- Член од
- 10 септември 2016
- Мислења
- 9.333
- Поени од реакции
- 19.032
Според мое лично мислење океј е на малцинствата да им се даде право на вториот државен канал да имаат еден ден во неделата во одреден термин емисија на нивни јазик, но да има титлован превод и на македонски јазик.Знам порано колку се радуваа баба и дедо кога ја гледаа емисијата на влашки.Не е поентата ние дали сме или не малцинство, секако дека не сме. Во нормална држава на сите државни канали главен јазик ќе беше државниот јазик, во случајов македонскиот. А се останато би одело со dual аудио на други јазици и со преводи на други јазици. Исто така, во нормална држава сите државни канали би ги имало на целата територија и на секој оператор, што не е случај кај нас, на Телекабел сеуште го нема МРТ 4 каналот, а останатите ги има. А Телекабел се користи во пола држава.
Проблемот кај нас е што најголемиот дел од луѓето кои не се Македонци не си ја сакаат државата и тука настанува конфликтот на интереси.Реално ако гледаме волку права малцинствата немаа никаде на светот ама баш никаде но и покрај тоа лани читаав статии кои беа пишувани на порталот МКД.Мк за малцинствата во РМ и ниедно од нив не ја пофали македонската држава туку напротив сеуште се чуствуваат обесправени.
Е сега државата треба да се запраша каде згрешила и на кој пат е тргната ама како шо пишавте да е нормална како што не е.Со такви ставови како шо имаат нашите малцинства не заслужуваат ништо да добијат ама државата ја изгубила таа битка одамна.