Бидејќи ниту една развиена земја нема тестирано ни 1% од својата популација, смешно е да се тврди дека смртноста на вирусот е толку голема. Се додека не се извршат симулации и проценки не може ништо да се тврди, ни ние ниту владите. Тестовите не се реален приказ за ситуацијата во една земја.
Пример, ако се земат бројките на потврдени заразени во Италија и во Германија се забележува голем процент во смртноста, некаде 10% наспорти помалку од 0,5%. Ова е како разлика меѓу Ебола и обичен грип. Оттука постои нереално гледиште кон ситуацијата, при што паниката е една од последиците.
Разликата во здравство и услови за живот на население може да направи смена на 10-50% од смртноста, но не и 2000%.
Со сигурност може да се тврди дека бројот на заразени е далеку поголем од бројот на детектирани.
Десетина,
можеби и стотина пати повеќе од детектираните.
Доколку се направат пресметките, пример само за Италија бројките би варирале меѓу 2 и 20 милиони заразени. Ова би значело дека најтешките денови веќе се минато за Италија.
Опасноста на вирусот не е во неговата смртност, туку најверојатно во огромната стапка на ширење.