Поради ваквите случаи, како жената од Куманово и сега починатиов, сум убеден дека во сите држави многу смртни случаи се препишуваат на Корона, иако не се протврдени со обдукција причините за смртта. Само си билдаат бројка за поголема паника. Кој курац сеа секој смртен случај, без разлика дали се работи за срцев удар, или некоја друга работа, ќе се тестира за Корона, а ако испадне позотевен ќе се препише смртта поради вирусот. Нека прават обдукции, па нека докажат од што настанала смртта.
Во Италија, се утепаа од кукање дека сите капацитети им се полни, болните лежат у ходници, а снимката од болницата во Болоња покажува нешто сосема друго. Зјае празна.
Во Англија видеото со докторите што ги известуваат станарите дека човек од нивната зграда умрел од Корона, а луѓево го виделе човекот 5-10 минути предходно, како збори и оди со двајца полицајци, во пијана состојба ако не се лажам, уште еден пример за лажните информации со кои се труе народот.
Поентата ми е дека бројките и на заразени и на смртни случаи не е реална, а се ствара голема паника. Освен за вирусов, за ништо друго не се известува на медиумиве.
Дали е вирусов реален? Да. Дали треба да се почитуваат мерките? Треба. Али намерната паника која ја создаваат медиумите глобално и нереалните бројки, само им покажуваат на луѓето дека нешто друго во позадина се одвива.
Кај нас медиумите секоја смрт ја поврзуваат со вирусот, уште пред да испадне соопштение од министерство, а не се санкционирани за тоа.
Иначе читав изјава на некој доктор од Србија за меркава за забрана на старите лица воопшто да не смеат да излегуваат од дома и објаснуваше човекот дека после тоа, кога ќе престане мерката да важи, на многу од нив ќе им биде уништен имунитетот, што ќе бидат загрозени и од посилна настинка и дека повеќе луѓе би починале како последица на тоа него од вирусот.