Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.795
- Поени од реакции
- 34.046
Ако добро ги разбирам работите, нивиот тест тестира за присуство на IgG и IgM антитела (нека ме поправи некој што знае поинаку). Ако нема антитела, тестот нема да покаже резултат. Лошото е што кај тие заболени кај кои има најлоши компликации (заклучно со ARDS) на почетокот на инфекцијата имуниот систем не реагира соодветно, и нема присуство на антитела иако вирусот неконтролирано се размножува.Внимателно прочитајте ја сторијава!
Пеколниот пат низ тестирањето од КОВИД-19 или како умре Р.З. (2/2) | ИРЛ
Од неподобен за државно КОВИД тестирање до негативен рапид тест - како умре пациентот Р.З. Р.З. е локалниот трговец на градскиот пазар во Куманово. Има две деца и сопруга, за кои до пред само два денаirl.mk
Болницата „Систина” реагираше жестоко кога ИРЛ напиша дека нивните тестови се имунолошки, а не дијагностички за КОВИД-19. Исто така, ИРЛ ја испитуваше и улогата на институциите во обезбедувањето амбиент во којшто граѓаните нема да бидат манипулирани и ќе имаат пристап до точни информации за тоа каде и каков тест се прави и каква информација може истиот да му обезбеди на граѓанинот.
Од тој аспект ИРЛ се во право кога тврдат дека било кој тест (не само тој од Систина) што тестира за присуство на IgG и IgM антитела, може да наведе на погрешен заклучок за инфицираност - и тоа баш кај тие кај кои е најважно правовремано да се дијагностицираат.
Ваквите тестови (за присуство на IgG и IgM антитела) се многу важни и полезни, посебно за вработени во Здравството но и во други дејности, пошто многумина од нив го имаат асимптоматично прележано вирусот и за џабе се мачат со употреба на заштитна опрема (ако не ги земеме во предвид можностите за повторна инфекција, кои засега остануваат непотврдени). Но ваквите тестови не може да се сметаат за замена на тестовите кои тестираат присуство за карактеристични компоненти/протеини на вирусот, пошто ќе покажат негативни резултати баш кај најранливите случаи.