Пандемијата ја раскажа играта на цел свет, голем број системи крахираа на многу подобро организирани и постабилни држави, последиците ќе бидат страшни секаде.
Кај нас, освен што економски (ќе) имаме огромен пад и ќе треба со години да го надминува држава како нашата, туку се покажаа и сите слаби алки во целиот систем.
Видовме дека скоро се увезуваме, иако повеќето можеме и самите да го произведуваме. Имаме повеќе од доволни фактори за да ја развиеме индустријата и индустриското производство на повисоко ниво, особено храна и прехранбени производи, само треба некој(повеќе некои всушност) кои знаат што праваат да почнат од некаде. Едни маски и заштитни одела, колку време само требаше да помине луѓето да одат незаштитени пред конфекции да почнат да ги шијат?
Видовме колку целиот систем е "стар" и неадаптивен зошто скоро се' се крепи на тоа што било инвестирано во него пред години и години, почнувајќи од здраство и образование како едни од најважните. Во какви услови работат медицинските лица, мала криза е доволна да ги дебалансира, а не пак пандемија...
Колку непрактично работи образовниот систем исто, колку време им требаше да почнат со оналјн настава? И платформата се' уште не е многу стабилна и практична, на страна фактот што некои пак не знаат да ја користат, а добра третина просветни работници само праќаат материјали на и-маил адреса, без одражување на никакви лекции.
Ако има шанса нешто да смени на подобро, по идеална можност после пандемијата нема. Иако е кризно време, сите недостатоци излегуваат на поврашина и можат да пробаат да се санираат на момент добар процент од нив. Со реорганизација да се проба, ако ништо друго...