Вселенски брод за Марс

  • Креатор на темата Креатор на темата grunff
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 октомври 2018
Мислења
389
Поени од реакции
521
Може ли да се направи со денешнава технологија вселенски брод кој што ќе однесе астронаути на Марс? Невозможна мисија, за секој кој што барем малку од малку го разбира проблемов или има нешто прочитано околу ракетната технологија.
Но не и за ексцентричниот милијардер Елон Маск. Да се разбереме и порано имало разноразни компании кои дури продавале билети за вселенски патувања, MarsOne на пр. а сигурно ги има и други.
Но Маск не би требало да се споредува ваквите, типов pred 17 год. основа компанија буквално од 0(нула) , SpaceX, за сега да го преземе пазарот на лансирање на ракети, за еден месец (27 Мај) закажана е мисијата на ISS со 2-ца американски астронаути што е прва мисија откако е напуштен Спејс шатл проектот. Потоа проектот Старлинк односно сателитски интернет преку мрежа од 12000 сателити , досега се лансирани околу 500 итн.
Како споредба денес во орбитата има вкупно нешто над 2200 активни сателити вкупно, за најразлични намени од сите држави.

Ова со мисијава на Марс е само еден сегмент од новиов вселенски брод, предвидува драстично намалување на цената на лансирање на сателити затоа што Starship нема да биде за еднократна употреба како класичните ракети, ќе слетува назад за потоа повторно да се лансира а ваквата технологија нуди нови можности. Пр. пренесување на патници од еден до друг град на земјава за не повеќе од 40 мин.

За да биде појасно за што зборувам, следново видео.

Starship во мисија на Марс

И не се работи само за замисли и компјутерски симулации, на локација во јужен Таксас почнаа да се градат вакви бродови. За почеток голем успех би бил да ги преживее тестовите на земјата, pressure test, static fire test, итн. па да ја постигне земјината орбита итн.
Од ова што го видов се работи турбо, дури и дел под шатори, изгледа му се брза, не сака да чека прво да се направат објекти од цврста градба.
Можеби овие први примероци наменети за тестирање не влеваат доверба, но овде се збори за сериска изградба на бродови.
Овој сега што се тестира е 4-ти по ред, предходните не го поминаа тестот поради лоши завари или грешки во конструкцијата. Навистина брзо учат и секој нареден изгледа подобар од предходниот.
Сето ова за само неколку месеци, од крајот на минатата година. SN4 се тестира додека истовремено во различни фази на изградба се SN5 и SN6. Целта е да се постигне сериско производство така да излегува еден Старшип на секој 72 саати - 3 дена.

 
Нема да бидам жива за да дочекам да патувам до Марс,оти оваа ракета гарант нема да биде готова за такви патувања уште 30 години минимум.
инаку интересно е, вауу, да патуваш со 27000км брзина на час:vozbud:...само незнам дали човечкиот организам ќе може да издржи, па и самиот пат до Марс е долг, мислам дека имам читано дека се патува едно 5-6 месеци, ако земеме излагање на телото на радијација, губењето на коскена маса....
Убаво велат, патувањето на Марс че биде најопасната мисија што треба да ја направи генерацијата на иднината. Човечкото тело на тоа патување се изложува на голем стрес,и се треба да се смисли најсоврешено за да оди и да се врати успешно на земјата.
 
И шо ке праеме на Марс бузареру? Те ај да кажеме дека може! Земеме карти, укрцаме се у спејс шатло, слетаме на Марс. Ондак - Вучко пита: И шта сад? Облечени у скафандери :нинџ: ќе уживаме у глетката на црвенио песок и ќе се осеќаме како ванземаљци. Пардон! Као ванмарсовци :вонзем:
 
И шо ке праеме на Марс бузареру? Те ај да кажеме дека може! Земеме карти, укрцаме се у спејс шатло, слетаме на Марс. Ондак - Вучко пита: И шта сад? Облечени у скафандери :нинџ: ќе уживаме у глетката на црвенио песок и ќе се осеќаме како ванземаљци. Пардон! Као ванмарсовци :вонзем:
Елон Маск каже - Мaking Humans a Multi-Planetary Species

Но тоа е широка тема и малку подалечна иднина.
За почеток не е лошо да се сконцентрираме на она што е можеби реално можно, нормално ако го биде тој Старшип. Имаш таму видео погоре за патување наместо со авион со тој Старшип за не повеќе од 1 саат, најголем број на дестинации до 30 мин. Или можеби до Месечината повторно. o_O
Само да ја биде новава технологија. Има таму некој Јапонец со кој е закажан лет околу Месечината за 2-3 год, а треба да го придружува уште некој, кој сеуште не е одбран или објавен.
 
