Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Скопски маратон одложен за 4 октомври
И се очекуваше, јас мислев ќе го откажат скроз, обично со календарот тешко се наоѓаат термини. Октомври е многу добар период за трчање, али рано е, којзнае и тогаш дали ќе се одржи.
 
Конечно дата каква што прилега за добри времиња. Мај е ужасно топол во Скопје и прави проблем на сите тркачи. Очекувам на оваа рамна стаза во октомври да паѓаат рекорди.
 
Еј немојте многу да се потпирате на вообичаените временски услови за тој и тој месец, пример минатиот мај идеално беше за трчање на Скопски, а важи за маратон со пеколни услови, оваа зима ни з видовме од зима, скоро цело време во плус, снег не видовме. Исто во март, гледам пред некој ден слики таму снег имало пред неколку години, сега со кратки се шетаат луѓе 22 степени беше денес. Така да ништо не е гаранција дека и во октомври нема да пукне 30+ степени и дека ќе е претопло на трката, се е пореметено со климатските промени, на се бидете спремни. Мој совет е да си трчате и на топло и на ладно, да ви е навикнато телото, последно што сакате е шок да доживее токму на трка, бидете спремни на се, а надевајте се на идеално време.
 
Мај правел проблеми, а во октомври пола МКД уште лежи на плажите во грчка. Да не се лажеме почетокот на октомври суштеството знае да биде со температури од 25+ степени
 
Мај правел проблеми, а во октомври пола МКД уште лежи на плажите во грчка. Да не се лажеме почетокот на октомври суштеството знае да биде со температури од 25+ степени
Скопје 10к е почеток на октомври, температурата е бомбона а за шетање и плажи сеа јбг, затоа секој треба да си има периоди. И јас заминав на одмор после Скопје 10к лани, затоа постојат календари :)
 
Скопје 10к е почеток на октомври, температурата е бомбона а за шетање и плажи сеа јбг, затоа секој треба да си има периоди. И јас заминав на одмор после Скопје 10к лани, затоа постојат календари :)
Прво не знам како СЕ УШТЕ ми го корегирало во “суштествено” ама ајде.
Друго мислам дека не ме разбра за плажите, коментарот беше насочен дека и тој период како и почетокот на мај знае да биде доста топол. Не дека луѓето ќе се по одмори па никој нема да трча. Да би требало да биде поубаво за трчање ама последниве години со глобалното затоплување имаат мн сменето
 
Пак ќе кажам, три години уназад Скопје 10к е прв викенд од октомври и времето е таман, во секој случај поладно отколку почеток на мај.
 
И овде да пишам дека посакувам коронава у оптимален рок да се реши и летово да имаме можност да вежбаме. Датата е добра. Може и топличко да биде пак.
2019та на КМТ крај на септември беше невиден пекол.

Деновиве, немојте, седете дома.

Правете чучњеви, стомачни, грбни...не јадете од залихите што ги нагомилавте :D
 
10К е чист пример дека имаше перфектни услови во октомври, и тоа 2 години по ред(колку што памтам јас)
Во мај проблемот е што има пеколни температури а и врне на 2 саата што прави ужасно спарен асфалт
 
Препорачајте некој добри патики за трчање што ги има у Скопје?
 
Препорачајте некој добри патики за трчање што ги има у Скопје?
Буџет? :D има секакви, барем сега има само колку си спремен да одвоиш :)
Ако си почетник ти препорачувам Рибок, имаат евтини модели а квалитетни за трчање (лесен ѓон)
 
Што мислите другари за време на карантин, колку помага јажето во замена за километри, секако јаже за скокање а не за бесење :)
 
Буџет? :D има секакви, барем сега има само колку си спремен да одвоиш :)
Ако си почетник ти препорачувам Рибок, имаат евтини модели а квалитетни за трчање (лесен ѓон)

Трчам по кеј 5км, ништо повеќе од тоа. Да речеме до кај 7-8к буџет? Немам осет за цени зашто немам купувано патики стриктно за трчање до сега.
Каде има Рибок?
 
Трчам по кеј 5км, ништо повеќе од тоа. Да речеме до кај 7-8к буџет? Немам осет за цени зашто немам купувано патики стриктно за трчање до сега.
Каде има Рибок?
Буквално секаде, најевтини засега имам видено во Мегаспорт (Сити Мол и ГТЦ до Ајриш).

Моја препорака, кога веќе имаш поголем буџет, види нешто од следните линкови - Конкретно Winflo 6 си купив јас пред Коронава, два пати истрчав 10ка со нив. Супер се патиките ама во случај да ти менува нешто, ѓонот не е толку респонзивен како на пример Nike Zoom Elite 9, правени се за подолги релации.

Секако зависи и до стапалото, најдобро да си пробаш кои би ти легнале подобро. На сајтов можеш и детална анализа да најдеш за секој можен модел - https://www.solereview.com/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom