Коронавирус (COVID-19)

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.883
Поени од реакции
42.564
Леле леле што се случува надвор, каква нова година какви пичке материни, во 9 сабајле повеќе гужва има него било кога, пред железарии ред се чека, маркети, аптеки не може да се стигне на ред, евентуално некој поскап, помал дуќан за пазарење. Котраефект предизвика викенд полицискиот час, тридупло се зголемија гужвите.
Автоматски споено мислење:

Цела држава во Охрид ќе дојде за празнициве, градоначалникот беше во право, потенцијална бомба е Охрид, мораше да се реагира тука.
Немој да бидеш drama queen
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.495
Поени од реакции
11.447
Човече шо збораш, кај ги најде 100 000 толку жители немаме во државата хахах.
незнам што се чудиш кога негова прогноза беше дека ке имаме 10.000 умрени од вирусов


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.495
Поени од реакции
11.447
Јули локали? 15 мај веќе ќе почнат полека да се отвараат ама со растојание метар ипол помеѓу масите. Во мај ќе се олабавуваат мерките.
е тоа е проблемот што нема да почитуваат и да разредат маси, памтите на почетокот кога им викаа преку една маса? ама неее пари ке прават па кркљанац беше еден врз друг па нека плачат сега немале пари ке пропаднат


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.495
Поени од реакции
11.447
Ај малку весела математика да видиме колку помага карантинот против корона вирусот

Возрасни групи на жртви во Швајцарија, која еден месец е под карантин

4 жртви меѓу 30-39 години, 1 во 40-49, 19 во 50-59 и најголем дел 188 во 70-79 и 580 во 80+



Во меѓувреме, Шведска месец дена си пичи по старо, сите велат дека покољ доаѓа, крај на светот за Шведска, дај да ги погледнеме старосните групи таму



Горе долу иста слика. 7 жртви под 50 години, најголем дел на 80+

Против што се бориме бе луѓе? Против животниот круг?
проблемот е што швеѓаните и со сите сиптоми не ги тестираат а најмалку па откако ке отидат јабана, ретко кај која земја се точни бројките тоа е факт ама кај швеѓаните ни приближно не се
што повеќе движења тоа поголеми шанси да се заразиш еве и сликовито, едно е ако одиш само на работа а друго е ако послем работа одиш на кафе по продавници у мол итн


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не се тие дебили туку државава и партииве ни се дебилни шо ги толелира дали за гласови или од друг интерес.Па ние веќе со години живееме под уцени и диктат на вакви дебили.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
незнам што се чудиш кога негова прогноза беше дека ке имаме 10.000 умрени од вирусов


Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас не знам што ве збунува бројката и тебе и @cholismo , ако за да стекнеме масовен имунитет вирусот треба да го “прележи” 60-70% од населението, значи 100.000 заразени е потценување на бројката.
Ако во земјава вообичаено има околу 1.5 милион население, еве сега со либерална резерва нека сме 1.7 милиона. 1.700.000*0.6 (минимумот да го ставиме) се добива бројка од 1.020.000 луѓе кои треба да го поминат вирусот за да се стекне т.н. “herd immunity”.
Е сега главното прашање е колку веќе имало заразени а недијагностицирани и колку време ќе треба за вирусот да ја сврти оваа бројка со која би се сметала состојбата за стабилизирана. Така да бројот што го пишува @Coca Cola е далеку под неопходниот кој се проценува како потребен за стабилизација, со тоа што временската рамка не можеме сосема прецизно да процениме како ќе се движи.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Веројатно најдобро е полициски час секој ден од 7 без оваа глупост за викенди....и да забранат групирање по паркови, цркви, џамии.
Заради неодговорни глупаци трпиме сите.
Апсолутно се согласувам со ова. Џабе е и полициски час од 4 и целосна забрана за викенд, кога јас лично за неколку реони на градов можам да кажам дека од понеделник до петок никакви мерки ниту некој почитува, ниту пак има некој да провери дали се почитуваат истите мерки (пример на Јаја Паша, полициска кола дреме на тротоар, на 20 метри од нив 4-5 луѓе дремат на пола метар растојание еден од друг). Што ако приквечер нема жив човек по улициве, кога претпладне бадијалџиите се изнаседеле заедно на секој чекор, плус да ги додадеме гужвите по маркети и слично...
Главната поента е да има контрола над тоа колку секојдневно се почитуваат мерките надвор од полицискиот час, а не попладне и за викенди е забрането се и мирна глава демек, се справивме со проблемот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.126
:(Vo Kina nov bran na zaboleni od korona.
Karantinot ke ni bide, kako mi izgledaat rabotive, nov nacin na ziveenje...taka da luge, naviknuvajte se, podobro e za site.:(
доста бре, само паничиш на темава со секој пост

од 99 у кина, 97 се дојдени од странство, што значи дека тие на нивна територија го контролираат вирусот
 
Член од
7 јули 2019
Мислења
46
Поени од реакции
107
е тоа е проблемот што нема да почитуваат и да разредат маси, памтите на почетокот кога им викаа преку една маса? ама неее пари ке прават па кркљанац беше еден врз друг па нека плачат сега немале пари ке пропаднат


Sent from my iPhone using Tapatalk
Во право си потполно, за жал кај нас нема да се почитува тоа. Ама не можат да остават до јули да трпи ситуацијава според мое мислење.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
проблемот е што швеѓаните и со сите сиптоми не ги тестираат а најмалку па откако ке отидат јабана, ретко кај која земја се точни бројките тоа е факт ама кај швеѓаните ни приближно не се
што повеќе движења тоа поголеми шанси да се заразиш еве и сликовито, едно е ако одиш само на работа а друго е ако послем работа одиш на кафе по продавници у мол итн


Sent from my iPhone using Tapatalk
Братучетка ми е во Шведска во моментов. Ги има сите симптоми веќе две недели, со гушење и силни болки во градите. И го слушнале само дишењето и рекле океј си. Веројатно е короната, ама седи си дома, пиј чаеви и парацетамол. Значи ни на тест не ја пратиле, а се гуши со денови. Ептен ако не ти помагаат медикаменти и се давиш, тогаш те тестираат и ти даваат антибиотици. Нема земање антибиотици на своја рака како во Македонија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
од 99 у кина, 97 се дојдени од странство, што значи дека тие на нивна територија го контролираат вирусот
Тоа беше за сабота.

За недела има 108 случаи, од кои 98 се увезени, значи 10 локални.

Ново жариште е североисточниот регион на Кина, на граница со Русија, каде е почнато со рестриктивни мерки.

Се додека има вирус, постои и можност за повторно појавување, потребен е само мал пропуст.

Или ќе изолираш движење и активности или ќе се соочиш со зголемен број на случаи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.521
Поени од реакции
114.674
Во тој случај ситуацијата ќе беше како во Шведска. А во Шведска е како и во другите држави.
Џабе карантин, нема ефекти. Само уништена економија.
Да, ако се преселеа сите Швеѓани во Македонија и уз пат да земеа на ушка по некоја болница од таму.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.463
Поени од реакции
9.916
Братучетка ми е во Шведска во моментов. Ги има сите симптоми веќе две недели, со гушење и силни болки во градите. И го слушнале само дишењето и рекле океј си. Веројатно е короната, ама седи си дома, пиј чаеви и парацетамол. Значи ни на тест не ја пратиле, а се гуши со денови. Ептен ако не ти помагаат медикаменти и се давиш, тогаш те тестираат и ти даваат антибиотици. Нема земање антибиотици на своја рака како во Македонија.
vo koj grad/region e? napravija dve bolnici na teren, stokholm i geteborg so treba da bidat samo za korona, ama ne se uste pocnati so rabota.

prethodna nedela imaa vo site mediumi deka pointenzivno kje testiraat. ili e epten razlicno od region do region, ili i svedite ne se tolku transparentni ko so se pravat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom