Коронавирус (COVID-19)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кривата битно е под контрола, до 2к ќе биде до крајот на април. :tvg::pusigo:
Уште од крај на март кажаа очекуваат до крај на април да е 2к.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568
Ај да ги разгледаме бројките на Шведска

Прегледај го приврзокот 244997

Имаат починати колку во земји кои во моментов бројат по 30.000 заразени отприлика. Или бројките не им се во ред или здравството им е ептен крш. Значи бројкиве на починати од корона се од официјални случаи, а се ми се чини некој на темава стави инфо дека не проверувале присуство на корона после смрт и не го наведувале вирусот ко причина освен ако на починатите од претходно не им било утврдено присуство на вирусот.
Бројот на заболени е тотално небитна бројка, бидејки секоја земја тестира според својот капацитет. Дури и во Германија видовме дека има повеќе заболени од заведените. Бројот на умрени е порелевантна бројка од тоа. И безразлика што наведуваат како причина за смрт моментално, морталитетот во една земја не одстапува многу од година во година. Во превод дури и да ги заведуваат како сакаат сега, ќе имаат драстично необјасниво зголемување на смртноста, ако тоа што го зборите е точно.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.356
Поени од реакции
19.821
Да се направи рандом тест на 500 луѓе мислам дека барем 50 позитивни ќе има, голема е шансата 10% од населениево да има веќе прележано корона.
Во Шпанија гледам синоќа 6500 и згора заболени, си викам ај мајката таман почна да опаѓа бројката од ден во ден, кога отворам вести, читам дека плус 5000 тестови направиле :) ако претходната недела правеле 15 000 сега 20 000 во денот.
Затоа бројките не треба да се земаат здраво за готово, нема тест нема корона :toe:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568
Не дека штелуваат или кријат туку едноставно не го проверуваат секој смртен случај. Јас мислам дека на крај од сето ова, и во Шведска на база на проценки и споредби ќе се дојде до некоја поточна цифра, како и во другите земји. Реално гледано, апсолутно нигде не се знае реалната цифра на заболени и умрени лица...
И ја сметам дека не е реално нигде заведено, меѓутоа тука се збори дека во шведска биле особено неточни. Сигурен сум дека Шведска не прикрива некоја драстична бројка на умрени лица, бидејки нема начин скриеш огромен број на мртви од непбјасниви причини.

Инаку за тестирањето, Филипче кажа дека ќе тестираат рандом во Дебар. Мислам дека тоа е најдобро, одредена бројка да се види колку процентуално го имаат прележано како во Германија што направија во тоа градчето.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.966
Поени од реакции
116.592
Членовите на форумот не се едини луѓе што живеат у шведска. Не знам како може да поверувате дека ги штелуваат бројките. На крај на година ќе им излезе зголемен морталитет, нешто што не моеш да го прикриеш ни у банана земји а не па таму.
И ова потенцијално може да избувне, кога ќе се деси тоа? Прв случај им е крај на јануари и уште не избувнало. И 100 мртви на 10 милиони популација е нормално во оваа ситуација, слободно види во другите земји колку жртви имаат дневно на 1 милион жители
Абе не дека штелуваат, него едноставно не тестираат многу, не ги третираат сите заболени од корона како болни од корона и плус мртвите што имале корона во себе а пред тоа не биле регистрирани како болни од корона ги заведуваат како мртви само, не како мртви а болни од корона. Ти пишуваат повеќе луѓе дека за да те тестираат од корона треба апла влошена да ти е состојбата, со гушење со све, така да огромна е веројатноста да има еден куп болни од корона што седат дома и што не се регистрирани во системот.

Ете на крај на година ќе им покаже повеќе мртви него вообичаените годишни просеци и што? Пак ќе ги боли стапот, си гледаат они економија и слично и мува не ги лази.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.139
Поени од реакции
2.325
Само во Куманово 40 новозаболени вклуително и градоначалникот.А човекот упорно бараше карантин за цела општина.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.816
Поени од реакции
8.645
Од Понеделник Нов Зеланд се враќа во порелакс зона, почнуваат луѓето со работа, школите продолжуваат....
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568
Абе не дека штелуваат, него едноставно не тестираат многу, не ги третираат сите заболени од корона како болни од корона и плус мртвите што имале корона во себе а пред тоа не биле регистрирани како болни од корона ги заведуваат како мртви само, не како мртви а болни од корона. Ти пишуваат повеќе луѓе дека за да те тестираат од корона треба апла влошена да ти е состојбата, со гушење со све, така да огромна е веројатноста да има еден куп болни од корона што седат дома и што не се регистрирани во системот.

Ете на крај на година ќе им покаже повеќе мртви него вообичаените годишни просеци и што? Пак ќе ги боли стапот, си гледаат они економија и слично и мува не ги лази.
Па не нема да ги боли стапот. Бидејки нивната цела стратегија е дека рестриктивните мерки нема да дадат резултат,голема бројка дополнителни мртви ќе покажат дека згрешиле. Можда во некоја банана земја таква грешка ќе пројде онака, ама не и таму. Јкако и да е ја сум сигурен дека нема да има ништо такво, туку дека единственото зголемување ќе им биде ради регистрираните смртни случаи од корона.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Филипче се сликал со донација од Кина во вредност од 30.000 евра, не знам дали е сериозен или ги трола оние што прашуваа зашто не бараме помош од Кина.
На страна ова, пишал и дека очекуваме донација во медицинска опрема која сигурно е повредна од парите зашто не можеш да дојдеш до опрема и да имаш пари.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.325
Поени од реакции
1.871
Колку треба ќе порасне кривата, принудно теориски би можел да ја згасиш како во Кина, но што потоа. Ќе ја изолираш Кина, минираш граници и така до крајот на светот.
Порано можело исто да се дејствува, "за наше добро" за грип А,Б, за рак... Си намалил број на заболени од грип, си дал милиарди да знаеш колку точно се болни, некој 100 годишни што би умреле од грип, не умреле си ги спасил, но ќе умрат другите години од инфаркт...
Си уништиш држава, економија, после гладен пред биро ќе си свиркаш. Догодина пак ќе ти дојде истиот или понова верзија, Ковид, Грип, запек...
Нај добра варијанта е Шведската и Белоруската.
Лукашенко кажа, слободно си работиме, така или иначе заразата се шири, си имаме болници, лекари, ресурси, нема потреба да се сопре цела држава количеството заразени пак ќе нарасне. Што ќе добиеш ако да речеме 50 илјади станат за месец или 5 месеца, само ќе си банкротирал во вторатат варијанта .
А веќе кога ќе е критично, здравствената инфраструктура ти е на 70% полна, фрллаш котва и тогаш пробаш да ја намалиш динамиката. Тогаш има смисол од брутални полициски часови, војна состојба....
Погледнете ги сите графици, освен Кина, со забрана, голема мала, без забрана вирусот расте, разликата е некаде побрзо, некаде побавно. Мислам дека нема потреба ни од масовни тестови ни од било што, кога ќе порасне смртност и здравството почне да се претоварува, тогаш почнуваш да работиш врз кривата.
Како што гледам повеќето држави од страв од шарена револуција, ги слушаат глобалните инструкции за короната. Ставете се во нивна кожа, пред собрание им дојдат НПО-та, убијци, почина татко ми, баба ми... треба да си многу независна држава, без инсталирана пета колона да можеш правилно да од реагираш. Лукашенко го суди само еден шарен за убиството на дедо му, сето тоа е само за надвор, засега внатре нема почва за таква пропаганда.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.482
Поени од реакции
4.647
Што ќе добиеш ако да речеме 50 илјади станат за месец или 5 месеца, само ќе си банкротирал во вторатат варијанта .
Ќе пробам да ти објаснам на најдомаќински и најглуп можен начин. Ти искача бубашваба во кујна, зашто ја утепуваш одма? Остави ја да се размножи до 100 бројки за два дена. После од тие 100, ќе имаш 400-500 или можеби и повеќе бубашваби. Као онака океј, шо има везе, инсект е.

Е замисли истото ова, со ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ (од кои 10-20% се потенцијални за под земја). И тоа немаше да биде страшно ако е некој ојле или дојле, а ти си обезбеден заедно со своите најблиски. ПОЕНТАТА е што не знаеш дали ќе те фати тебе,твој близок, а не дај боже да отиде на оној свет.

Се заразуваат постепено, за да се растерети здравствениот систем, кој и така сега изгледа пренатрупан, а не па да се испозаразат сите меѓу себе. Не знам што е толку тешко да се разбере? Очигледно на некој му е побитно да не банкротира, отколку од тие 50.000 заразени (карикирам ќе умрат 500 души во краток период, кои може немало да умрат ако не беше короната) Знаеш ти што е да ставиш 500 души под земја во рамки на една држава како Македонија? ДЕБАКЛ! Бизниси, фамилии тоа све ќе пропаѓа дел по дел.

Ако веќе бирам, бизнисите нека пропаднат овој период, наместо луѓето да отидат јабана :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
4 мај Германија отвара школи и продавници
Ај па ние на 5 мај :D

Јеп. На тоа мислев кога зборев дека се рашетуваат. Во Скопје или друг поголем град, живеат во станови па се оди до Охрид или на село кај што имаат куќи.
Така лесно се пренесува од место у место.
Се пренесува лесно, ако има што да пренесат. Ако се здрави и поарно им е во куќа со двор отколку во 50 квадрати стан, не знам зошто би било проблем тоа за нас ... И онака не смеат за викенд да шетаат и да контактираат со други
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Како стои работава, ќе се испоразболиме и умреме од еден куп работи, ама ќе се фалиме дека ја преживеавме коронава..

Како беше, само едно нешто е сигурно, на крај сите ќе умреме.. :ROFLMAO:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Колку треба ќе порасне кривата, принудно теориски би можел да ја згасиш како во Кина, но што потоа. Ќе ја изолираш Кина, минираш граници и така до крајот на светот.
Порано можело исто да се дејствува, "за наше добро" за грип А,Б, за рак... Си намалил број на заболени од грип, си дал милиарди да знаеш колку точно се болни, некој 100 годишни што би умреле од грип, не умреле си ги спасил, но ќе умрат другите години од инфаркт...
Си уништиш држава, економија, после гладен пред биро ќе си свиркаш. Догодина пак ќе ти дојде истиот или понова верзија, Ковид, Грип, запек...
Нај добра варијанта е Шведската и Белоруската.
Лукашенко кажа, слободно си работиме, така или иначе заразата се шири, си имаме болници, лекари, ресурси, нема потреба да се сопре цела држава количеството заразени пак ќе нарасне. Што ќе добиеш ако да речеме 50 илјади станат за месец или 5 месеца, само ќе си банкротирал во вторатат варијанта .
А веќе кога ќе е критично, здравствената инфраструктура ти е на 70% полна, фрллаш котва и тогаш пробаш да ја намалиш динамиката. Тогаш има смисол од брутални полициски часови, војна состојба....
Погледнете ги сите графици, освен Кина, со забрана, голема мала, без забрана вирусот расте, разликата е некаде побрзо, некаде побавно. Мислам дека нема потреба ни од масовни тестови ни од било што, кога ќе порасне смртност и здравството почне да се претоварува, тогаш почнуваш да работиш врз кривата.
Како што гледам повеќето држави од страв од шарена револуција, ги слушаат глобалните инструкции за короната. Ставете се во нивна кожа, пред собрание им дојдат НПО-та, убијци, почина татко ми, баба ми... треба да си многу независна држава, без инсталирана пета колона да можеш правилно да од реагираш. Лукашенко го суди само еден шарен за убиството на дедо му, сето тоа е само за надвор, засега внатре нема почва за таква пропаганда.
Море превртлив и на Путин и на Си му сврте грб. Сега на Лукашенко?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom