Коронавирус (COVID-19)

Член од
23 август 2010
Мислења
39.966
Поени од реакции
116.592
Изгледа турциве подобро се справуваат со вирусов,барем спорд бројкиве на табелава!?:cautious:
Друже Ердоган е на власт таму, сериозно бараш реални бројки? :D До средина на март се курчеше како нема ниту еден заболен, па сеа ти види до кое ниво се Турците. А нема потреба да ти напоменувам дека аеродромот во Истанбул е еден од најфреквентните во светот и општо Турција е земја во која циркулираат милиони туристи дневно. Мислам дека и нив допрва ги очекува хаос, нарочито со ифтарот сега, али исто така постои можност братот Ердоган да пикне све под тепих и да не знаеме што точно ќе се дешава. :D
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Некој тука спомнуваше дека може да има компликација и нарушување на здравјето од други болести затоа што се не навремено лекувани, мене пред некој ден ми се деси матичната да не ми даде упат за војна болница за одделение уво, нос и грло со изговор дека сите контроли и прегледи се одложени, за мене и не е толку страшно не е итна работава, но еве бе постарите кои имале правено операции зарем тие ке ги остават на милост и немилост на природата ради тоа што се дигна беспотребна паника, исто така од медиумите прочитав дека болничките капацитетите не се пополнети, па сега како способниот министер Филипче може да ја објасни оваа ситуација.
Со последните мерки забрана за движење во парк и природа го допревме дното.
Абе Пикса, итните и ургентните случаи, хроничните болни и лицата со малигни заболувања не ги враќаат назад. Не разбирам шо ти е муабетот.
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
А кој е проблемот да свртиш круг низ маало/населба? Во нормално општество не би имало проблем нормално ама замисли го градски парк во Скопје во петок/сабота. Само замисли. Овде на форумов 5 души најмалце пишаа дека тетки и чичковци им се групирале пред зграда, камоли во парк што ќе биде.
Razbiram,taka i ke bide ke pominam so nekoe krugce niz maalo samo mi e krivo deka poradi nerazbrani luge mora da trpat site, a tie nerazbranite pak si teraat po svoe i doprinesuvaat za sirenje na virusot
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.694
Поени од реакции
88.680

Овој 2 недели бараше од владата да оди Куманово под карантин... :/
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Охрид моментално е преполн со љуѓе од другите градови.Така да во моментов иако има мал број на заразени се плашам да не не чека кумановско сценарио!Сепак требаше градовите да се изолираат еден од друг.Вака само се додава бензин на огнот!:(
Гледај, да не е дедо ми од 82 години таму и јас без размислување би му ја здувнал. Во Скопје сме 4ца во стан од 55 м2 и тераса од 2м2. Во Охрид имам куќа на 4 спрата со 20тина соби, двор со летниковец и лулашка, скара на отворено, тревник доволно голем за мал фудбал.....па сега ти мисли зошто луѓе одат за Охрид.

Инаку мерка забрана за движење помеѓу општините е многу подобра отколку дебилизмов во полицискиот час. Наместо да пратиме што прават тие што најдобро се справиле со ситуацијата во регионот, ние го следиме примерот на држават која што убедливо најлошо се снајде (Србија). Тоа е затоа што решивме да ја тераме најмрзливата мерка - полициски час во одредени интервали. Или направи ја целосно и затвори се освен клучни индустрии и само да може да се зема преку достава или не воведувај ништо.

Реалноста е дека оваа мерка е тотално промашена затоа што ги тера луѓето на што помала социјална дистанца во часовите кога движењето е дозволено. Пред мерката живо пиле немаше по улиците, сега е хаос невиден. Кај е утре велики петок, па уште и најавена е 4 дневна изолација и работното време е драстично скратено.

Хрватска го помина веќе својот Велигден и се помина во најдобар ред. Иако се блиску до најголемите жаришта во Европа и имаат дневно по десетици илјади луѓе кои одеа кон тие места,ја ставија под контрола заразата и освен неколку старечки домови каде што сега ги откриваат други скоро и да немаат новозаразени. Ама Хрватска не воведе вака мрзливи и дебилни мерки. Забранија групирање на луѓе, забранија работа на угоститлески објекти,нема полициски час, но нема и движење од една општина кон друга без вадење на посебна дозвола online. Дури за празниците ги отворија и пазарите под посебен режим, а на маркетите им наложија зголемено работно време за да не се ствараат гужви.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Јеп. На тоа мислев кога зборев дека се рашетуваат. Во Скопје или друг поголем град, живеат во станови па се оди до Охрид или на село кај што имаат куќи.
Така лесно се пренесува од место у место.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Да се направи рандом тест на 500 луѓе мислам дека барем 50 позитивни ќе има, голема е шансата 10% од населениево да има веќе прележано корона.
Па имаше изјава таква Филипче, дека голема е веројатноста короната да е кај нас многу порано него што си мислиме. Незнам дали има некој нов официјален став по тоа прашање.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.407
Поени од реакции
18.568
Па имаше изјава таква Филипче, дека голема е веројатноста короната да е кај нас многу порано него што си мислиме. Незнам дали има некој нов официјален став по тоа прашање.
Ќе тестираат во Дебар одреден процент од популацијата за да видат колку го имаат прележано.
Автоматски споено мислење:

Епа сеа имаш членови што живеат таму и ти го кажуваат спротивното а ти упорно си запнал за ова што си го пишал. Јасно е дека нигде бројките не се скроз точни, не може сите болни да се тестирани, ама во Шведска апла не се точни бројките поради причините кои ти ги наведов. Еве вчера имаат 100 мртви и 1000 заболени, тоа ако е нормално за тебе тогаш ок, ваљда различна перцепција имаме околу вирусов. А свесен си ваљда пошо немаат рестриктивни мерки дека потенцијално може премногу да избувне ова кај нив, така? Пошо поради немањето мерки за очекување е што повеќе заболени да има и се побрзо и побрзо да се зголемуваат бројките.
Членовите на форумот не се едини луѓе што живеат у шведска. Не знам како може да поверувате дека ги штелуваат бројките. На крај на година ќе им излезе зголемен морталитет, нешто што не моеш да го прикриеш ни у банана земји а не па таму.
И ова потенцијално може да избувне, кога ќе се деси тоа? Прв случај им е крај на јануари и уште не избувнало. И 100 мртви на 10 милиони популација е нормално во оваа ситуација, слободно види во другите земји колку жртви имаат дневно на 1 милион жители.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Ќе тестираат во Дебар одреден процент од популацијата за да видат колку го имаат прележано.
Према зборувањата, треба да се провери Кичево, И генерално треба да се проверат случаи кои во периодот декември-март се пожалиле на грип со потешки симптоми од вообичаените.

Членовите на форумот не се едини луѓе што живеат у шведска. Не знам како може да поверувате дека ги штелуваат бројките. На крај на година ќе им излезе зголемен морталитет, нешто што не моеш да го прикриеш ни у банана земји а не па таму.
И ова потенцијално може да избувне, кога ќе се деси тоа? Прв случај им е крај на јануари и уште не избувнало. И 100 мртви на 10 милиони популација е нормално во оваа ситуација, слободно види во другите земји колку жртви имаат дневно на 1 милион жители.
Не дека штелуваат или кријат туку едноставно не го проверуваат секој смртен случај. Јас мислам дека на крај од сето ова, и во Шведска на база на проценки и споредби ќе се дојде до некоја поточна цифра, како и во другите земји. Реално гледано, апсолутно нигде не се знае реалната цифра на заболени и умрени лица...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Кривата битно е под контрола, до 2к ќе биде до крајот на април. :tvg::pusigo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom