Значи ако он бил добар хирург, не значи дека он е добар министер,
ако нема време не мора да одржува прес конференции, дури и тој неписмениот заменик може многу лесно да одговара на прашањата што ги поставуваат уште по неписмените новинари,
дали ти имаш слушнато некој стручен одговор кој не може да го каже било кој друг од владата,
прво соопштува бојки, па новинарите го запрашуваат едно исто, а овој одговара, уште немаме информации, се влошила состојбата ќе видиме подоцн итн.....
Ај да видиме зошто е лош министер, првите неколку дена пробаа да ќарат на респиратори, сега не викам дека он баш сакал да здипли, ама негова е одговорноста и досега требаше да ги разреши тие што мучкале бидејки на сите ни е јасно дека некој ќе профитирал добро.
Да се беше убаво и ептен успешно се справуваа со кризата кога имаше по 2-3 заболени и се тестираше ептен малку, ама по 3 недели кога почнаа да излегуваат новите заболени убавиот мит почна да се руши,
жената во Охрид чекаше 3 саати во комбе и нормално за тоа беше крива директорката и се затвори случајот (којзнае дали и воопшто знаела дека има некој што чекал во комбе), ама по неколку дена истото се случи во Велес, што значи тоа не е кривица на двата директори, туку тоа е кривица на министерството што има издадена наредба да не се примат сомнителни случаеви.
И пази директорот на струшката болница, 3 недели по епидемијава вели дека во иднина ќе се подготвиле да примаат сомнителни случаеви, еј мајката, 3 недели одкако затворија се живо овие уште немаат изготвено протоколи како да третираат заболени од корона, туку ги чекаат да „оздрават“ во комбе.
Знаеме дека докторите немаат никаква опрема, пари дека нема да се купи нешто, ама сега во ваква ситуација нека се скрати од било каде (СЈО го нема, фонд за иновиации, тендери и сл.) и нека се набави таа опрема, во ваква ситуација секој што ќе отиде во болница треба да е сомнителен, гледат дека има многу што лажат, од 500 заболени некај 100 доктори излезеа ми се чини.
И на крај бизнисот со тестови, покрај тоа што тестираат само ако некој е пред умирање (или после умирање), наплаќат и 3 пати поскапо, па уште и се прават паметни дека имале трошоци за лабараторија (истиот тест во Бугарија е 50 евра, кај Жан Митрев 25) и сега одкако Систина и го расипа бизнисот со поефтини тестови почнаа да јадат кнедли.
Едноставно е, Филишче нема капацитет да менаџира криза еден месец е доволно време за подготовка, ама на него му беше поважно секој ден да го има на телевизија.