразбирања. Знам дека ќе ви бидат потребни и двете страни да ги сослушате, и двете страни да ги познавате како личност и биографија за нив, но во случајов не е возможно, сепак барам правна помош и излезна ситуација!!! Најлесно би било развод, но како знаеме најтешко би било за децата. Секогаш сакам компромис и решение, но со оваа личност мислам не е возможно. Пред брак бевме во подолга врска и не знам каде ми беа очите и паметот. Сметам
Колку долго ти трае ситуацијата, бидејќи велиш дека не е само како последица на карантинот?
Исто така, кога ќе ставиш на вага секојдневно има повеќе работи кои ве зближуваат еден кон друг или кои ве разединуваат?
Проблемот е, ако дома кога ќе се прибереш не си го имаш мирот тогаш не вреди да делиш живот со било кој - макар и брачен партнер. Ваљда во годините кои ги поминавте заедно (пошто спомнуваш 2 малолетни деца) си сфатил дека жената е едно пред брак, а друго откако ќе влези дома - ретки се тие кои се однесуваат исто во денешно време. Твое било да поставиш граници, ако си ги поставил тогаш сега веќе се губат истите има сигурно некоја причина или тригер зошто е тоа така.
Генерално проблемите во мкд идат од финансиска несигурност, тоа велиш кај вас не е проблем... значи е нешто друго, што? Можеби родители кои ви се мешаат во бракот? Можеби некој друг од страна што гледа да подбуцне?
Не си ја тупи премногу главата што и како е причината и не барај вина во себе - иако тоа е доблесно, туку седни и разговарај со сопругата. АКО тие разговори водат кон кавги и вреѓање тогаш обидете се да разговарате со некој брачен советник или психолог. Ќе ви помогне.
Ако и после разговор меѓу вас и меѓу трето лице кое нема да гледа пристрасно на вашиот проблем (НО тука не вклучувајте ваши роднини, пријатели, другари, колеги од раб и слично...) доколку сепак на крај не мрдните од точка нула тогаш најверојатно си свесен дека мораш да ставиш крај.
И тоа не е најстрашно на свет. Ете можеш и сам да забележиш дека и на форумот има еден куп 35+ годишни кои заради X причини се сами. Еден куп има разведени. Еден куп има слободни. Да не збораме за фактот што сигурно ќе најдеш во иднина и 10 млаџа.
Проблемот е дали и колку сакаш да си го зачуваш бракот, дали тоа го сака и другата страна и дали вреди.
Ако вреди и ако двајцата работите на истото ќе успеете.
Доколку не, продужи даље. Ништо не е изгубено. Ниту пак ќе останиш вечно сам - ако тоа те плаши.
Од мирот нема ништо подобро.
Жена како жена по дома ќе те нервира и ќе ти писка за разно разни работи.... дали било ѓубрето фрлено, зошто не си и ги слегол пердињата да ги испери, како само седиш по цел ден и гледаш тв и дрн дрн дрн дрн ... ама на крајот на денот ако не знае да се сопри и тоа преминува во навреди и омаловажувања - тури и курот.
Не брзај, пробај со совет од 3 лице (психолог, социјален работник...) и потоа пресечи.