Елон Маск каже - Мaking Humans a Multi-Planetary Species

Но тоа е широка тема и малку подалечна иднина.
За почеток не е лошо да се сконцентрираме на она што е можеби реално можно, нормално ако го биде тој Старшип. Имаш таму видео погоре за патување наместо со авион со тој Старшип за не повеќе од 1 саат, најголем број на дестинации до 30 мин. Или можеби до Месечината повторно. o_O
Само да ја биде новава технологија. Има таму некој Јапонец со кој е закажан лет околу Месечината за 2-3 год, а треба да го придружува уште некој, кој сеуште не е одбран или објавен.
Подршка од мене со песната:
 
ubavo napisano i ubavo da procitame i znaeme kade odi narodov
ama znaete li kolku nas narod ovde makedonski se uste vo zivotta ne go videle i nema da go vidat Ohrid,ili kolku lica ima sto ne stapnale vo Skopje.
Ili pak ova deka na mnogumina ziteli na Makedonija letno vreme krajna distanca im e Pcinja ili Velesko ezero ( kako i na mojte vnuci) a ne MARS.
Автоматски споено мислење:

 
Ахх Елон Муск, амалгамација од детска невиност, преголем мозок, амбициозна визија и железна волја со адекватни примеси од ксмет и државна помош. Сепак, навистина се ретки ваквите ликови, во оваа атмосфера на циницизам, песимизам, нарцисизам, брз профит и инстант гратификација.
Иако би сакал ова да се оствари, мислам дека на пост-корона светот нема баш да му биде приоритет екскурзија до Марс кога имаме еден куп проблеми на оваа планета за кои поголемиот дел од населението не се ни свесни дека ги имаме, а поголем дел од свесните незнаат ни како да ги решат...
 
Starship SN4 упспешно е тестиран на притисок на температура на длабоко ладење ткн. cryo pressure test, што е напредок во однос на претхотните прототипови. Во очекување е да започне со монтирање на моторите, најверојатно само за почеток само еден заради ткн static fire (се пали неколку сек. се мерат притисок, темп. проток на гориво). Потоа лансирање на само 150 - 200 метри, па суборбитални и орбитални летови, но за тоа другите прототипови.

PS. Темата е повеќе за новата технологија и нејзините можности, што со неа може да се постигне, а насловот не мора да се свати буквално, најверојатно идејата е маркетинг и подалечна перспектива. За Марс имале идеи и фон Браун, Корољев и Глушко на времето.
(Ова пред се за сите оние кои што читаат само наслови и не ги интересира нешто повеќе, а останатите верувам дека разбраа за што се работи)

3 Раптор мотори спремни за монтажа.
IMG_20200405_024930_1000x.jpg


 
Последно уредено:
После 2 год. да ја воскреснам темава, а има и добар повод. Лансирана е супертешката ракета SLS во мисијата Artemis 1. На врвот на ракетата е бродот Orion кој носи 3 кукли опремени со сензори. Мисијата трае 25 дена и кошта 4,1 милијарди $. За ова време Orion ќе влезе во отбитата околу Месечината.

Целата оваа мисија треба да биде повторена 2024 година (Artemis 2) со , со таа разлика што во Орион ќе има 4-ворица астронаути. Во мисиите кој ќе следат потоа се предвидува слетување на Месечината, изградба на лунарна база и изградба ва вселенска станица во орбитата околу Месечината (Gateway) ...

artemis_i_3_28_22.jpg
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Сите супертешки ракети, пензионирани, сегашни и планирани, споредени спрема нивната носивост во ниска орбита.Super_heavy-lift_launch_vehicles.png
 
Последно уредено:
А да го истражеа прво Антарктикот? До сега никој го нема заобиколено I wonder why? :D
Или не е она што го прикажува Хелиоцентризмот како Антарктик или е премногу илјадници километри широк обрачот... Take a wild guess ;)

Hint: Најди го прво Антарктикот :pos:
Screenshot_2022-11-17-21-25-53-85_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
што ќе истражуваат на месечината, нема никакви корисни периодични елементи, ни таму, ни на марс. Едино надвор од нашиов сончев систем да се бара некој втор дом, да се удомиме и да се испотепаме меѓу себе како што знаеме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom