Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
По селава и изолирани места почесто врви полиција него низ град.
Имам колега кој живее во село измеѓу Охрид и Струга и на смеење испадна муабетот дека таму се движи полиција на секои десет минути.

Валда така им се правени рутите измеѓу Ох-Ст па минува првин струшка па охридска полиција.
 
Денес дознав дека сопственик на еден скопски локал пред 2 дена доживеал инфаркт и му местеле стент. Не би рекол дека нема врска со целава ситуација и нејќам да бидат скептик ама мислам дека ако потрае карантинов за 3-4 месеци ќе броиме инфаркти на дневно ниво, не заболени од корона.

Пу пу, скраја да е.
 
Добро бе, нема ли министерството лица за односи со јавност? Плус има и заменик министер кој е активен...Не е човек-министерство сепак.
За факинг инфо за новозаболени ќе треба да се чека техничка можност за министерот во самоизолација да ја информира јавноста од дома. Доста е со ефтин ПР и јавно експонирање за билдање на политички поени. Не дека во изминатиов период добивавме којзнае какви информации, поготово кога на серија незгодни прашања, се сведуваше на полудговор...

Стварно, многумина го делат мислењето дека наместо фокусот да биде исклучиво во битката со вирусот и како подобро да се справиме со сите негативни импликации кои ги има истата во општеството, добар дел се фокусираат за јавно рекламирање со допадливи пресови и солење на памет...

Револтиран сум од сознанија дека лица со симптоми кои имале контакт со заразени чекаат денови за да бидат тестирани, а во меѓувреме дел од нив и извршуваат работни активности, додека други чекаат по неколку денови за резултати од истите...важно политичката елита во најкус можен рок се тестира.
 
Црквите денес отворени, редица верници, се служи една иста лажица, свештеникот вели: Од причесна никој не се разболел, причесната лекува.

„Луѓето коишто фрлаат по Бога поготово пред причесната, еве ја носам ова мантија и не можам да си грешам душа колку сакаат нека фрлаат, но Бог е чист и е почист од сите нас. И Бог никојпат не пренесува болести туку лечи болести. Ние 2000 години се лечиме со таа причесна, па сега ќе дојдат да ни кажат они што да правиме со таа причесна? Малку нека се има исаф кога по некого се фрлаат камења,“ изјави Отец Сашко Николовски – Скопска Епархија.


Верниците:
Јас немам проблем со тоа и ниеден верник нема проблем со тоа да се причести со иста лажичка. Секој којшто има познавање од верата знае како да се грижи за својот живот и за животот на другите.“

„Која би била верата наша ако се плашиме ние? Се причестив. Фала му на Бога и слава му!“, велат граѓаните.



Кој им дозволи да го направат ова?
 
Денес дознав дека сопственик на еден скопски локал пред 2 дена доживеал инфаркт и му местеле стент. Не би рекол дека нема врска со целава ситуација и нејќам да бидат скептик ама мислам дека ако потрае карантинов за 3-4 месеци ќе броиме инфаркти на дневно ниво, не заболени од корона.

Пу пу, скраја да е.

Имаш право, обично кај нас инфарктите се толку ретки така да држи....
 
Добро бе, нема ли министерството лица за односи со јавност? Плус има и заменик министер кој е активен...Не е човек-министерство сепак.
За факинг инфо за новозаболени ќе треба да се чека техничка можност за министерот во самоизолација да ја информира јавноста од дома. Доста е со ефтин ПР и јавно експонирање за билдање на политички поени. Не дека во изминатиов период добивавме којзнае какви информации, поготово кога на серија незгодни прашања, се сведуваше на полудговор...

Стварно, многумина го делат мислењето дека наместо фокусот да биде исклучиво во битката со вирусот и како подобро да се справиме со сите негативни импликации кои ги има истата во општеството, добар дел се фокусираат за јавно рекламирање со допадливи пресови и солење на памет...

Револтиран сум од сознанија дека лица со симптоми кои имале контакт со заразени чекаат денови за да бидат тестирани, а во меѓувреме дел од нив и извршуваат работни активности, додека други чекаат по неколку денови за резултати од истите...важно политичката елита во најкус можен рок се тестира.
director, screenwriter, editor and producer: Коста "сегледаменаврвот" Петров...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
 
Имаме карантин, а рушиме рекодри секој нов ден.
Куманово веќе колку, 2 недели е под lockdown и функциионира ли?
 
Пред 2 до 2ипол недели дојдоа 2000 луѓе од странство, ваљда се покажуваат позитивни случаеви од нив баш овој период.
 
Да се направи рандом тест на 500 луѓе мислам дека барем 50 позитивни ќе има, голема е шансата 10% од населениево да има веќе прележано корона.
Месец и кусур сме вака, 2 милиони народ (колку една населба во Кина), да се заангажираа со време да започнат со масовен скрининг до сега пола држава ќе беше тестирана. И на крајот ќе излези дека веќе подолго време е присутен вирусот тука, тестовите ќе покажат >50% позитивни или ќе покажат присуство на антитела (на крај ќе дојди дека веќе имаме колективен имунитет :pos:).
Ама чекај треба уште 30 дена вонредна, има останато уште мед за сркање, со респираторите се среди работата за месец-два тука се, за секој случај да се најдат во иднина, останаа и уште мал милион вакви работи, неможеше да се престигни во 30 дена да се среди се :D
 
Имаме карантин, а рушиме рекодри секој нов ден.
Куманово веќе колку, 2 недели е под lockdown и функциионира ли?
Каков lockdown? Треба целосен lockdown за да превенираш зголемување на бројкиве,вака од 06-16ч секој работен ден повторно има движење,повторно има групирање на луѓе.
Целосниот полициски час за викенд што е само нема некоја голема улога.
 
Дај бе нека биде полицискиот час од 19.

Од кога почнаа со новите мерки уште полошо стана, кај и да отидеш редици и редици, а пред тоа беше побезбедно.
Тоа е тоа што трубам откако го воведоа лудилово во Куманово. Само тука и на твитер луд ме правеа.
Полициски час воведен вака не само што не помага, туку и полошо прави.
 
Колку сме само копито од народ не е возможно. Денес излегов на прошетка низ град, значи прошетка низ улици, на сонце, без групирања, без маркети и банки, никаков контакт со луѓе и она што го видов ме разочара комплетно.

Поголема гужва по улици не сум видел во последниве 5 години, буквално сите семафори беа тотален хаос.
Огромна количина на коли во која што се возеа по 4 или 5 другари (развозуваа)
Сите паркови преплавени со групи од +3 и покрај забраната за движење во паркови и групи со повеќе од 2 личности.
Во строгиот центар собрана група од 10 луѓе кои безгрижно локаа алкохол и си правеа кеиф на душа.

Друштво, џабе си се ебеме во здрав мозок. Џабе толку енергија за почитување на мерки, џабе мерки, џабе се.

Очигледно заслужуваме многу полошо од Коронава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom