Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе пробам да ти објаснам на најдомаќински и најглуп можен начин. Ти искача бубашваба во кујна, зашто ја утепуваш одма? Остави ја да се размножи до 100 бројки за два дена. После од тие 100, ќе имаш 400-500 или можеби и повеќе бубашваби. Као онака океј, шо има везе, инсект е.

Е замисли истото ова, со ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ (од кои 10-20% се потенцијални за под земја). И тоа немаше да биде страшно ако е некој ојле или дојле, а ти си обезбеден заедно со своите најблиски. ПОЕНТАТА е што не знаеш дали ќе те фати тебе,твој близок, а не дај боже да отиде на оној свет.

Се заразуваат постепено, за да се растерети здравствениот систем, кој и така сега изгледа пренатрупан, а не па да се испозаразат сите меѓу себе. Не знам што е толку тешко да се разбере? Очигледно на некој му е побитно да не банкротира, отколку од тие 50.000 заразени (карикирам ќе умрат 500 души во краток период, кои може немало да умрат ако не беше короната) Знаеш ти што е да ставиш 500 души под земја во рамки на една држава како Македонија? ДЕБАКЛ! Бизниси, фамилии тоа све ќе пропаѓа дел по дел.

Ако веќе бирам, бизнисите нека пропаднат овој период, наместо луѓето да отидат јабана :)
Добро и кај мене на етапи имам бубашваби, тепаш не тепаш се множат, побаво-побрзо исто е. Кога ќе решам прскаме, и немаш бубашваби , полагодина-година-две. После пак идат откај комшиите, циклусот пак започнува на ново...

Незнам, не ме разбираш или нарочно пишуваш така. Ќе објаснам на кратко уште еднаш.
Ако да речеме за Македонија, ресурсот на здравството за грип или корона болни е 50000, кога ќе дојдат до 40000 почнуваш со карантин и секакви други мерки. Така или иначе тие ќе си растат со карантин или без до 40000, ако имаш ресурси нема смисол да бавиш. Едино ако за тоа време, градиш болници, обучуваш лекари сестри, чистиш шпиуни...
Тоа се цели науки за доста области. Има една Ентропија /неопределеност/ но е ограничена на една област, има веројатност да ја детерминираш /определиш/ со определена точност, ти можеш и да влијаеш донекаде на неа со смена некој параметри. Ги користат за статистика, моделирање на клима, берзи, х265 кодирање, хемија, физика, популација, војни, може и за епидемии, пандемии.
 
Јкако и да е ја сум сигурен дека нема да има ништо такво, туку дека единственото зголемување ќе им биде ради регистрираните смртни случаи од корона
Епа ај размисли убаво дали ќе нема. Еве пример секоја година до сега во Шведска горе доле има одреден просек на мртви, тука негде се движи бројот. И сеа ти доаѓа короната како нова болест за која се уште нема лек, во меѓувреме Шведска како земја се поставува пасивно и недоговорно према болеста, без рестрикции и слично, сериозно мислиш дека на крајот од годината ист ќе биде бројот на мртвите што не се регистрирани од корона? Јас не би рекол, кога веќе знаеме дека не ги пишуваат ко мртви од корона оние кои се заболени од корона а нерегистрирани во систем.
 

Овој 2 недели бараше од владата да оди Куманово под карантин... :/
Имаа неколку Кумановци на форумов пишано кој дебакл беше носењето на полициски час цел викенд, на 2-3 саати пред да почне полицискиот час во петок. Без никакво претходно известување.
Тогаш се дозаеба и онака лошата состојба у Куманово, ама тоа е.
Уствари чек да не пишам против Филипче и Владава, кој ќе се расправа после.
 
Ако да речеме за Македонија, ресурсот на здравството за грип или корона болни е 50000, кога ќе дојдат до 40000 почнуваш со карантин и секакви други мерки. Така или иначе тие ќе си растат со карантин или без до 40000, ако имаш ресурси нема смисол да бавиш. Едино ако за тоа време, градиш болници, обучуваш лекари сестри, чистиш шпиуни...
Тоа се цели науки за доста области. Има една Ентропија /неопределеност/ но е ограничена на една област, има веројатност да ја детерминираш /определиш/ со определена точност, ти можеш и да влијаеш донекаде на неа со смена некој параметри. Ги користат за статистика, моделирање на клима, берзи, х265 кодирање, хемија, физика, популација, војни, може и за епидемии, пандемии.

Или скратено затоа постојат стручни лица.
 
Епа ај размисли убаво дали ќе нема. Еве пример секоја година до сега во Шведска горе доле има одреден просек на мртви, тука негде се движи бројот. И сеа ти доаѓа короната како нова болест за која се уште нема лек, во меѓувреме Шведска како земја се поставува пасивно и недоговорно према болеста, без рестрикции и слично, сериозно мислиш дека на крајот од годината ист ќе биде бројот на мртвите што не се регистрирани од корона? Јас не би рекол, кога веќе знаеме дека не ги пишуваат ко мртви од корона оние кои се заболени од корона а нерегистрирани во систем.
Проверив, во Шведска годишно умирале околу 90к годишно, досега за 2 месеци во пандемија има 1000 регистрирани и уште барем 1-2к плус скриени, значи уште некој месец додека да си го фатат имунитетот уште толку, тешко е вака да се каже оти ги немам податоците за претходните месеци, ама можеби би било околу 5-10% повеќе без да имаат карантин (значи зборувам за цела година).

Како е во Шпанија, по околу 420к умирања годишно имаат над 19к регистрирани умрени некај 4,5% повеќе најмалку на крајот од годината,
во Италија имало околу 650к умирања, над 21к досега од корона, 3,2% би било повеќе, имајте на ум дека ќе има сигурно уште по некој % повеќе до крајот на годината, а веќе имаат карантин повеќе од месец.

Ќе пробам да најдам поточни податоци за овогодинешните смртни случаи заклучно со март, па пак ќе уклучиме дигитрон.
 
Кажаа ли денеска колку нови случаи има?
 
Се пренесува лесно, ако има што да пренесат.
по таа логика ние не треба да седиме затворени, само оние што има што да пренесат. Да се потсетиме, првите случаи ни беа импортирани. И другите случаи беа пренесени воглавно со контакти меѓу населени места. Зашто ние би биле казнети со уште 30 дена скоро буквален затвор за некои кои не знаат што пренесуваат, а сакаат да уживаат во викендите.
Ако се здрави и поарно им е во куќа со двор отколку во 50 квадрати стан, не знам зошто би било проблем тоа за нас ... И онака не смеат за викенд да шетаат и да контактираат со други
е ај да си правиме бајрам на умот дека отидени кај родители и роднини, отидени за празници, нема да шетаат и да се гоштеваат.
 
Кажаа ли денеска колку нови случаи има?
Според некои медиуми нови 40 во Куманово меѓу кои и градоначалникот. За глобално ниво нема информации, Филипче во карантин, така да може денеска информирањето ќе биде покасно и веројатно без пресконференција.
 
по таа логика ние не треба да седиме затворени, само оние што има што да пренесат. Да се потсетиме, првите случаи ни беа импортирани. И другите случаи беа пренесени воглавно со контакти меѓу населени места. Зашто ние би биле казнети со уште 30 дена скоро буквален затвор за некои кои не знаат што пренесуваат, а сакаат да уживаат во викендите.
е ај да си правиме бајрам на умот дека отидени кај родители и роднини, отидени за празници, нема да шетаат и да се гоштеваат.
ОК, ама муабетот ми е дека не можат да шетаат по гости за време на полициски час, или следи казна, сеедно дали се во станот или во куќата
 
Добро, за пресови и информации, само министерот е вработен во министерство? Шеф на кабинет, лице за односи со јавност, заменици, државни секретари...каде се?
 
 
Добро, за пресови и информации, само министерот е вработен во министерство? Шеф на кабинет, лице за односи со јавност, заменици, државни секретари...каде се?
Не ме изненадува другите да се неспособни/неинформирани како него. (Т.Е. не им е местото таму)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom