Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Ла Инспектора објави на инста дека има корона. :place:
Ноуууууууууууу :place: :place: :place:
Автоматски споено мислење:

Ноуууууууууууу :place: :place: :place:
После веста за инспекторката 5 сезона, бандата прави реунион, се бара вакцина за короната, we are back bitches :D
#WhoIsGonnaSaveTheWorld
 
Последно уредено:
Пред некое време ми пушти понуда да ме следи еден чуден лик на инста, отворам си викам кој е бе овај парталот, гледам заеднички следачи инспекторката, го отворам ликот и со мало чепкање на сликите видов дека уствари заедно се во ист бенд, музички бенд, "ingot" се вика.
За денес да видам на стори кај него и да видам дека се заедно во карантин, уствари дечко да ти му бил ликот :tapp::busi:
Со капчето на крајот :icon_mrgr:
Крајно разочарана
 
Јака е серијата, јако го изведоа грабежот во првите 2 сезони. Реално и тука требаше да заврши серијата, не им требаше да ја тупат повеќе ала Призон Брејк. Мене многу ми пречеа глупостите што се заљубуваат како во тинејџерски филм и цел план го ставаат на ризик ради вакви глупости ама тоа е.
 
Па серијата првично беше затворена после втората сезона, ама па и глупаво ќе беше да не продолжат,затоа што крајот беше некако недефиниран, ги украдија парите и толку, сите ги копкаше што после грабежот.
Мислам дека и после сите шпекулации за нови сезони оваа ќе биди последна,нема смисла да ја тегнат со глупости.
Аман како да не сте се заљубиле никогаш во животот па не ви се случило погрешни потези во животот заради љубов :)
Баш добро легнаа во серијата паровите, посебно на професорот со инспекторката, добра хемија имаа во текот на филмот.
Сега четвртата ќе поработат повеќе на карактерите посебно, имаше некој на почеток пишано дека добро би било да се запознаеме пошироко со секоја приказна на карактерите, изгледа го послушаа :)
 
Па можеле да ја продолжат за 15 минути втора сезона, да видиме кој каде завршил.
Инспекторката се заљубува во организаторот на грабежот, една од заложниците во крадец, бившиот на Ракел е со сестра и итн. Сега фали уште Моника да му се врати на Артурито и да стане прaва Касандра серијата. :D
 
Мене лично ми е повеќе глупаво што сето тоа се случи за 4 дена, за толку кратко време успеаа да се испозаљубат сите до бескрај, мада што и тоа е дел од секојдневието.
Се заљубија во време на очај, а општо познато е дека човекот во тие моменти е слабак, па си најдоа утеха помеѓу нив.
Моника разочарана од Артуро затоа што не го сака детето и не сака да си го растури семејството заради швалерка
Токио исто така помина низ тежок период, и го отепаа дечко и за време на грабеж, мајка и проба да ја предај на полицијата.
За Ракел исто, малтретирана жена, капак на се бившиот со сестра и.
 
Првата сезона ( 2 дела) феноменална серија, една од омилените.
2 сезона ич не ме бендиса до сега. Изгледав две епизоди и не ни сакам да ја гледам понатаму едино ради жената ми што ме тера да и дадам шанса. Си имаше логичен крај серијата, ама ајде решиле да го измолзат успехот од првите 2.

Btw. искрено се надевам дека некој ќе ги убие и Токио и Артуро. Ретко иритантни ликови.
 
Штом е жена во прашање ќе гледаш и ќе пукниш :D
Шала на страна гледај ја нема да се разочараш, третата сезона е топ
 
Да се надеваме дека оваа сезона ќе е последната. Пологично ми е сите да ги испотепаат неголи да има друга сезона.
 
Како тргнаа од официјалната страна на Ванкувер со слики и спојлери за четвртата сезона ќе ни ја раскажат уште малце цела сезона уште непочната.
Исто и професорот на еден лајв чат со Токио вчера се лизна кажа некој работи, си рече насамо со неа си прај муабет а не дека 30 000 луѓе го следеа видеото :)
 
Штом е жена во прашање ќе гледаш и ќе пукниш :D
Шала на страна гледај ја нема да се разочараш, третата сезона е топ
Па не знам, премногу залута серијата со некои клишеа и во доменот на ма немој да ме јебеш бре.
Ајде знам дека е тешко реална првата да е реално, но е во некој домен на возможно и има смисла и зошто и како ги прават работите.
Сега во другата сезона веќе претераа, плус како сите тек така се согласија да се вратат да го вадат малиот...ма немој молим те....
 
Конкретно за грабежот, ова режисерот го има раскажано, пред премиерата на серијата биле во некој паб и тука се нашол поранешниот директор на банката во Мадрид, вистинската банка :) разговарале околу серијата и овој им вика " значи нема шанса, ова шо сакате да го пресликате во серијата не е возможно, таков грабеж во оваа банка е нешто незамисливо, обезбедувањето во банката е високо, итн итн, и овој само му рекол ние во серијата планира да влезиме со возилата хартија шо носат,и овој зачудено "que hijos de puta" демек не е скај фај потегот и можно е да се оствари.
Е сега има некои безвезе потези, Токио со моторот кога се враќа во банката им беше ептен глуп на пример, другото си е ок.
Инаку пораката на серијата е кристално јасна, не се работи за пари, целта е друга, мислам дека на сите им е веќе јасно.
Се креваат против системот во државата, затоа и се враќаат по Рио, не му е ни до Рио ни до злато ни до пари.
Четвртата излегува утре,во Америка веќе излезе пред сат и пол, пробав со VPN да се логирам таму, не можев да дочекам до утре ама :kuracc: proxy error
 
Не. Сите епки се наеднаш. Само уште нема срб/кро превод.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom