Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Нема потреба да одлучуваш ништо. Само треба да им ја кажеш реалноста на граѓаните, дека мнозинството ќе го фатат вирусот. Се знаеше тоа од моментот коа пукна во Европа. Него како стручно лице сигурно уште појасно му било.

А после тоа нека си спроведува мерки според капацитетот на нашиот здравствен систем.

Кој капацитет, еве и со карантин во местата кај што има заболени медицинскиот персонал е преполовен.

Кој капацитет ќе имаме, м?
 
Па го кажа тоа уште на првите пресови, дека голема е веројатноста голем дел од населението да го прележи во иднина само дека сега се купува време. Не е баш едноставно тоа со херд имјунити, нарочито не за банана земји ко нашата.
 
Кој капацитет, еве и со карантин во местата кај што има заболени медицинскиот персонал е преполовен.

Кој капацитет ќе имаме, м?
Па со оглед на тоа дека им умираат луѓе не прегледани при само 60 хоспитализирани пациенти, многу мал. Ама не знам каква поента има ова со тоа што го пишав. Свесно или несвесно властите створија голема илузија кај граѓаните.
 
Значи ако он бил добар хирург, не значи дека он е добар министер,
ако нема време не мора да одржува прес конференции, дури и тој неписмениот заменик може многу лесно да одговара на прашањата што ги поставуваат уште по неписмените новинари,
дали ти имаш слушнато некој стручен одговор кој не може да го каже било кој друг од владата,
прво соопштува бојки, па новинарите го запрашуваат едно исто, а овој одговара, уште немаме информации, се влошила состојбата ќе видиме подоцн итн.....

Ај да видиме зошто е лош министер, првите неколку дена пробаа да ќарат на респиратори, сега не викам дека он баш сакал да здипли, ама негова е одговорноста и досега требаше да ги разреши тие што мучкале бидејки на сите ни е јасно дека некој ќе профитирал добро.

Да се беше убаво и ептен успешно се справуваа со кризата кога имаше по 2-3 заболени и се тестираше ептен малку, ама по 3 недели кога почнаа да излегуваат новите заболени убавиот мит почна да се руши,
жената во Охрид чекаше 3 саати во комбе и нормално за тоа беше крива директорката и се затвори случајот (којзнае дали и воопшто знаела дека има некој што чекал во комбе), ама по неколку дена истото се случи во Велес, што значи тоа не е кривица на двата директори, туку тоа е кривица на министерството што има издадена наредба да не се примат сомнителни случаеви.

И пази директорот на струшката болница, 3 недели по епидемијава вели дека во иднина ќе се подготвиле да примаат сомнителни случаеви, еј мајката, 3 недели одкако затворија се живо овие уште немаат изготвено протоколи како да третираат заболени од корона, туку ги чекаат да „оздрават“ во комбе.

Знаеме дека докторите немаат никаква опрема, пари дека нема да се купи нешто, ама сега во ваква ситуација нека се скрати од било каде (СЈО го нема, фонд за иновиации, тендери и сл.) и нека се набави таа опрема, во ваква ситуација секој што ќе отиде во болница треба да е сомнителен, гледат дека има многу што лажат, од 500 заболени некај 100 доктори излезеа ми се чини.

И на крај бизнисот со тестови, покрај тоа што тестираат само ако некој е пред умирање (или после умирање), наплаќат и 3 пати поскапо, па уште и се прават паметни дека имале трошоци за лабараторија (истиот тест во Бугарија е 50 евра, кај Жан Митрев 25) и сега одкако Систина и го расипа бизнисот со поефтини тестови почнаа да јадат кнедли.

Едноставно е, Филишче нема капацитет да менаџира криза еден месец е доволно време за подготовка, ама на него му беше поважно секој ден да го има на телевизија.

Не заебавај, како човек ни треба? Менаџер како Тодоров?
 
Па го кажа тоа уште на првите пресови, дека голема е веројатноста голем дел од населението да го прележи во иднина само дека сега се купува време. Не е баш едноставно тоа со херд имјунити, нарочито не за банана земји ко нашата.
Прилично сум сигурен дека имаше изјави кај што кажа нешто сосема различно. Баш ќе ги побарам.
Edit:
Еве го тоа што го зборам. Значи ова било пред 10 дена, не било ни којзнае од коа.
 
Постепено си расте бројката, вчера 55, денес 72 утре 100+ .....
Што е со луѓето како Контраденко, фризерот од Кочани и други кои свесно заразија пола град, ќе кркаат ли казни затвор + години за секој што ќе почине поради нив ? Него се лечело со крвна плазма, ако е ова вистина нека ја најдат Цаца нека и ја исцедат до последна капка и нека почнат да ги лечат луѓево пошто очигледно таа терапија со лекот за маларија и сумамед слабо помага.
прашање е какви се контроли треба да се направат при лечење со туѓа крвна плазма ??? а имаше случај на мини епидемија на хепатит Ц во завод за ортопедија :eek:
 
Прилично сум сигурен дека имаше изјави кај што кажа нешто сосема различно. Баш ќе ги побарам.
Ај баш побарај али по мене џабе ќе бараш затоа што секој можен доктор што излезе на ТВ периодов го кажа истото, дека во иднина вирусов ќе стане ко сеа што викаме еј грип фатив и дека ќе го прележи поголем дел од населението. И пак ќе ти кажам, моделот херд имјунити може на папир делува ко најдобар ама во пракса е многу нефер и по мене себичен.
 
Првата изјава и Втората изјава. Сеа или е до мене или се сменила стратегијата за 10 дена :) Се надевам и некој од новинарите ќе го праша каков е тој херд имјунити со 2000 заболени.
 
Јас само го цитирам нашиот министер, мерките ќе се тргнат при 2 циклуса без заболен, со пик во крај на април(од 2000 заболени). Значи или се лаже себе си или го кажува тоа што граѓаните сакаат да го слушнат. Не знам дали читаш наши коментари на фејсбук, меѓутоа луѓето дефинитовно не планираат да го прележат:D
Не го читам на феjскбук, само гледам броjките што постира,но е наивно да се мисли,дека мерките ке бидат тргнати сите отеднаж.
Поне според мене и тоа што овде ни обеснуват е - прво мора да се стаса пикот, таков ке постои и целта е да го натискаме надоле. Тоа ке породи подолг период и пролонгиране на кризава ,но ке се пробаме да не правим избор коj пациет да умре заштото не може да му се пружи вистинска медицинска помошт. Кога сватиме дека 14 наредни дни имаме намалуване на заразуването, тогава можеме да зборуваме за разлабуване на мерките, но тоа не значи се. Ке има долг период на дистанциране и потежко ке отворат театри, кина и места каде се собират повеке луге.
 
Министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски прецизира дека апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.
Колку нема да функционира ова ѓубре.
 
Ја знам дека тоа наивно, и јасно ми како ќе се одвива. Само кажав тоа што беше кажано од официјалните лица, и е тешка глупост.
 
Еве релевантен стручњак, од земја каде нај успешно се справуваат со Корона, работел и на епидемиите со МЕРС, САРС, Ебола итн.
Не Вело Марковски да го споделувате, да ви објаснува дека овој вирус е од 1965 година само името му е Covid-19 оти е откриен во 2019.

Првата изјава и Втората изјава. Сеа или е до мене или се сменила стратегијата за 10 дена :)
И што е толку различна првата од втората изјава? Нема никаква контрадикторност, во првата кажува дека после два циклуса се стекнува имунитет, а во втората кажува дека вирусот ќе исчезне со "одреден вид" колективен имунитет, што е скоро исто со првото, само јас би рекол апгрејдувано. Убаво ти рече Ригил, тогаш мислам ја спомна и вакцината, ваљда не мислеше на моделот на Шведска каде горе доле се тече како што треба и оставено е на свеста на народот, односно у превод преживува здравиот и младиот, што за мене не е воопшто фер.

А ние нити имаме капацитет од аспект на инфраструктура, нити од аспект на свест кај народот, така да тој модел ќе значи и катаклизма за нас.
 
Министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски прецизира дека апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.
ова уште пред недела мислам во Хрватска го лансираа... но и ова може да има проблем, ако се испразни мобилен, снема мрежа, чаре е лисици на нога со посебен предавател, како за кримоси во куќен притвор ...
Ако потрае оваа работа како што кажуваат и 2 години, ќе треба и секој,
( официално незаразен) граѓанин, да добива на мобилен смс, ВО КОЛКУ сат да иде во продавница, аптека, итн... па и шетање може ама не групирање, значи не во исто време и место сите...
 
И што е толку различна првата од втората изјава? Нема никаква контрадикторност, во првата кажува дека после два циклуса се стекнува имунитет, а во втората кажува дека вирусот ќе исчезне со "одреден вид" колективен имунитет, што е скоро исто со првото, само јас би рекол апгрејдувано. Убаво ти рече Ригил, тогаш мислам ја спомна и вакцината, ваљда не мислеше на моделот на Шведска каде горе доле се тече како што треба и оставено е на свеста на народот, односно у превод преживува здравиот и младиот, што за мене не е воопшто фер.

А ние нити имаме капацитет од аспект на инфраструктура, нити од аспект на свест кај народот, така да тој модел ќе значи и катаклизма за нас.
Ја прочита ли веста уопште, пошто рече дека џабе ќе барам? Првата изјава на Филипче:
Механизмот е тој, да после два циклуси на инкубација, практично сметаме дека вирусот не е никаде околу нас. Тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту на површините.

Втората изјава на филипче:
Корона вирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, во моментот се собираат повеќе податоци, се работи на вакцина, а дотогаш ќе биде присутен.

Како е ова исто? Не кажува дека ќе се стекне имунитет по 2 циклуси, туку дека ќе исчезне ( 2 циклуси без заболен). Како може да се стекне имунитет по 2 циклуси воопшто. Ако не сте забораиле, министерот кажа дека очекува пик од 2000 заболени, а не колективен имунитет. И не знам зашто се надевата на вакцината, не е тоа плукни залепи. Зашто нема вакцина за Хив, ебола и тн.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom