Семејно насилство

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Денес 25 ноември е меѓународен ден за борба против насилство врз жените. Секоја трета жена е жртва на физичко или сексуално насилство во некој период од животот.

Протест на невладините на Меѓународниот ден на семејно насилство
25.11.2014 | 16:56
Македонија
Прочитано: 182

Што превзедовте да го спречите трикратното убиство во Кавадарци, 16 убиени жени не се само бројка, колку жени треба да бидат убиени за да превземете нешто, се само дел од транспарентите со кои невладините организации со мирен протест пред министерството за труд и социјална политика го одбележуваат Меѓународниот ден на семејното насилство врз жените.

Од министерот побараа поголема подршка за жртвите.

Од невладините забележуваат и на законските пропусти.

Според нив пред донесувањето на законите мора да се истражат можностите и капацитетите за нивно воведување.

Според статистиките со кои излегоа невладините, од 2008-2014 биле убиени 16 жени како последица од семејно насилство.

За намалување на црните бројки невладините најавија мирни протести секој 25-ти во месецот се додека министерот Диме Спасов не им одговори на барањата.

Неспособната кафекуварка денес се пофали дека има зголемување од 25% на пријавените случаи на семејно насилство, само нејасно е дали ова значи намалување на темната бројка или зголемување на случаите на семејно насилство.
http://24vesti.mk/protest-na-nevladinite-na-megjunarodniot-den-na-semejno-nasilstvo

За 25 % е зголемен бројот на пријавени случаи на насилство врз жени
ОД Н. Ч. · 25.11.2014

За 25 проценти е зголемен бројот на пријавени случаи на семејно насилство од почетокот на годината до септември, споредено со истиот период лани, покажуваат податоците на МВР.

Според министерката Гордана Јанкуловска во речиси 2/3 од случаите се работи за телесни повреди, во кои околу 90 проценти од сторители се мажи, а скоро во ист процент жртви се жени.

Според податоците на ООН пак во светски рамки во просек на три жени една е жртва на некаков вид насилство. Податоците покажуваат дека речиси половина од жените убиени во 2012 настрадале од својот партнер или член на семејството. Странските експерти апелираат на обезбедување на поголема правна заштита особено во посиромашните земји.

Само во изминатиот период во Македонија беа евидентирани неколку случаи на семејно насилство, кои беа кобни за животот на припадничките на понежниот пол.

Од почетокот на следната година треба да стапи на сила и новиот закон за заштита од семејно насилство кој се очекува дека ќе ја зголеми свеста кај граѓаните и превентивно ќе делува во оваа област.

Инаку денеска, на Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, почнуваат 16 дена активизам кои завршуваат на 10 декември – Денот на човековите права. Препорака е во сите активности да доминира портокаловата боја, како симболичен знак за единство во борбата за искоренување на сите форми на насилство врз жените и девојчињата. Во Битола, пак, по втор пат се организира акцијата „Порака во кутија“. Граѓаните на собирен пункт пред кафулето Hauz bar можат да оставаат кутии со козметички призводи, средства за хигиена и порака. Кутиите ќе бидат поделени на жени жртви на семејно насилство. Организатори се МАДИ, ФОРУМ 16, Престиж и ЈУ Центар за социјални рабтоти Битола.

http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/за-25-е-зголемен-бројот-на-пријавени-слу/
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.182
Поени од реакции
8.260
Прашање нз како стојат закониве, смее ли татко да си го избрка синот поради лоши односи од својата куќа, има ли права некакви синот или си собираш парталите и си заминуваш?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Прашање нз како стојат закониве, смее ли татко да си го избрка синот поради лоши односи од својата куќа, има ли права некакви синот или си собираш парталите и си заминуваш?
Смее, ако е полнолетен.
 
baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Daaa , jas prijaviv fizucko nasilstvo vrz vnukot od strana na bratucedot koj e u MVR.
I sega se ide na toa da se zatashka.
Deteto go zemaa u socijalno ama NASILNIKOT ke pomine so opomena.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нема полошо од ова....дно дна работава. Нема муда на други надвор, па ајде по линија на помал отпор ќе лечи комплекси по дома. Како би ги мачел оваквите....инквизиција од мрачно доба вода да ми носи.
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
3
Поени од реакции
9
Молам за помош. Се работи за психичко малтретирање од страна на мојата сопруга, која не е започната само сега во време на карантин и сл.него трае подолго време. Најпрво да напоменам дека сме семејство со две малолетни деца, притоа сме интелектуалци со солидна финансиска состојба. Цело време го анализирам проблемот и секогаш во животот најпрво тргнувам од себе, дали кас сум причинителот за постојаните проблеми и недоразбирања. Знам дека ќе ви бидат потребни и двете страни да ги сослушате, и двете страни да ги познавате како личност и биографија за нив, но во случајов не е возможно, сепак барам правна помош и излезна ситуација!!! Најлесно би било развод, но како знаеме најтешко би било за децата. Секогаш сакам компромис и решение, но со оваа личност мислам не е возможно. Пред брак бевме во подолга врска и не знам каде ми беа очите и паметот. Сметам
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026

Каква помош бараш?
Тука има многу кој сами ќе ти удраат сеир и ништо посебно нема да ти кажат, а плус па тоа што ситуацијата е обратна ќе им биде мотив плус да се направат интересни.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Сте разговарале ли околу тоа што те мачи?

Каква помош бараш?
Тука има многу кој сами ќе ти удраат сеир и ништо посебно нема да ти кажат, а плус па тоа што ситуацијата е обратна ќе им биде мотив плус да се направат интересни.
Сместа ќе ги решам таквите, само нека проба некој
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Молам за помош. Се работи за психичко малтретирање од страна на мојата сопруга, која не е започната само сега во време на карантин и сл.него трае подолго време. Најпрво да напоменам дека сме семејство со две малолетни деца, притоа сме интелектуалци со солидна финансиска состојба. Цело време го анализирам проблемот и секогаш во животот најпрво тргнувам од себе, дали кас сум причинителот за постојаните проблеми и недоразбирања. Знам дека ќе ви бидат потребни и двете страни да ги сослушате, и двете страни да ги познавате како личност и биографија за нив, но во случајов не е возможно, сепак барам правна помош и излезна ситуација!!! Најлесно би било развод, но како знаеме најтешко би било за децата. Секогаш сакам компромис и решение, но со оваа личност мислам не е возможно. Пред брак бевме во подолга врска и не знам каде ми беа очите и паметот. Сметам
Сметам... веројатно беше прекинат од сопругата.
Со лесно пријателе.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Еве ти го првиот, сеа очекувај уште неколку шо ако ги набројам ќе изгуби поента темата.Среќа шо Ставро повеќе не е на форумот инаку он свршуваше на вакви теми.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
Молам за помош. Се работи за психичко малтретирање од страна на мојата сопруга, која не е започната само сега во време на карантин и сл.него трае подолго време. Најпрво да напоменам дека сме семејство со две малолетни деца, притоа сме интелектуалци со солидна финансиска состојба. Цело време го анализирам проблемот и секогаш во животот најпрво тргнувам од себе, дали кас сум причинителот за постојаните проблеми и недоразбирања. Знам дека ќе ви бидат потребни и двете страни да ги сослушате, и двете страни да ги познавате како личност и биографија за нив, но во случајов не е возможно, сепак барам правна помош и излезна ситуација!!! Најлесно би било развод, но како знаеме најтешко би било за децата. Секогаш сакам компромис и решение, но со оваа личност мислам не е возможно. Пред брак бевме во подолга врска и не знам каде ми беа очите и паметот. Сметам
Sklepaj uste edno dete, pa mozebi ke ti tekne kaj ti bea ocite.
Ako mozes da mi objasnis malku poveke, kakvo e toa psihicko nasilstvo sto go trpis?!
..I kakva koincidencija, tokmu pred da ja otvoris temata, na vesti kazuvaat za prija veni semejni nasilstva I deka megu niv Ima prijava I od maz kako zrtva....I..op, gledam takva tema:rolleyes:
 
Последно уредено:
Член од
2 мај 2020
Мислења
3
Поени од реакции
9
Sklepaj uste edno dete, pa mozebi ke ti tekne kaj ti bea ocite.
Ako mozes da mi objasnis malku poveke, kakvo e toa psihicko nasilstvo sto go trpis?!
..I kakva koincidencija, tokmu pred da ja otvoris temata, na vesti kazuvaat za prija veni semejni nasilstva I deka megu niv Ima prijava I od maz kako zrtva....I..op, gledam takva tema:rolleyes:
Не треси зелени, каква коинциденција, ни имам пријавено, ни ништо, барам совет и помош, алоо!!

пс
Молам искомплексирани личности да не пишуваат на постов, ова не е поврзано со никаква пријава, читај текст до крај!
Автоматски споено мислење:

Каква помош бараш?
Тука има многу кој сами ќе ти удраат сеир и ништо посебно нема да ти кажат, а плус па тоа што ситуацијата е обратна ќе им биде мотив плус да се направат интересни.
Во право си, потполно. Прв пат пишувам во форум, чисто совет, искиство, но згрешив изгледа. Затворени сме во оваа искомплексирана држава, луѓето се полни со гнев, сеир и омраза, и тоа понатаму само ќе се шири. Како релативно помлад човек побарав помош, но верувам ќе наидам на болни умови, моја грешка, но сепак учиме на грешките.
Сметам дека изгубено време ќе ми биде ова, само ќе си внесам дополнително разочарување од исфрустрирани личности.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Не треси зелени, каква коинциденција, ни имам пријавено, ни ништо, барам совет и помош, алоо!!

пс
Молам искомплексирани личности да не пишуваат на постов, ова не е поврзано со никаква пријава, читај текст до крај!
Па текстот не ти е довршен ... :P

Проблемот е кај ТЕБЕ. После долго време заедно, нормално е да си се опуштил, да си се сконцентрирал кон други работи, а нејзе запоставил.
Почни да се однесуваш како кога сте биле дечко и девојка, а не само компромиси некакви. Биди маж.

Психичко насилство е влезено во законот, побарај си го, ќе најдеш во кој член.

Ако не си трол, тогаш за некоја година или ќе ти прекипе пелцувањето од нејзина страна и ќе ја претепаш, па ќе заглавиш.
Или почни да ја сексаш како луд или барај си адвокат.

Вината е во тебе, таа си е емоционално суштество, не го прави тоа намерно, твое е да бидеш ЛИДЕРОТ, да осети дека си маж (не мислам на ќотек)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Не треси зелени, каква коинциденција, ни имам пријавено, ни ништо, барам совет и помош, алоо!!

пс
Молам искомплексирани личности да не пишуваат на постов, ова не е поврзано со никаква пријава, читај текст до крај!
Развод бе друже што друго.Да ти препорачам да ја тепаш или да и покажеш заби, можеби порано би ти кажал така ама знам дека во брак таков проблем не можеш да решиш поготово не со жена која си дозволила психички да го малтретира својот маж а ете и самиот кажа интелектуалец си а и реално да си бил тип шо тепа жени немало ни да дојде до ова(не го кажувам со омаловажување ама тоа е реално, но ок не можат сите да бидат такви)

Така да развод и тоа е најдобро решение зошто психичкото насилство нема крај, како ќе растат децата ќе ги сврти против тебе, тоа секогаш го прават оние кои не се жртви, преку манипулација и после ќе ти биде уште потешко кога твоите деца нема да те ценат.
Автоматски споено мислење:

Па текстот не ти е довршен ... :P

Проблемот е кај ТЕБЕ. После долго време заедно, нормално е да си се опуштил, да си се сконцентрирал кон други работи, а нејзе запоставил.
Почни да се однесуваш како кога сте биле дечко и девојка, а не само компромиси некакви. Биди маж.

Психичко насилство е влезено во законот, побарај си го, ќе најдеш во кој член.

Ако не си трол, тогаш за некоја година или ќе ти прекипе пелцувањето од нејзина страна и ќе ја претепаш, па ќе заглавиш.
Или почни да ја сексаш како луд или барај си адвокат.

Вината е во тебе, таа си е емоционално суштество, не го прави тоа намерно, твое е да бидеш ЛИДЕРОТ, да осети дека си маж (не мислам на ќотек)
Не се менува тоа на на 34 години.Можеби некој карактерни особини или ставови да ги смениш зависно од дадена ситуација ама во овој случај, не е возможно.Со покажување на сила може само да си направи полошо и психичкото насилство да премине во физичко.Нема ништо пострашно кога жена ќе начека мек маж(па не се навредуј, ништо лошо нема во тоа да си таков само требало да размислиш при избор на жена), потоа и да сака да се промени она ќе пружи поголем отпор и пак ќе биде потиснат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom