Не знам каква е ситуацијата со контролите искрено да ти кажам. Ама дека немаме капацитет за поголема бројка на пациенти истовремено да се хоспитализираат, немаме. Да направиме ко шо направија у Шведска па да се доведеме у ситуација лекарите да бираат кој ќе преживи, на клада ќе ги распневме, зашо тоа ќе бидат нечии дедовци, татковци кои немало да бидат соодветно третирани иако цел живот плаќале придонеси.
Ако си читал претходно ја бев против вакви рестриктивни мерки, зашо ќе удри по економијата прво, каква и да е. Ама со наши луѓе се нема разбирање, затоа не цел викенд, цела недела би направил полициски час. Па сите имаат некој у село, ќе се вратат година-две да покопаат некоја нива за да имаат да преживеат па ќе им дојде памет ваљда после.
За старите по селата, ретки се тие кои немаат никој за да ги посети и основни намирници да им однесе. За лекарства мислам дека има мобилни аптеки кои им носат лекарства на луѓе од поодалечени места (бар сум видел како носат у Јеловјане, Старо село у тетовско).