Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има 10-15 дена по ред 0-5 случаи на ден, тек тогаш е можда паметно тоа да го применат.
 
Да, се приметува дека има подоста случаи на починати, кои одбиле да ги примат/згрижат, пред тоа, или да ги тестираат. Па, постхумно ги примаат и тестираат.
Автоматски споено мислење:

Колку добар?
Доволно добар, за тоа што ги чека, ако вака лабаво продужат?
Вухан и Италија покажаа дека најверојатно не постои на светов здравствен систем што ќе се носи со вирусов, во услови на тотална општествена разлабавеност, како што е во Шведска.

Мислам дека балканскиве земји бољи пат избраа, не дека се попаметни, него знаат колку им држи газот (т.е. знаат кои се можностите на нивниот здравствен систем). Е сега, колку опстојно ќе идат по тој пат, тоа е друга приказна.
Балканските држави го избраа овој пат зашто народот е убеден дека вирусот ќе се истреби скроз. Тек сеа министерот изјавува нешто што го збпрев пред месец дена, дека евентуално сите ќе мора да го прележиме. Прашање е и во Италија дали прекина да се шири ради мерките, ило едноставно пола земја го прележа.
 
Прашање е и во Италија дали прекина да се шири ради мерките, ило едноставно пола земја го прележа.
Ја мислам дека не е тоа никакво прашање и дека намали да се шири заради мерките.
 
Алсат2020-04-05T13:55:37+02:00

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјава, информираат од министерството за здравство.

По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.
 
Уште коа ги воведоа првите мерки реков дека властите во Македонија и во светот реагираат импулсивно и не знаат кај тераат. Првата изјава на Филипче, мерките ќе бидат тргнати коа ќе имаме 2 циклуса без заболен. Вчера вика вирусот ќе заврши со колективен имунитет. Кој е сега планот?
Автоматски споено мислење:

Ја мислам дека не е тоа никакво прашање и дека намали да се шири заради мерките.
Океј, да не се праам паметен. Ќе видиме какви бројки ќе покаже Шведска без никакви мерки.
 
Рано е за да се размисли на олабување на мерките. Целта треба да биде, секој заболен најмногу по еден друг да заболи. Само така нема да се шири вирусот. А долгорочно таа бројка да падне под 1. Друг параметер е дуплирање на заболените најмалце секој 15 денови.
 
Мислам дека не го разбравте, алудираше на колективен имунитет со вакцина.
Дали е реално при здрав разум дека ќе го држиме карантинов дур не најдат вакцина? Збориме за 1 година минимум.
 
Уште коа ги воведоа првите мерки реков дека властите во Македонија и во светот реагираат импулсивно и не знаат кај тераат. Првата изјава на Филипче, мерките ќе бидат тргнати коа ќе имаме 2 циклуса без заболен. Вчера вика вирусот ќе заврши со колективен имунитет. Кој е сега планот?
Планот се прави на база на претппставки, on fly...

Лесно е да си тренер на телевизор... Еве претпостави си дека имаш моќ да одлучиш, дали ќе имаш храброст да одлучиш така со тежината што ја носи одговорноста на тие чиј живот го ставаш како влог???
 
Планот се прави на база на претппставки, on fly...

Лесно е да си тренер на телевизор... Еве претпостави си дека имаш моќ да одлучиш, дали ќе имаш храброст да одлучиш така со тежината што ја носи одговорноста на тие чиј живот го ставаш како влог???
Нема потреба да одлучуваш ништо. Само треба да им ја кажеш реалноста на граѓаните, дека мнозинството ќе го фатат вирусот. Се знаеше тоа од моментот коа пукна во Европа. Него како стручно лице сигурно уште појасно му било.

А после тоа нека си спроведува мерки според капацитетот на нашиот здравствен систем.
 
- Денешните бројки се многу поголеми од обично, полека се движиме кон пикот на болеста, ги спремаме воената болница и болницата во Битола за прием на поголема бројка на заболени, денеска е ден на прекршување, ќе ревидираме се што сме правеле досега и можно е да ја промениме тактиката.Министерот Венко Филипче со целокупниот свој тим на асистенти и директорите на сите болници на денешниот брифинг со новинарите. Тој закажа прес во 15 часот на кој ќе ги соопшти денешните бројки
 
Сеаа пак ќе ти речат пропаганда е, контра путин, овие се глумци се, ги однесле да ги снимаат таму. :ROFLMAO:
Та пошол ти нахуи с твоими разговорами!
Искрено не е време за политички болни пропаганди! Оди на било кои гробишта и уживај од фактот што толку луѓе умреле, а ти сеуште си жив! Наздравје!
 
Овие во Радовиш биле сите во самоизолација и без никакви симптоми. Сите се заразени од дистрибутер од Куманово за железарија и некои парно производи. После нивно инсистирање ги тестирале, зошто епидемиолозите смтеале дека нема потреба поради тоа што немале симптоми.
Само поголем број на тестотови, сите постари од 60 години при најмал сомнеж да се тестират, и сите други со симптоми. Другите ќе си го прележеме
 
- Денешните бројки се многу поголеми од обично, полека се движиме кон пикот на болеста, ги спремаме воената болница и болницата во Битола за прием на поголема бројка на заболени, денеска е ден на прекршување, ќе ревидираме се што сме правеле досега и можно е да ја промениме тактиката.Министерот Венко Филипче со целокупниот свој тим на асистенти и директорите на сите болници на денешниот брифинг со новинарите. Тој закажа прес во 15 часот на кој ќе ги соопшти денешните бројки
Во каква смисла да се смени тактиката?
 
Не размислуваш дека Филипче е неврохирург и може имал закажана операција вчера или во петокот па на човек не личи, не па уште прес да држи? :)

Кој портпарол да држи прес, оној заменикот негов што се кладам дека ни на албански не знае две реченици да спои, не па на македонски? Во CV колку да има нешто што си ставил "презентација на случај, 2017та"?

Да, има 7 починати и 15 новозаразени од еден град, ако има предлог мерки нека ги каже, ако нема, ќе ги дознаеме нареден пат. Подобро да нема еден ден отколку како во петокот, чекаме резултати момент што за мене не е баш ок.
Итните операции кои се закажани не се одложуваат а реално во неврохирургија, сѐ е итно :D . Знам кружеше слика по нетов како оперира ама таа не беше од сега. Моја другарка лани ја оперираше 5 и пол саати (тој рече да се оперира, другите не се нафаќаа), отиде дома на 2 саати и после се врати пак да ја пази ситуацијата и да тера редовна смена. Од воркохолик фамилија доаѓа, затоа велам дека Филипче како доктор =/= Филипче како министер, не му требаше фаќање на вакви ора (тендери и соучества во глупоштарии).
Значи ако он бил добар хирург, не значи дека он е добар министер,
ако нема време не мора да одржува прес конференции, дури и тој неписмениот заменик може многу лесно да одговара на прашањата што ги поставуваат уште по неписмените новинари,
дали ти имаш слушнато некој стручен одговор кој не може да го каже било кој друг од владата,
прво соопштува бојки, па новинарите го запрашуваат едно исто, а овој одговара, уште немаме информации, се влошила состојбата ќе видиме подоцн итн.....

Ај да видиме зошто е лош министер, првите неколку дена пробаа да ќарат на респиратори, сега не викам дека он баш сакал да здипли, ама негова е одговорноста и досега требаше да ги разреши тие што мучкале бидејки на сите ни е јасно дека некој ќе профитирал добро.

Да се беше убаво и ептен успешно се справуваа со кризата кога имаше по 2-3 заболени и се тестираше ептен малку, ама по 3 недели кога почнаа да излегуваат новите заболени убавиот мит почна да се руши,
жената во Охрид чекаше 3 саати во комбе и нормално за тоа беше крива директорката и се затвори случајот (којзнае дали и воопшто знаела дека има некој што чекал во комбе), ама по неколку дена истото се случи во Велес, што значи тоа не е кривица на двата директори, туку тоа е кривица на министерството што има издадена наредба да не се примат сомнителни случаеви.

И пази директорот на струшката болница, 3 недели по епидемијава вели дека во иднина ќе се подготвиле да примаат сомнителни случаеви, еј мајката, 3 недели одкако затворија се живо овие уште немаат изготвено протоколи како да третираат заболени од корона, туку ги чекаат да „оздрават“ во комбе.

Знаеме дека докторите немаат никаква опрема, пари дека нема да се купи нешто, ама сега во ваква ситуација нека се скрати од било каде (СЈО го нема, фонд за иновиации, тендери и сл.) и нека се набави таа опрема, во ваква ситуација секој што ќе отиде во болница треба да е сомнителен, гледат дека има многу што лажат, од 500 заболени некај 100 доктори излезеа ми се чини.

И на крај бизнисот со тестови, покрај тоа што тестираат само ако некој е пред умирање (или после умирање), наплаќат и 3 пати поскапо, па уште и се прават паметни дека имале трошоци за лабараторија (истиот тест во Бугарија е 50 евра, кај Жан Митрев 25) и сега одкако Систина и го расипа бизнисот со поефтини тестови почнаа да јадат кнедли.

Едноставно е, Филишче нема капацитет да менаџира криза еден месец е доволно време за подготовка, ама на него му беше поважно секој ден да го има на телевизија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom