Се враќаме месец дена поназад. Одењето на Ф4 е голем залак со македонскиве плати. Но, овојпат решивме дека веќе нема назад, а можеби и нема да имаме ваква шанса. Неколку кајганџии се договориле да одат за Келн, ама не не известиле јавно
Со сплет на околности, дојде информацијата и до останатите Комити кои се членови на форумов, па во 5 за 12, пред да скокнат цените за превоз до небеста, букиравме превоз и смештај.
Само двајца отидовме без карти, потпрени на муабетот дека „лесно се наоѓаат карти пред сала бе брат“.
На летот за Ајндховен, пола авион беше Вардарци, од кои голем број членови на Комити. Екс водачи, меѓу кои и Јохан Тарчуловски, членови на возраст меѓу 20 и 35 години, како и фамилијарни ликови. Неколку пати се распеа песна и во авионот. Во Ајндховен патиштата ни се разделија. Мака измачивме да го стигнеме автобусот за Келн. Ако го утневме, ќе си пукавме во колено, бидејќи дополнително ќе требаше да плаќаме за возови и којзнае кога ќе стигнавме.
На нас двајца што немавме карти ни гореше под нозе. На ништо друго не можев да размислувам, освен тоа дали ќе имаме доволно време да најдеме карти, бидејќи пред сала ќе стигневме најрано во 13 часот во саботата.
Тотално се дезориентирав викендов. Необјасниво
Само што се симнавме од автобусот, истрипав дека сум заборавил ранец во тоалет.
Се направи колона сто луѓе, јас паничам дека ранецот ми е внатре, бидејќи излегов пред 5 минути. Типката што стоеше на наплатното место не разбираше англиски. Па ја викна една ко Вупи Голдберг за да се разбереме. Кренавме паники, ме примија преку ред. И ми вика, what bag, the one on your shoulder?
Во земја пропаднав, ми одеше да се удавам во веце шољата. Не можевме катедралата да ја најдеме од автобуската која се наоѓа до самата катедрала, која пак од месечината можеш да ја видиш. Во Ајндховен изодевме едно 50 километри, ама во радиус од 2 километри. Ти ебам мртвите еднолични улички.
Така изгубени со другаров, тргаме во непозната насока да ја најдеме салата, а другиве кајганџии со набавени карти одат да си ги подигнат картите на раат.
Викам ќе најдеме некои од фановиве на Веспрем и ќе одиме по нив. Се замуабетивме со еден од нив, се качивме во воз накај сала и БИНГО. Типот продава карта. Ама, ја продава за 300 евра, пошто толку ја купил. Курац, њама толку пари. Типов се сожалува дека сме поминале толкав пат и ни ја шитка за 100 евра. Рипаме до небо, уште нетргнати кон сала, а веќе сме нашле една карта. Барем едниот ќе гледа во краен случај.
Пред сала кркљанац. Унгарциве ко мрави, милион луѓе дојдени, подготвени да фрлат цело богатство за карти. Препродавачите препродаваат за минимум 250-300 евра од карта. Со самото тоа што имаше еден куп Полјаци, Унгарци и Македонци, се зголеми побарувачката неколкукратно. Пред сала многу познати фаци од Комити дијаспора, млади дечки. До вчера сме делеле трибина. Се насетуваше дека навивањето ќе го држиме 30-тина помлади членови од Комити, засилени со неколку постари, фановите од дијаспората и сите останати.
Пред сала ечи песна, а ситуацијата се разгорува по почетокот на дуелот Веспрем-Киелце. Во еден локален паб грмиме и ние и Веспремци и Киелце.
Еден час пред натпревар, а ние уште немаме карти. Второ полувреме го гледаме на стрим на мобилен кај 5 навивачи на Киелце кои останале без карти. Ни дадоа пива, се потфативме убаво и кога заврши нивниот дуел се спремивме за офанзива за барање на карти од нив, како губитници од полуфиналето. Навалија едно 200 македонци без карти. Главата не знаеа каде им е кога излегуваа Полјациве. Ама, не се даваат, еден не сакаше да продаде карта.
Го забележав еден дека се двоуми и се пуштив по него. Којзнае колку сум го замарал, пошто не осеќав ради стоте пива што ме задрмаа и типов после 5 минути ми вика, ќе ти шитнав карта која чини 155 евра за 150. Море давај, ме заболе кур за каде е картата.
Ја купувам и се дерам по другаров, КУПИВ КУПИВ.
Влегуваме во сала, а при тоа да се напомене дека со финти и доброто расположение на домаќините, барем 10тина наши членови влегоа муфте. Сепак, голем дел од фановите останаа надвор за полуфиналето.
Сите навивачи на Вардар одиме во делот кој го откупил РК.
Ама, пацерите картите ги продаваа 300 евра и истите си ги купиле некои имотни луѓе.
И сега имаш судир на интереси, ние сакаме да навиваме од први редови, да не сме раштркани во сала, они си платиле да си гледаат.
Нас навивачите не пикнаа во првите два реда, а остатокот остана за нив. Спорен беше третиот ред и нормално баш јас се најдов таму. За малку не се степавме со обична публика. Толку сочни пцовки не сум упатил одамна, да не беа со жена и деца дојдени, сто посто паѓаше тепачка си мажите. За на полувреме да си подадеме рака, да навиваме заедно до крај, да се гушкаме цел турнир <3
Овој проблем РК Вардар мораше да го реши, така што ќе одвои 50-тина карти за членови на Комити кои со свој превоз ќе дојдат во Скопје. Јас гарантирам дека без поддршката од трибините, Вардар никогаш немаше да освои ЛШ.
Доаѓаат редари и замараат да се тргнат тие со карти од други сектори. Никој не ги ебе, во дел за 20 луѓе имаш 70
Се накрца цел сектор, подготвени за грмење.
Сум бил на два Ф4 во женски ракомет, но ова не се споредува со тоа. Иако, организацијата во Будимпешта беше далеку подобра. Почнува најавата на играчите, химната на ЕХФ и почнуваш со скандирање. Ежење.
Прво полувреме не бетонираат. Ми се вртат триста филмови во глава.
На што ги дадовме парите, ол инклузив одмор во Турција ќе истеравме, ти ебам Полјакот што ни шитна карта. Седиме ко потиштени, а на метро од нас 20тина момци фанови на Барса скокаат до небо за време на паузата.
Почнува второ полувреме и викаме ајде барем малку да намалиме. Ајде до 5, ајде до 4.
И кога не напалија играчиве, кога загрмевме, кога ги привлековме и неутралните љубители...
Јас не знам ништо што се случуваше во второ полувреме. Си ја гледам фацата на едно видео со гол од последните минути и сфаќам дека сум во некаква екстаза и умствено не сум присутен таму. Не знам со колку луѓе не се изнагушкав. Дојдоа и Унгарци до нас да навиваат за Вардар. И на крај ја скршивме Барса.
Каков тим сме ние, се враќаме на Барса од -7 со една ебана бековска постава. Криштопанс животињо, што им направи човече. Милосављев се отвори кога највеќе требаше.
Штама во делот кај фановите на Барса, грми цела сала за Вардар. Пута Барса, пута Барса
Делириум на трибини, ама неспоредливо со она што се случуваше надвор пред сала. Мислам дека ни во финале немаше такво славје. Ора, скандирање, пеење, шутки, невидено нешто.
Какво ехо има во тој град човече. Пеевме 7 души, а грми како да се 700.
Вечерта мртви. Изгубени, без некое чувство. Наредниот ден сфаќаме дека играме финале. Мојот скор на Ф4 беше 3, па 2 место. Време беше за прво место и некако сите бевме убедени дека ќе ги згазиме пациентиве.
Преголем притисок имаат да освојат Веспрем, знаев дека ќе изгорат. Пред натпревар гледаме дека се појачале неколкукратно во градот. По слободна проценка беа меѓу 8000-10000 Унгарци. Пред катедралата грмат и они и Киелце. Нашиве беа пред сала, само ние се вртевме тука. Запеавме на крајот и ние, па ни се придружија и Полјаците.
Полјаците беа навивачки настроени, многу појако навиваа од Унгарциве. Овие беа класика пациентела. Штракалата во рака, пушти им музика и да тропаат, гулаш им ебам.
Во сала уште поголем хаос од првиот ден.
Почнува натпреварот, Вардар гази, на наша трибина лудило. Пулсов ми одеше до 300 мислам. Едно време морав да застанам дека страшна болка чувствував кај срцево. Се' што шутнавме влезе во гол. Каков само меч изиграа пикерите. Мораеш колку лобови мавна на турниров, невидено нешто. Дибиров им акна неколку атрактивни голови, а овие изгледа премногу се фокусураа на Кристопанс и заборавија дека не сме таму само поради тоа што зависиме од еден играч. Феноменално прво полувреме, многу наликуваше на она од последниот дуел во Скопје. Тука ме фати малку страв. Се враќа Штербик на гол, игра повреден откако му влегоа со клизач на првиот дуел. Штрлек го менува Декито кој беше прав пацер во прво полувреме. Ненадич воскреснува, почнуваат да ја топат разликата. Си викам само да нема некоја одлука која ќе им ги надрази фановите. И се случи, добија некое сомнително исклучување по кое се напалија сите. Почнаа да ни свират на нападите, да скандираат сите заедно, за прв пат онака не надвикаа јако. На трибини бевме 8000 против 500, ама не се дававме. Само ние навивавме цело време, но вистинско навивање.
Само гледам во часовникот, викам нека поминува времево, ќе умрам веќе. Се одлепуваме одново, полесно се дише, но пак се игра на 1-2-3 разлика. Решавачки момент беше кога Криштопанс им украде една топка во одбрана. Како си ја зграби, ме посети на сепјс џем филмот со Мајкл Џордан и тимот кој доаѓаше од друга планета и им ги исцица моќите на Баркли, Јуинг итн. Немаше назад веќе, не знаете како грмеше шампиони во последните минути.
Почнавме препрано да славиме и за малку ќе ни се удреше во глава, но дојде и последната свирка на сирената.
Скопски Вардар по втор пат е Европски шампион. Делириум, сите скокаат и одат што е можно понапред на трибината. Незаборавно чувство, иако пак ќе повторам дека во полуфиналето некако посебно се осеќав, плачев, се трескав, не знаев каде сум. Овие ептен лесно ги плеснавме некако
(прв дел)