Што ако инсистира СЗО да биде рестрикцијата за Бајрам, односно да трае до тогаш, кога на муслиманите постите им почнуваат од 24-ти април ако не се лажам, а тоа е следната недела. Свесен си ваљда дека ќе има масовно собирање за ифтар, како што си прават и увек они, одат по гости откако ќе зајде сонцето, односно кога ќе можат да јадат. Мислам дека тек допрва не очекува хаос со верскиве празници, мислам дај боже да грешам али познавајќи го народот овде...
Шведска инаку вчера 100 мртви и преку 1000 заболени или лошо чув на вести? Јас мислам дека ептен се коцкаат со животите на многу луѓе, а проблем е што не дај Боже ситуацијата да им излезе од контрола нема тогаш назад, ама ние вака мислевме ние онака, уствари затоа се и рестриктивните мерки насекаде низ светот, за да не излезе срањево од контрола, иако нели во пар земји излезе (Италија, Шпанија). Стварно не сакам да им се деси Италија сценарио, имам роднини таму, а има и дечки од форумов што живеат во Шведска, али дефинитивно премногу лежерно се однесуваат према вирусот што не е фер према граѓаните кои плаќаат даноци и придонесуваат за развој на државата.