Работа на брод

Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Некоја од агенцииве кај нас посредува за Вирџин крузес или само онлајн се аплицира ?
 
Член од
28 јуни 2014
Мислења
720
Поени од реакции
694
Некоја од агенцииве кај нас посредува за Вирџин крузес или само онлајн се аплицира ?
кazanski има напишано на претходната страна дека во Мајоми наскоро ќе прават интервју за Virgin.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Како вие што работите на брод све е ок?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Третирани сме како криминалци, а не како луѓе во изолација: Угро од брод во Франција во карантин во Скопје


По речиси еден месец изолација на бродоградилиште во Сен Назер во Франција, Никола Угриновски-Угро е во Скопје, повторно во изолација.

Угро кој работеше на брод како радиофифузен опаратор, сношти околу 22 часот слета во Скопје со уште 18 членови на екипажот од Македонија. Угро е изреволтиран поради тоа што кога стасале во Скопје, му барале да потпише документ во кој изјавува дека се обврзува да си го плати летот во рок од 15 дена, иако како што ни раскажа, од агенцијата „Коузон“ им било речено дека тие ги покриваат сите трошоци.

„Доцна вчера стасавме во Скопје. Долг пат и големо малтретирање беше тоа, од 6.30 наутро, до 22 часот. Прво тргнавме со автобус од бродоградилиштето во Сен Назер, па на авион од Буве до Скопје. Како што обично бива, а и како што претпоставив, се è килаво и лошо, авионот беше преполн до последно место. Нè присилија да потпишеме владин документ за плаќање, ако воопшто сакаме да излеземе од авионот во Скопје“, ја раскажа Угро својата приказна ексклузивно за Женски магазин.





Документите за кои Угро вели дека бил принуден да ги потпише за да може да излезе од авионот

„Нè третираа како да сме криминалци, а не како луѓе за во карантин“, додава Угро кој не е задоволен зашто во авионот немало никакво социјално дистанцирање.

„Бевме буквално прекрцани до последно место, авионот беше практично вирусна и бактериолоша бомба, мерки никакви. За џабе што од бродот излеговме чисти и по 29 дена карантин и изолација. Сега се наоѓаме во хотел „Ибис“, демек во епицентарот на градот, однадвор сè изгледа океј, а внатре е катастрофа. Исклучени ни се климите и подесени се на некои нивни автоматски сетинзи, таман да цркнеме без воздух. Прозорите се со клуч и само на кипер може да се отворат, нема доволно кислород, а во еков на вирозата тоа е тотално медицински неприфалтливо. Храната е добра, кафе нема ни за лек, на сите страни и на секој спрат има полиција, како да сме криминалци, а не изолирани луѓе. Рака на срце, полицајците секој индивидуално се коректни и културни, ама останува впечатокот дека третманот кон нас е како кон тешки криминалци“, вели Угро кој не е задоволен ниту од односот на вработрените од хотелската рецепција.


Угро со екипажот од бродот пред заминувањето од Франција

„Тие се безобразни и најчесто не ни одговараат воопшто на телефон. Одземени ни се пасошите, фиксниот телефон не функционира во соба, по двајца сме во соба место секој сам, како што наложува изолацијата. Сè на сè, ужас“, вели Угро.

„Останува нејасна улогата на Зоран Кочовски од „Коузон“ во целава сторија“, смета Угриновски.

„ Страдни сме за воздух и за кафе, во соба два на три метра“, додава тој.

Угро за крај ни раскажа дека целта на неговата приказна е да ја крене свеста за здравствената опасност, во која тој и неговите колеги се доведени.



Летот од Буве до Скопје бил преполн

„Целта ми е да кренам врева не само за финансии, туку и за здравствената опасност во која сме доведени поради нашата Влада и Зоран од „Коузон“ кој брзаше што побрзо да заминеме за Македонија, без оглед на состојбата. На нас ни беше добро на брод, како бели мечки бевме заштитени“, ни раскажа Угро и ни ги испрати документите за кои што како што вели, биле принудени да ги потпишат,инаку немало да можат да излеат од авионот.



Последниот месец, Угро на бродот бил префрлен во медицинскиот центар и работел како воено-медицински техничар. На ова место се пријавил доброволно, за да му помогне на екипажот и вели дека капетанот на бродот и целиот екипаж му биле благодарни.


М.Џаровска
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
458
Поени од реакции
486
Што да кажам, не знам. Ова за на бродот како биле заштитени, да, познато ми е. Неколку луѓе со кои сум во контакт се се уште на брод и се Ок, а мерките што ги применуваат таму се стандардни, за било која ситуација, а и екипажот проаѓа низ тренинзи за да има се помалку фрки. И тука си има исклучоци, нормално. Како Ruby Princess.
Се надевам на Угро и компанија ќе им пројде времето побрзо, и ќе можат да направат некаква галама, мое е да споделам на други.
За Коузон од друга страна, ретко да начекам позитивен коментар, и јас имав аплицирано преку нив, у глобала се Ок пројде, имаа пропусти, ама ништо сериозно, или поточно “скоро-до-сериозно“. Ама па од голем дел од бродариве, и тие што одат на Work&Travel преку нив имам чуено епски фејлови за Коузон.
Јебиге, долго време откако ќе стивне ситуацијава ќе се оправат бродските компании, САД забрани крузање во нивните води до Јули некаде ако не се лажам, моментално 7 крузери и 6000 патници се се уште на море. Ројал Карибиан као се грижи за своите вработени, али кога била ситуацијава, имало разглас дека вработените не смеат да снимаат како ги вадат болните од бродот.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Аха можам да замислам како се грижат за вработените.
Автоматски споено мислење:

Ибуброфен за се
Автоматски споено мислење:

Леле што коментирав сега се каам. Овој Угро што напишал не заслужува внимание воопшто. Да ги оставиш, не си се грижел си ги оставил на цедило, да им обезбедиш превоз лошо си организирал. Утре да му се случи нешто таму, таму и ќе остане гробот нема да му се знае, а од тука неговите ќе бараат правда. Море седи таму и ќути.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Стварно малку преку таквото од потресни сведоштва на привилигирани мази што се враќаат со хуманитарни летови, едно чудо статуси се изначитав, и тоа само од богати деца што студираат надовор или општо од луѓе што се сметаат за висока класа. тешко им паднала реалноста и тоа што треба да се мешаат со плебсот :(
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
490
Поени од реакции
933
Не ет проблем и на метро оддалеченост во авионот, нека си платат картите околу нив, и лаааап сакаат метро, две три...цел авион.
Само требет да му текнит (му имат текнато, ама не му се давет шушки.)

:свиркам:
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
313
Поени од реакции
259
Здраво,
Сакам да прашам дали може преку рсбота на брод да мигрираш во САД, дали е изводливо да избегсш од брод и да рсботиш во некоја друга земја.
 
Член од
19 јули 2017
Мислења
10
Поени од реакции
2
Здраво,
Сакам да прашам дали може преку рсбота на брод да мигрираш во САД, дали е изводливо да избегсш од брод и да рсботиш во некоја друга земја.
На брод ти е пасошот, куферот.Може да излезеш и да киднеш ама нема да стигнес далеку без документи и нешо за пресоблакање. :D
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Здраво,
Сакам да прашам дали може преку рсбота на брод да мигрираш во САД, дали е изводливо да избегсш од брод и да рсботиш во некоја друга земја.
Имаше еден од една соседна држава, кој како на филм излезе од бродот во Канада, слушнав дека куферите ги изнел со гостинските на дисембаркејшн во меѓувреме мислам и пасошот бил кај него оти ги даваа за да можат во Канада да излаваат и тој излезе појма немам дали го нашле.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Здраво,
Сакам да прашам дали може преку рсбота на брод да мигрираш во САД, дали е изводливо да избегсш од брод и да рсботиш во некоја друга земја.
На брод ти е пасошот, куферот.Може да излезеш и да киднеш ама нема да стигнес далеку без документи и нешо за пресоблакање. :D
Синот на еден од комшиите мои намерно запиша пост-дипломски студии само за да може по втор пат да замине за САД преку Work & Travel, но овој пат им стави до знаење на неговите да не очекуваат да се врати.

И навистина не се врати, работеше не знам колку години на црно без документи, па потоа кога Доналд Трамп стана претседател на САД во јануари 2017 планираше да се жени за да стекне американско државјанство бидејќи зачестија депортациите на нелегалните имирганти, но во меѓувреме се снашол некако за документи и легален престој во САД - не помнам како, но мислам дека не бидна ништо од планираната венчавка.

Како и да е, поради таквите како него се` потешко ќе се наоѓа работа на брод и општо било какво вработување во САД како последица на неколкумина кои го злоупотребуваат привременото вработување или студирање во странство, бидејќи доволни се неколку пцовисани јаболка за да и` направат лоша репутација на целата кошница, а Доналд Трамп и неговите политики се само неколку од последиците на ваквите постапки на ваквите нелегални имигранти.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Здраво,
Сакам да прашам дали може преку рсбота на брод да мигрираш во САД, дали е изводливо да избегсш од брод и да рсботиш во некоја друга земја.
Али после првиот пат можеш да аплицира и за туристичка виза. Со тоа практично ќе можеш да имаш пристап на копно.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Синот на еден од комшиите мои намерно запиша пост-дипломски студии само за да може по втор пат да замине за САД преку Work & Travel, но овој пат им стави до знаење на неговите да не очекуваат да се врати.

И навистина не се врати, работеше не знам колку години на црно без документи, па потоа кога Доналд Трамп стана претседател на САД во јануари 2017 планираше да се жени за да стекне американско државјанство бидејќи зачестија депортациите на нелегалните имирганти, но во меѓувреме се снашол некако за документи и легален престој во САД - не помнам како, но мислам дека не бидна ништо од планираната венчавка.

Како и да е, поради таквите како него се` потешко ќе се наоѓа работа на брод и општо било какво вработување во САД како последица на неколкумина кои го злоупотребуваат привременото вработување или студирање во странство, бидејќи доволни се неколку пцовисани јаболка за да и` направат лоша репутација на целата кошница, а Доналд Трамп и неговите политики се само неколку од последиците на ваквите постапки на ваквите нелегални имигранти.
Доналд Трамп нема ништо против оние кои влегле легално во Америка, како сите студенти преку Work and Travel, него највеќе на пик му се луѓето кој нелегално влегле во Америка а претежно тоа се јужноамериканците. На него баш и таквите кои се останати преку Work and Travel му одговараат да останат во Америка, тие не се на црно таму без никакви документи или со лажни документации, тие си имаат извадено америчка лична карта преку фејк адреса, си плаќаат регуларно такси месечно и се дур не добијат зелена карта или државјанство нема да можат да добијат некоја работа на повисока функција туку ќе си останат да си работат како келнери, шофери, итн...

Иначе не е точно дека тешко ќе се добива виза за на брод, за на копно можеби, но за на брод побарувачката е се поголема и поголема, некаде прочитав дека од период од 2019 до 2022 се планираат да испловат 78 нови бродови само од амерички портови. Виза за на брод е прелесно да добиеш откако ќе го поминиш интервјуто со компанијата, компанијата ти праќа договор со кој ја обавестува амбасадата дека ти си им потребен таму. Јас кога бев на интервју во агенција ми кажаа дека пролазноста за бродска виза е 99% и јас успеав да добијам виза без проблем иако веќе бев во Америка како студент и имам сестра која е легално веќе 11 години во Америка. После два договори на брод заедно со бродската добив и туристичка виза на 10 години.

За останување во Америка најдобра варијанта ви е да одработите 2-3 договори на брод и имате право да аплицирате за туристичка виза која доколку немаш некое лошо претходно искуство со амбасада би требало без проблем да ја добиеш. Откако ќе имаш туристичка виза можиш да останиш легално 6 месеци во Америка после завршувањето на договорот на бродот. Познавам доста луѓе тука колеги на бродот кој на овој начин се останати во Америка.


Околу тоа што се случува на бродовите... инфо од прва рака, ние сме моментално укотвени некаде близу до Фрипорт, остров на Бахамите и на скоро секои 7-8 дена се враќаме до Мајами да полниме гориво, Мајами е единствен порт отворен тука во околината и дневно има по 5-6 брода укотвено таму. Мојата компанија (Карнивал) веќе не плови повеќе од месец дена, вчера објавија дека официјално до 27 јуни се откажани сите крузеви. Компанијата почна да организира чартер летови за вработените, претежно за филипинци и индонезијци затоа што таму сеуште се отворени аеродромите, се планира на бродот да останат околу 200 вработени а останатите да бидат пратени дома а за оние што не може да се организира лет и се повеќе од 7 месеци на бродот ќе бидат префрлени како гости т.е нема ништо да работат и нема да бидат платени но ќе им биде обезбедено бесплатно храна, бесплатен интернет, итн.. се додека не се отворат аеродромите.

На мојот брод досека нема ниту еден случај на корона вирус но иако нема се превземаат сите мерки кои се препорачани од CDC, ако пријавиш мала настинка или ако ти течи носот веднаш те ставаат 48 саати во изолација. Пред некоја ден повеќе од 5 луѓе во рок од 24 часа пријавија симптоми на настинка и преминавме во наредна фаза а тоа дека не смееме повеќе да излегуваме од собите освен за јадење, но сеуште тоа не е до толку стриктно затоа што како што кажав нема ниту еден случај моментално. При секое излегување од собите мораме да носиме маски, ја затворија теретаната и сите не префрлија во гостински соби, секој сам по сам. Се надевам само дека нема да преминеме во наредна фаза која ќе значи дека нема да смееме воопшто да излегуваме од собите, освен оние кои што треба да одат на работа.

И ако би бирал во ваква ситуација да се вратам дома или да останам тука би одбрал да останам тука затоа што моментално можам да кажам дека делува доста сигурно да си на брод затоа што се превземаат доста мерки, плус имаме бесплатно јадење и сеуште не е до толку стриктно па може да излегуваме на свеж воздух. Затоа и Угро во неговот о интервју изјави дека му било убаво на брод и дека не сакал да се врати назад во Македонија. :) Се надевам дека се ова ќе заврши наскоро затоа што сум скоро 8 месеци на бродот а секој што бил на брод знае какво е чувството после 7 месеци да си сеуште на брод. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom