Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
До кај стаса неолибералниов капитализам, дури и во 1918 година во САД имало повеќе карантин од сега, за време на шпанскиот грип.

Сега ќе се изгубеле трилиони долари, сето нули во некој компјутер, но тоа стана нормално кога единствен квантитативен показател на среќа е станат БДП на една земја.
Не си разбрал, ама нема везе.
 
Не знам каква е ситуацијата со контролите искрено да ти кажам. Ама дека немаме капацитет за поголема бројка на пациенти истовремено да се хоспитализираат, немаме. Да направиме ко шо направија у Шведска па да се доведеме у ситуација лекарите да бираат кој ќе преживи, на клада ќе ги распневме, зашо тоа ќе бидат нечии дедовци, татковци кои немало да бидат соодветно третирани иако цел живот плаќале придонеси.
Ако си читал претходно ја бев против вакви рестриктивни мерки, зашо ќе удри по економијата прво, каква и да е. Ама со наши луѓе се нема разбирање, затоа не цел викенд, цела недела би направил полициски час. Па сите имаат некој у село, ќе се вратат година-две да покопаат некоја нива за да имаат да преживеат па ќе им дојде памет ваљда после.
За старите по селата, ретки се тие кои немаат никој за да ги посети и основни намирници да им однесе. За лекарства мислам дека има мобилни аптеки кои им носат лекарства на луѓе од поодалечени места (бар сум видел како носат у Јеловјане, Старо село у тетовско).
Од сосема друг агол гледаш на работите. Ситуацијата со закажаните прегледи е онаква како што ја опишав. Откажани се.
А за старите по селата... И да имаат некој да ги посети (има и такви кои немаат никого кој е блиску), заради полицискиот час не може. Најчесто ги посетуваат во сабота/недела, кога се слободни, сега ништо од тоа.
За црвениот крст не можам да кажам колку и дали воопшто се агилни. Ама тие да ми носат лекови? Нели требаат рецепти, тие ли ќе ги земат од матичниот па да ми донесат лекови?
 
У моментов освен основните потреби за живот ништо друго не треба да им е приоритет на никого, а не дремење пред банки без никаква дистанца.

Сите кои имаат нешто у село за време на викендот сега се таму кај своите.
Не црвен крст, туку мобилна аптека, ти носат лекарства, даваш рецепт. Од претходно знаат кои лекарства се потребни и ги доставуваат. Ваљда на тој начин функционираат.
 
Зошто младите си заминуваат од Македонија?
Па бидејки не им се на ниво на овие што коментираат они се 10 класи пред нас и знаат кога ќе не чипуваат дури и се потрудија да ни објаснат на нас заостанатите ама џабе.
15e6611cb8f117a1238e4594061c4126.jpg
85800fccb7c9ca56d4144d1e774ec976.jpg

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Точно е дека некои преку викендот дремат по селата кај своите, ама некои не можат да го направат тоа. Ниту во петок имаат време да стасаат до селата, ниту во понеделник имаат време да се вратат на работа.
За црвениот крст не знам како функционира. Најдобро и да не дознаам. Велат дека туѓа рака не може да почеша како својата.
 
Зошто младите си заминуваат од Македонија?
Па бидејки не им се на ниво на овие што коментираат они се 10 класи пред нас и знаат кога ќе не чипуваат дури и се потрудија да ни објаснат на нас заостанатите ама џабе.
15e6611cb8f117a1238e4594061c4126.jpg
85800fccb7c9ca56d4144d1e774ec976.jpg

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk

Секој кој инсталирал Facebook и нонстоп дреми на него, веќе е чипуван.

Facebook не е крив за креирање на вирусов, но дефинитивно е најголем кривец за состојбава во која што се наоѓаме во врска со вирусот.

Ако не го укинат Facebook, не ни бега 1984.
 
А каква е таа глупост, луѓето од дијаспора што пристигнаа со хуманитарните летови освен државниот карантин при пристигање - 14 дена треба + домашна изолација уште 14 дена?
 
имаме доста строг полициски час, како во Србија и +1час...ама кога не е, ете ДЕНЕС групирања, види поред дрвото...
1638116.jpg

Хрватска нема полициски час. еве слики од плажа на Велегден, вчера, недела, а и нема ограничение до 16ч како кај нас, па пак нема групирање...
Излегува дека строгите забрани некогаш и спротивен ефект имаат
175925
 
Немаме ментален склоп, затоа ќе се расправаме по интернет со „човекови права“ и чипувања. Наместо полициски час треба да не' чекаат со пендраци пред врата, буквално пред секој влез и да не' дробат од ќутек, за после да прашуваме дали од фотеља смееме да се преместиме на двосед и обратно.
 
Не така. Да ги едуцираме луѓето, па да ги пуштиме како сакаат. Ако на старите не им се живее, слободно нека се туркаат во банка и нека се групираат по парковите. И младите нека прават собиранки. Секој е господар на своето здравје и на својот живот.

Сакам демократијаааааа!
 
Screenshot_20200413-181354~2.png
Жими се јас мислам дека редно време е да се воведат мерки за ограничување на интернетот, не е можно каков народ ја гази земјата бе, не е можно.
Видете ја сликата хахаха, на пеинт поуба фотомонтажа ќе напраев јас
 
Не така. Да ги едуцираме луѓето, па да ги пуштиме како сакаат. Ако на старите не им се живее, слободно нека се туркаат во банка и нека се групираат по парковите. И младите нека прават собиранки. Секој е господар на своето здравје и на својот живот.

Сакам демократијаааааа!

Демократија во вид на боздоган!
Кажи му со збор, не разбора. Затвори го дома со полициски час, не разбора.
Ќутек и затвор!
 
Јас грешно слушнав или вистина Филипче рече дека ќе праеле скрининг во Дебар да виделе дали луѓето создале имунитет на вирусот? Со 50 заболени од 15 000 жители?
 
А каква е таа глупост, луѓето од дијаспора што пристигнаа со хуманитарните летови освен државниот карантин при пристигање - 14 дена треба + домашна изолација уште 14 дена?
Зошто, што не е во ред со мерката? Кај ќе одиш тие две недели и да не ти ги дадеа во домашна изолација?
 
Полициските часови се добри, ако се почитуваат.
Баш ме интересира колкав е процентот на прекршување на мерките, па да се повторува констатацијата дека не се почитуваат толку често.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom