Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Значи а се спомне,Русија на форумов ко за грло да ве фаќаат.
Повеќе од тебе знам за САД и Русија 100000% пошто и таму и таму имам живеено. т.е живеам.
Кој фраер си бе ти мене дилетант и дечурлаана да ме нарекуваш ??
Aко спомнеш Русија веднаш рипаат со тоталитаризам, диктаторство, алкохолизам, низок морал ( ова ми е најсмешно) и се негативно што некогаш излегло од човештвото, додека западната цивилизација која се заснова на чист интерес и гледање само за свој гас е совршенство ( додека овде повикуваат на солидарност).

Исто и во Србија се дешава со ЕУ дегениве, пишуваа твитови во стилот каде ви е сега братската Русија да ви помогне, иако овие испратија 11 Иљушини со медицински материјал и стручњаци, али нема везе се вергла истото, со што ме наведува се повеќе да мислам дека кркаат некои пари од тие фондови мочани за да шират пропаганда.
 
@gigovit наредно изигрување CSI - бан од тема
Воопшто не е ЦСИ ко што велиш, ова е моментално топ видео кое го постира војс оф америка, раша тудеј, и ќе го споделат уште стотина портали сигурно и наши. Ако го постирав видеото без мој коментар околу него сигурно ќе беше вау супер видео, а вака излегува дека сметам на темата и не сум пожелен ???
 
Воопшто не е ЦСИ ко што велиш, ова е моментално топ видео кое го постира војс оф америка, раша тудеј, и ќе го споделат уште стотина портали сигурно и наши. Ако го постирав видеото без мој коментар околу него сигурно ќе беше вау супер видео, а вака излегува дека сметам на темата и не сум пожелен ???
Отвори си тема Корона превара или како и да е и постирај си во неа како што си имаат за 5G, во оваа такви постови не.
 
Викаш си ја работи и редовната работа?
Не ми се верува на ваков ангажман. Сериозно.
Филипче од денот кога е станат министер работи и оперира на неурохирургија во време на викенд, речиси секој викенд без исклучок. Хирургија е прецизна вештина која бара редовен тренинг за да останеш во форма, после две недели одмор се осеќа последица, а не пак да истераш цел мандат како министер без да фатиш иглодржач у рука. 99% од хирурзите се фанатици, не се седи по 12+ саати потопен у туѓа крв, гомна и без трошка леб заради пари или било што друго.
 
Данска од утре ќе ги намали анти корона мерките, ваљда ќе ги следат Швеѓаните.
 
Tatko mu beše minister...a go smenija po serija javni napadi protiv nego. Glavna meta beše na K-15...lom go pravea. Imaše eden skeč, demek toj razrešen a ovie go nudat na kasting za porno glumec
Najkritikuvaniot minister vo istorijata na Mkd
Inače i tatko mu na Dimitrov beše minister...no za kultura
Lično go podrzuvam Venko ....
Ps.se izvinuvam za of topikot
Не знам зошто не би го поддржувал. Работи главно по упатства на WHO, што се гледа од мерките во земјиве околу нас.
Ресурсите му се тие.
И од дуи и од дпне и од левица, кој сака нека е министер, истите лекари, истите болници ќе бидат.
Треба да се критикува кога праат грешки како карантинот во Куманово. Имаше и многу други. Ама главно кризава ја одбележа несовесност на поединци и непочитување на препораки. Не може министер за здравство да спречуе оние по џамии и по цркви да не одат или бегачине од карантин. Ниту пак да регулира влез и излез во државата. Што може да напраи со разноразни цаци, контри и сите знајни и незнајни што го раширија вирусов од што се себични, неодговорни скотови?

Во времето на Рим, кога се раширил на три континенти, често се случувале упади низ границите и во тоа време на вонредни услови, демократијата била привремено суспендирана, а власта ја преземал еден човек заради подобро справување (менаџирање по модерно) со ситуацијата. Можеби, за памет, не е лошо во вакви услови да се даде законско овластување со поширок обем на министерот за здравство и истиот да има право да регулира во поголем опсег. Тоа се прави во мирнодопски услови, а и којзнае кога следен пат ќе не задеси вакво нешто.
Сепак, клучно по мене, после оваа несреќа е да се преиспита целиот концепт со здравството. На приватните клиники да им се даде сами да си се борат, а не да им се истураат државни пари и да праат двојна наплата, а во прва криза да ги нема нигде. Здравствените работници и без ова, беа понижени, подплатени и отфрлени од државата. Да не зборам за одвојувања и планирања за кризни состојби, на финансиски средства мислам...добар дел од државата е трусно подрачје, транзитна зона на мигранти веќе со години, ете и во Стајковци се случи поплава - како ќе се справуваме со катастрофи од било каков тип, ако немаме луѓе, опрема и залихи од материјали?

Не го амнестирам министерот.
Ќе покаже некој биланс на крај како сме се справиле, ама одговорностите ќе ги поделат повеќе луѓе.
 
Има негде инфо колку луѓе до сеа починаа во изминативе две-три недели поради тоа што не беа примени во болница или нивната состојба не беше разбрана озбилно? Тројца или четворица се само мене што ми текнува.
Иначе вчерашните пет починати не се сите од предходните 24 часа, туку од предхотните 2-3 дена, а објавени беа вчера затоа што се чекале реултати од испитувањата што им ги направиле. Бар така прочитав.
 
Данска од утре ќе ги намали анти корона мерките, ваљда ќе ги следат Швеѓаните.

Па како што викаат дека ќе потрае оваа ситуација и дека вирусот нема да исчезне ни преку лето, а вакцина нема да има уште најмалку 12 месеци, тогаш што да се прави, не може цела Европа да се изолира, нека се изолираат постарите и болните.

Државите како Шведска и Данска веројатно имаат добар здравствен систем, снабдени се со опрема, не мора да се изолираат како нас.
 
Има негде инфо колку луѓе до сеа починаа во изминативе две-три недели поради тоа што не беа примени во болница или нивната состојба не беше разбрана озбилно? Тројца или четворица се само мене што ми текнува.
Иначе вчерашните пет починати не се сите од предходните 24 часа, туку од предхотните 2-3 дена, а објавени беа вчера затоа што се чекале реултати од испитувањата што им ги направиле. Бар така прочитав.
Да, се приметува дека има подоста случаи на починати, кои одбиле да ги примат/згрижат, пред тоа, или да ги тестираат. Па, постхумно ги примаат и тестираат.
Автоматски споено мислење:

Државите како Шведска и Данска веројатно имаат добар здравствен систем, снабдени се со опрема, не мора да се изолираат како нас.
Колку добар?
Доволно добар, за тоа што ги чека, ако вака лабаво продужат?
Вухан и Италија покажаа дека најверојатно не постои на светов здравствен систем што ќе се носи со вирусов, во услови на тотална општествена разлабавеност, како што е во Шведска.

Мислам дека балканскиве земји бољи пат избраа, не дека се попаметни, него знаат колку им држи газот (т.е. знаат кои се можностите на нивниот здравствен систем). Е сега, колку опстојно ќе идат по тој пат, тоа е друга приказна.
 
Значи циганине кај Канал 5 неможе никако да се разбијат.Абе како може вчера 5 пати броев поминаа полициски возила у размах од 2 часа и да видат група 30 души собрани и кур да ги боли.Исто Канал 5 гадовине не им текнува да снимат а пред влезот у телевизија им се,ама па за тоа никој нема да им плати кога ке видиш а тие исклучиво за пари снимаат неправилности.Таму ако букне верувајте никогаш нема да се сопре зашто упорно си одат на гости и дружат со другине од Новоселски.Само да не букне
треба да увеземе полисмени од Индија :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom