Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Препорака за добри патики за трчање некаде до 4к, може и некој постар модел на попуст, а воедно и некоја продавница во Скопје?
 
Немаш гајле :) гарант си поспремен од третина од луѓето што стартаат на помалата :)

Чим се качуваш секој викенд претпоставувам и дека трчаш колку толку, така да немаш гајле ти друже ... цепај слободно

Трчам на рамно, не нагоре сеуште затоа што зима, со опрема, викендиве фатија и снегови горе (мраз) и не е баш сигурно, не сакам да искршам колена (паднав неколку пати). Кога е суво, надоле сум метак, го трчам скоро цело спуштање (освена на карпестите делови).

Фала на совет и охрабрување :)
 
Препорака за добри патики за трчање некаде до 4к, може и некој постар модел на попуст, а воедно и некоја продавница во Скопје?
Сакаш пореспонзивен ѓон или може "помрзлив"? :D респонзивните ѓонови се во патики за до 10км, за 21/42 и long runs се зема подруго. Пиши, па ќе те насочиме :D
 
Сакаш пореспонзивен ѓон или може "помрзлив"? :D респонзивните ѓонови се во патики за до 10км, за 21/42 и long runs се зема подруго. Пиши, па ќе те насочиме :D
Да, би ги користел за пократки патеки, друго да напоменам е дека имам малце поширока нога, ама не премногу, средно би кажал.
 
Зошто го преместија? Башка 13:00, не е веќе ноќен :)
Охрид Трчат е прва недела од јуни, некои настани има во град тој период, жешко време и предложија некои од тркачите порано да е и така :D
 
Трчал некој лани на Водно треилс? Ако да, споделете импресии и што треба да знаат тие што ќе им биде прв пат :D
Може линк од настанов ?! Да видам што е предизвикот
 
Сакам да земам патики за трчање, се двоумам помеѓу овие два модела од адидас questar ride и energyfalcon

Има некој позитивно/негативно искуство од овие модели ?
 
Дечки и покрај тоа што гледам многу луѓе како деновиве одат на трчање, возење точак итн, и ги сметаат тие како безбедни активности, сепак опасност постои, и невозможно е да излезете од дома, да стигнете до кејот, да трчате по бетонот каде што секој со точак може да пролета до вас и случајно да се закашла, или да трчате во тревата каде што рендом тип ќе истрча околу вас бркајќи го кучето кое се стрчало по вас. Да не зборам што баби си шетаат внуци да си искористат сончевото време. Е сега, ми текна една идеја како алтернатива, бидејќи теретаните се затворени сега (би требало да бидат), и не прават никаков профит, некој кој има контакт со некоја теретана може да предложи договор да му се даде на користење лента за трчање дома дур не се смири ситуацијава (односно до повторното отварање на теретаната). Независно дали бесплатно би се договорил, или би се понудил некој месечен рент за лентата пример 1000 денари, би била корисна работа за да се остане активен и да може безбедно да се тренира, така би имале уште една причина да останете дома, и изговор помалку зошто би го напуштиле домот. Транспортот може да е проблем, веројатно со комбе нешто ќе треба, едно излегување плус ќе треба независно од чија страна (дали би подигнале или би ви го донеле), да би се спречиле 50 други излегувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom