Вселенски брод за Марс

  • Креатор на темата Креатор на темата grunff
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли да се направи со денешнава технологија вселенски брод кој што ќе однесе астронаути на Марс? Невозможна мисија, за секој кој што барем малку од малку го разбира проблемов или има нешто прочитано околу ракетната технологија.
Но не и за ексцентричниот милијардер Елон Маск. Да се разбереме и порано имало разноразни компании кои дури продавале билети за вселенски патувања, MarsOne на пр. а сигурно ги има и други.
Но Маск не би требало да се споредува ваквите, типов pred 17 год. основа компанија буквално од 0(нула) , SpaceX, за сега да го преземе пазарот на лансирање на ракети, за еден месец (27 Мај) закажана е мисијата на ISS со 2-ца американски астронаути што е прва мисија откако е напуштен Спејс шатл проектот. Потоа проектот Старлинк односно сателитски интернет преку мрежа од 12000 сателити , досега се лансирани околу 500 итн.
Како споредба денес во орбитата има вкупно нешто над 2200 активни сателити вкупно, за најразлични намени од сите држави.

Ова со мисијава на Марс е само еден сегмент од новиов вселенски брод, предвидува драстично намалување на цената на лансирање на сателити затоа што Starship нема да биде за еднократна употреба како класичните ракети, ќе слетува назад за потоа повторно да се лансира а ваквата технологија нуди нови можности. Пр. пренесување на патници од еден до друг град на земјава за не повеќе од 40 мин.

За да биде појасно за што зборувам, следново видео.

Starship во мисија на Марс

И не се работи само за замисли и компјутерски симулации, на локација во јужен Таксас почнаа да се градат вакви бродови. За почеток голем успех би бил да ги преживее тестовите на земјата, pressure test, static fire test, итн. па да ја постигне земјината орбита итн.
Од ова што го видов се работи турбо, дури и дел под шатори, изгледа му се брза, не сака да чека прво да се направат објекти од цврста градба.
Можеби овие први примероци наменети за тестирање не влеваат доверба, но овде се збори за сериска изградба на бродови.
Овој сега што се тестира е 4-ти по ред, предходните не го поминаа тестот поради лоши завари или грешки во конструкцијата. Навистина брзо учат и секој нареден изгледа подобар од предходниот.
Сето ова за само неколку месеци, од крајот на минатата година. SN4 се тестира додека истовремено во различни фази на изградба се SN5 и SN6. Целта е да се постигне сериско производство така да излегува еден Старшип на секој 72 саати - 3 дена.

НЕ
 
Starship + SuperHeavy на лансирната рампа во Boca Chica, Тексас
SSH.png

Во очекување на првото орбитално лансирање на Starship 24 и SuperHeavy Booster 7, да се потсетиме на ланското лансирање на 10км на prototipot na Starhsip, SN15.
 
На Српскиот military форум каде сум член има добра дискусија за ова и не ми е тешко и тука и таму да постирам. Само овде постираат некои со кловновски афинитети, не дека немате соодветни подфоруми како Чек дис аут и Хумор.

Да и дадеме шанса на темава, и во таа насока продолжувам ,со проектот од 60-тите. Може и ќе се јави некој посериозен дикутант.

NERVA е проект на НАСА од 60 - 70 години на минатиот век.Како носач бил предвиден Saturn 5 со нуклеарен 3 степен, oдносно Saturn C-5N.

Целта била мисија на Mарс 1980 или покасно. Откажана е од администрацијата на Никсон 72/73 год. во корист на Спејс Шатлот за кого се сметало дека ќе им биде многу повеќе потребен во контекст на студената војна и трката во вооружување. Сметале дека на проект како Спејс Шатлот може да му се најде воена примена, наместо Сатурн 5 и мисиите на Месечината а подоцна и на Марс. Вселенската програма менува правец за 180 степени, сите актуелни програми врзани за Сатурн 5 се прекинати во корист на финансирање на Спејс Шатл програмата.

Повеќе овде https://en.wikipedia.org/wiki/NERVA

А има и добар документарец од тоа време за проектов.

Целта била мисија на Mарс 1980 или покасно. Откажана е од администрацијата на Никсон 72/73 год.
#Not A Space Agency
Автоматски споено мислење:

Лансирана е супертешката ракета SLS во мисијата Artemis 1.
Screenshot_2022-12-20-20-07-58-45_cbf47468f7ecfbd8ebcc46bf9cc626da.jpg
Автоматски споено мислење:

Мисијата трае 25 дена и кошта 4,1 милијарди $. За ова време Orion ќе влезе во отбитата околу Месечината
Screenshot_2022-12-20-20-17-10-75_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Screenshot_2022-12-20-20-40-41-77_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Последно уредено:
На Српскиот military форум каде сум член има добра дискусија за ова и не ми е тешко и тука и таму да постирам. Само овде постираат некои со кловновски афинитети, не дека немате соодветни подфоруми како Чек дис аут и Хумор.

Да и дадеме шанса на темава, и во таа насока продолжувам ,со проектот од 60-тите. Може и ќе се јави некој посериозен дикутант.

NERVA е проект на НАСА од 60 - 70 години на минатиот век.Како носач бил предвиден Saturn 5 со нуклеарен 3 степен, oдносно Saturn C-5N.

Целта била мисија на Mарс 1980 или покасно. Откажана е од администрацијата на Никсон 72/73 год. во корист на Спејс Шатлот за кого се сметало дека ќе им биде многу повеќе потребен во контекст на студената војна и трката во вооружување. Сметале дека на проект како Спејс Шатлот може да му се најде воена примена, наместо Сатурн 5 и мисиите на Месечината а подоцна и на Марс. Вселенската програма менува правец за 180 степени, сите актуелни програми врзани за Сатурн 5 се прекинати во корист на финансирање на Спејс Шатл програмата.

Повеќе овде https://en.wikipedia.org/wiki/NERVA

А има и добар документарец од тоа време за проектов.

Настрана политики, технологии, поддршки, изводливост и сл. главното прашање е дали проектот би бил финансиски одржлив? Сепак последната фаза, нуклеарниот мотор заедно со корисниот товар би требало да биде лансиран на моќна, огромна ракета, која би била за една употреба. Сатурн 5, како најдобар можеби и единствен кандидат (можеби шатлот подоцна) чинел 1 милијарда по лансирање, можеби повеќе. За одржлива станица на Марс на пример, можеби би биле потребни десетина, па и повеќе лансирања. Веројатно не ни постоеле капацитети кои може да се вклопат со огромните трошоци за такво нешто.
Но и да не била таа целта, да речиме дека би била само една авантура со луѓе до Марс како што било до Месечината.
Претпоставувам дека тука фалеле технологија и истражувања за долготраен престој во вселената. Тоа е период каде сеуште не постои престој на луѓе на подолг рок во вселената (месеци) и тие битни информации ги немале, требало да поминат години за да го усовршат тоа.

Уште тогаш увиделе дека ре-искористувањето на компоненти или цели летала е клучот за постојан човечки престој во вселената и пат кон другите планети, а шатлот бил таа нова технологија која ветувала.
 
Во тоа време НАСА трошела некаде 4 % од федералниот буџет, некоја груба пресметка е денешни 250 милијарди $ годишно. Или денес 10 пати помалку трошат.
Иако е сумата огромна тешко е да се каже дали е доволна. Имало уште многу работа за да стане оперативен проектот.
Ако успеал Нуклеарниот Сатурн 5 би имал носивост од 150 тони, а тоа отвара повеќе можности. Би требало повеќе лансирања и склопување во орбитата на поголема структура (брод) за Марс.
Да малку се знаело за долгогодишен престој во отворена вселена, но и тоа е време кога биле спремни на многу поголеми ризици, дури и жртви. Негде имам прочитано дека постоело уверување на астронаутите за Аполо првата мисија во некои 70% шанси за успешна мисија.
Автоматски споено мислење:

Шатлот , тоа е промашување гледајќи од било кој аспект, цена /ефикасност, безбедност и сигурно ќе имале поголеми успеси да продолжеле со Сатурн 5 и Аполо или некој негов наследник, макар и со намален буџет.
 
А тоа што изјавуваат дека не можат да летаат повисоко од ниската орбита? Како тоа одеднаш го решија проблемот со Ван-Аленови појаси со опасно радиоактивно зрачење? Зошто немаше во живо пренос за летањето и слетувањето на Артемис на месечината? Никсон во 1969 со фиксен телефон од земјата прави контакт со Нил Армстронг кој е на Месечината а мисијата на Артемис да не може да врши директен пренос во живо во 2022-ра година? Како е можно со Аполо 11 да слетаат за 3 дена а на мисијата Артемис и требаа 6 дена за да слетаат на месечината? И кога конечно НАСА, Фејк Икс и останатите вселенски агенции под капата на НАСА конечно ќе признаат дека се до сега лажираа и дека веќе нема да постојат ?
 
Настрана политики, технологии, поддршки, изводливост и сл. главното прашање е дали проектот би бил финансиски одржлив? Сепак последната фаза, нуклеарниот мотор заедно со корисниот товар би требало да биде лансиран на моќна, огромна ракета, која би била за една употреба. Сатурн 5, како најдобар можеби и единствен кандидат (можеби шатлот подоцна) чинел 1 милијарда по лансирање, можеби повеќе. За одржлива станица на Марс на пример, можеби би биле потребни десетина, па и повеќе лансирања. Веројатно не ни постоеле капацитети кои може да се вклопат со огромните трошоци за такво нешто.
Но и да не била таа целта, да речиме дека би била само една авантура со луѓе до Марс како што било до Месечината.
Претпоставувам дека тука фалеле технологија и истражувања за долготраен престој во вселената. Тоа е период каде сеуште не постои престој на луѓе на подолг рок во вселената (месеци) и тие битни информации ги немале, требало да поминат години за да го усовршат тоа.

Уште тогаш увиделе дека ре-искористувањето на компоненти или цели летала е клучот за постојан човечки престој во вселената и пат кон другите планети, а шатлот бил таа нова технологија која ветувала.
@Human Како да им објасниш дека е круша ?
Автоматски споено мислење:

@Red Zurla нели имаш своја тема? Не форсирај дебилни и малоумни пеинт сликички.
Па малоумни дебили како тебе не можат да разберат дека ако на некој не му се обратиш лично и го прозиваш а тој тебе те прозива не само тој што те прозвал е малоумен дебил туку и дегенерик е. Ај сега гитла пошто на игнор си ми :pos:
 
Последно уредено:
Во тоа време НАСА трошела некаде 4 % од федералниот буџет, некоја груба пресметка е денешни 250 милијарди $ годишно. Или денес 10 пати помалку трошат.
Иако е сумата огромна тешко е да се каже дали е доволна. Имало уште многу работа за да стане оперативен проектот.
Ако успеал Нуклеарниот Сатурн 5 би имал носивост од 150 тони, а тоа отвара повеќе можности. Би требало повеќе лансирања и склопување во орбитата на поголема структура (брод) за Марс.
Да малку се знаело за долгогодишен престој во отворена вселена, но и тоа е време кога биле спремни на многу поголеми ризици, дури и жртви. Негде имам прочитано дека постоело уверување на астронаутите за Аполо првата мисија во некои 70% шанси за успешна мисија.
Автоматски споено мислење:

Шатлот , тоа е промашување гледајќи од било кој аспект, цена /ефикасност, безбедност и сигурно ќе имале поголеми успеси да продолжеле со Сатурн 5 и Аполо или некој негов наследник, макар и со намален буџет.
Да, денеска Наса не троши ни пола процент од годишниот буџет.
Но доколку би успеел проектот за нуклеарниот погон, трошоците сеуште ќе биле огромни и ќе можеле да дозволат само една до две лансирања годишно, и тоа би било неодржливо, таквите проекти не би живееле повеќе од 2-3 децении максимум. Огромните трошоци произлегуваат од фактот што Сатурн 5 била потрошлива ракета.
SpaceX (како и останатите компании и агенции), го знаат тоа и затоа и покрај тоа што користат хемиски погон како и сите ракети досега, битно е да се реискористи хардверот иако најголемиот дел од горивото што се користи е за да се лансира повеќе гориво. Но доколку цената е доволно ниска, тоа и не е битно. Ако може годишно да лансираат пример 100 ракети (замислено е многу повеќе) по цена од една Сатурн тогаш тоа е добитна комбинација.

Идејата со шатлот била дека ако се ре-искористува ќе ги намали трошоците. И за тоа биле точни, но испаднало дека бара многу одржување помеѓу 2 лансирања. Настрана тоа што бустерите и главниот резервоар ги исфрлале па требало нови за секоја мисија.
 
SpaceX веќе направи револуција со Falkon 9 , веќе има 59 лансирања оваа год. Е сега да видиме Starship / SuperHeavy како ќе се покаже. Орбиталното лансирање е одложено за наредната година, точен датум нема.

Маск најави 10$ / килограм, ова отвара многу нови можности и тоа ми е поентата на темата. Работи кои биле надвор и од умот може да станат достапни ако овој нов систем профункционира. Што би рекол Маск, авионскиот превоз е евтин затоа што не се авионите за еднократна употреба, истото го ветува и со Starship.

Fc84oXIWQAAvUcZ
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom