Фан клуб - РК Вардар

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.971
Поени од реакции
84.436
Проблемот со поделбите и причината која имаше доза на политиканство во целиот синоќешен настан не се должи на партиски инструкции, туку како резултат на мерките кои актуелните власти ги имаа изминатиот период кон клубот.

Сетете се веднаш по ЛШ 2017 во каков поход се тргна кон уништување на овој Вардар првенствено директно кон Самсоненко (признале или не, тој е еден од виновниците на издигнувањето на Вардар до ова ниво), а потоа индиректно кон клубот, играчите и навивачите (се сеќавам на статуси од минатата година како тоа било добро што Вардар не ја освоил ЛШ во Келн зошто кој ќе ги трпел ***(низа погрдни зборови)). Потоа следуваше онаа хајка по социјалните медиуми со напади кон нив (раководството и дел од играчите - директно Столе) од организирана страна на раководството и симпатизерите на моменталните власти, па сетете се кога Комити зедоа учество на протестите против промената на името кога им беа уфрлени провокатори за дел од нив да јадат добар ќотек од полицијата и да бидат гонети со кривични (дел уште се по судови), сетете се на Саздо како успешно оваа власт застана за бегството на еден од сторителите, сетете се на хајката кон Стоилов од дел од функционерите, симпатизерите на оваа власт, како и нивната ПР машинерија под нивна контрола...

Дали ќе се согласите или не, моменталните власти направија серија активности кои вродија со гнев кон нив во сите оние кои се поврзани со Вардар и кај оние што сеуште останал сенсот за македонизмот (не зборувам за шовинизам туку кај оние кои што си ја сакаат својата нација, а ги почитуваат и другите) затоа што Вардар е изворот на македонизмот и тоа не од сега, од години наназад е. Сега македонизмот актуелните власти, нивите симпатизери, нивната ПР машинерија го врзуваат со политика, со фашизам, со шовинизам...Не е точно тоа. Македонизмот претставува почитување на македонската нација со сета нејзина вредност од култура, јазик, традиција, историја без никакви негативни погледи кон другите нации.

И на крај лицемерието е огромно кај оние кои до вчера ги вршеа активностите наведени во горниот дел контра Вардар да изразуваат степен на гордеење со Вардар рамо до рамо со сите реално поврзани со клубот. И каков одговор очекуваа од сите реално поврзани со Вардар? Да им скандираат ним и да ги величат само затоа што со НАРОДНИ пари (не од нивни џеб) организираа скромен дочек на дечките кои ја направија цела нација горда.Па Вардар е македонски бренд, кој доаѓа од Скопје и тоа е најмала обврска на градот да направат. Самиот факт што не се дрзна ни премиер, ни претседател, ни функционери од тој блок да се појават меѓу народот и заедно да го слават успехот доволно говори дека и самите знаат дека се непосакувани таму. Да не превземеа репресивни мерки кон клубот и сите негативни активности поврзани кон се што е поврзано со Вардар сиот изминат период од кога се на власт сигурен сум дека вчера ќе гледаваме по социјални медиуми селфиња со играчи, меѓу навивачите како заедно се радуваат на најоглемиот успех на нацијата.

Не е политиката во прашање, туку до обидите да се задуши овој Вардар во целиот изминат период.
Баш ова.

Не паѓајте под пропаганди на владава дека навивање за Македонија и сфаќање на името на државата е политика.

Долги години бевме како ФИРОМ и скандиравме за МКД.

Тоше беше на Евровизија со маички don't you FYROM me и го имаше чкртнато FYR од местото кај што престојуваше.

На секој настан на Македонија (кога за Европа сме биле ФИРОМ) сме пееле за Македонија и никој ништо не рекол.

"Референдумот не успеа!" - Ajde луѓе да не мешаме политика

"Најавија нема промена на име и излажаа!" - Ajde луѓе да не мешаме политика поманато е тоа

"Напред Македонија!" - Ајде луѓе да не мешаме полтика

Република Македонија не е ВМРО. Република Македонија не е СДСМ.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.763
Поени од реакции
12.906
Леле каков куртон народ сме :pos:
Мило ми е што досега немав време да читам по фб и форуми. Абе во келн една секунда не спомнавме политика, заев, груевски курци палци. Тука земале очи си вадат. Вардар е европски шампион они се испотепале. Либерали кринџаат, навионалисти замараат со северџан, албанци кукаат, кретени ја пцујат тамара втф хахахахаха. Абе за всков куртон народ не е успех. За нас само да скапеме у, мувлава тука.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
U sho se pretvori temava...
Е во што се претвори де? Како да е скроз нормална и секојдневна ситуацијата во државава, па ај сега ќе се чудиме што е и како е со некои од реакциите на луѓево. А и не само кај нас, туку и секаде преку спортски настани и навивачи се изкажува незадоволство или критика кон нешто. Ќе разберев да беше подруга ситуацијата или да беа некои апла дневнополитички препукувања, ама вака...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Не знам дали е точно, ама ако е, не е лошо, фино наградени, иако и дупло заслужија дечките.
500 000 евра од Владата, 100 000 од АМС и 100 000 од град Скопје.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Не знам дали е точно, ама ако е, не е лошо, фино наградени, иако и дупло заслужија дечките.
500 000 евра од Владата, 100 000 од АМС и 100 000 од град Скопје.
Плус 500.000 од ЕХФ. А, да... и Неуромедика рече ќе им дала 15.000 евра. :)
 
M

MiniTurtle

Гостин
A znaete li kolku ambulantski vozila mozea da kupat sds so parite sto gi davaat za vardar? Pa so topki li ke se lecat ili so ambulantski vozila koga nedajboze ke im se sluci nesto????ama toa e, severgjani, sekogas na pogresni raboti davaat pari :coffee:
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.434
Поени од реакции
7.428
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Брееееехехехехеххехехеј! ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ПРВАК!

Ау човече, не ми се верува дека го доживеав ова, дека бев присутен на ваков спектакл, дека ги измочавме двата најдобри тимови оваа сезона ко од шала.

Не знам шо да кажам, гласот тек вчера вечер ми се пушти, ова шо се деси е неверојатно, нема екипа шо може да направи ваков успех со овие проблеми што се случуваа оваа сезона.
Нема подобри играчи, подобри другари и подобри луѓе од овие кои не донесоа до лудило овој викенд во Келн, неам коментар едноставно, БРАЌА!

Цел Балкан е обединет и слави за овој Вардар, стварно е штета и срце ме боли што неколку од играчите ќе си одат, а највеќе ми е криво за Игор, значи буквално се надевам дека ќе се врати за 1 година.

Иначе салата у КЕЛН е перверзија, сигурен сум дека нема бољи сала за ваков ф4, прав спектакл.

У кратки црти првиот меч не почна добро, ужас полувреме, нервен слом доживав, искочив на полувреме надвор да пијам пиво и му викам на братот @Mich0MKD да се преместиме од блокот на РК Вардар навивачите пошо имаше по 4 души на 1 седиште и немаше шанси да се вратиме пак кај шо бевме на почеток, отидовме малце погоре, гризавме нокти до 45-та али после почна правиот делириум, урлавме, славевме со скандинавци, Мичо се расправаше со Германец за фаулот кај шо Криштопанс го треснаа од земја, у тие моменти цела сала урлаше заедно со блокот на РК Вардар, сите ги свиреа Барса СЕМКА ИМ ЕБАМ!

Пута Барса, пута Барса!!!!!!!!!!!!

Не ми се верува дека ова се пееше у сред Келн, гледаа шпанците ко мулиња накај нас, абе како се вака, ама зашто сега ова им се деси хахаххахахха


Да ви кажам не ни памтам 70% од утакмицата, фештата продолжи надвор, оро играа со нас овие од Веспрем и Киелце хаххахаххах, да знаеа утре дента шо ги чека немаше здраво да ни кажат.

Сеа за вторава утакмица не спука еуфорија уше од рано сабајле, јадевме нешо и одма на пиво отидовме па потоа накај сала кај шо полека требаше да се пикаме у тоа блокот на РК Вардар пошо тоа е тоа, ние не сме луѓе шо ќе купат карти и нема воопшто да размислуваат дали може да искочи подобра опција, идеме и бараме подобра опција.
Гунгула беше на блокот, 100 луѓе без карта влегоа, со една карта поминуваа по 20 души на контрола пред сала, нема народ шо може вакви дубари да напраи у странство.

Све беше топ, се сместивме одма на исто место, мавај пивчуги, провоцирај го малце Манасков и нормално све мораше да отиде у вода кога брат му на Столе, Стефан Стоилов, реши да изиграва локален шериф и да се заканува по луѓе на трибина дека забите ќе им ги скршел на сите ако го пцуеле Манасков пошо играл за Македонија.
Ја у мој живот неам видено поголем копач на едно метро од мене, прав фраер од Батинци, апсолутна срамота од персона.

Цела утакмица имавме контрола, игравме искусно и скоро перфектно, свој удел имаа и двајцата голмани, Калараш беше врхунац, Карачич цела утакмица се обидуваше по секоја цена титулата да биде наша, Скубе гинеше, Криштопанс изеде ќутек колку едно дете од дом што јаде во својот цел тинејџерски живот, изгина и Шишкарев, Чупиќ ладен ко шприцер, Дибиров далеку подобар од првото поплувреме со Барса.

За крај премногу ми е криво шо пречекот не го фативме ама ова искуство од овој ф4 не би го мењал за ништо, а за вас сите шо пробувате да терате некаква политичка агенда на нешто волку убаво освен хк, пу па и баш неам шо друго да ви кажам.
А и вие експерти за бина, осветлување, диџејување, програми за прослави и све остало дај олабавете, 200% подобра организација од тоа во 2017, не се бламирајте цело време по нет, мал ни е плоштадот и нема шанси сите 100к да се задоволни од све набројано.

Ај зз и чекајте го постот на Коњаникот, таму ќе има све шо ја и другиве шо бевме од форумов сме пропуштиле да кажеме и не сме успеале да го доловиме ко шо знае и умее он.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.763
Поени од реакции
12.906
Во целата оваа партиско дудлачка какафонија заборавивте да пишете дека КриштоФанс ќе остане и следната сезона. Тимур, диско, скубе, кришто, чупиќ/шишкарев, столе е одлична стартна постава. Со малку среќа и погодени засилувања за ширина нана ростер, повторно можеме да одиме на ф4. Купувајте карти уште од сега за да не платите дупло hh.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.343
Поени од реакции
27.927
Не постојат зборови што можат да ја доловат атмосферата од Келн. Толку измешани емоции во ист момент, сум немал. Солзи, смеење, неверување, радост...
Тоа што се дешаваше во сала на трибини, а и на терен е нешто незамисливо, надреално. За вакви приказни, не се прават филмови, ова е научна фантастика што не може ни да се замисли.
Каков спој, каква хемија има меѓу играчите и публиката не знам еве веројатно цел пост ќе го завршам со не знам, и не се ни замислува.

На полувреме со Барселона бевме толку разочарани што не ни се седеше во сала од мака, Вардар беше непрепознатлив. Со форумџии што бевме дискутиравме дека веројатно ќе ни се деси некој опасен дебакл, што ќе биде и срамота да се каже колку завршила утакмицата. Вардар не е Вардар, ако не не демантира. Хаосот што следуваше беше само најава за што ќе се случува во финале. Секоја секунда траеше цела вечност, како се топеше разликата од цела сала што ечеше, сите заќутеа, а нашиот блок грмеше до центар се слушавме :D
На крај на утакмицата, кога добија црвен, па Криштопанс им зема топка и голот на Столе, еве не знам дали некој што беше таму памти што се случуваше, тотален делириум, што би рекол Столе блага ерекција!

Истото и во финалето се случуваше со тоа што на полувреме некои се радуваа, а знам дека можеше истото од Барса да не снајде. На крај се заврши убаво, прославата траеше и после утакмица, и низ град па во хотел.

Не сум играч, ама толку гордо низ град со маица Вардар не сум шетал никогаш. Аплаузи и честитки од сите страни, а ние уште во неверување дека скопски ВАРДАР е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!!!!

На ова што сведочев викендов би продал и кола ако треба за карта да купам и да го гледам Вардар пак во финале. Капа доле момци, амбасадори, херои, јуначишта. Споменик е мала работа да им направиме.

А, до сите што пробувате да го политизирате настанот, дно од луѓе сте. Синчиња педери, ќерки курви и со хемороиди у гз да сте цел живот.

пс.@Клипче у Ајндховен толку се надува што се бркаше со патки, а едно куче му се пушти ко пичка цвикаше.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
A znaete li kolku ambulantski vozila mozea da kupat sds so parite sto gi davaat za vardar? Pa so topki li ke se lecat ili so ambulantski vozila koga nedajboze ke im se sluci nesto????ama toa e, severgjani, sekogas na pogresni raboti davaat pari :coffee:
Тресна глупост и остана жива :)

Ракометариве немаа плата сто години, отидоа со празен џеб и вратија дома ЕВРОПСКА КРУНА. Тамара испотроши унапред 200,000 евра и дојде како седма.

Да не зборам дека појма немаш колку од нив донираат од свој џеб пари по хуманитарни апели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom