Говорете македонски!

I kako toa bi izgledalo govorno. Aj za lulka e nisalka, malo krevetce koe se nisa nameneta za bebinja pa bi doslo nekako deka bebeto go lulav vo lulkata, lulalkata.
Многу глупава грешка од моја страна, веројатно мислев да пишам "лулашка", лулка е нешто сосема друго, во право сте.
 
Можеби, но која е разликата, на македонски и без србизми Ве молам, точно и прецизно? "Љуља" секако не е, ко што пиша членот погоре.

Сте едитирале, гледам, едитирам и јас. Добро, така е веќе посфатливо. ;)
На македонски наводниците почнуваат со долни („) и завршуваат со горни (“) наводници.

Една ситница што ме нервира многу а ја среќавам се почесто, било да е низ форумов, фејсбук или па на посериозни портали што е најтрагично а нормално со цел да се изгледа многу интелигентно, начитано или не знам што, е употребата на апостроф наместо надреден знак. Или напиши го како што треба или воопшто не импровизирај, полошо е.
 
Ќе звучам неуко, но каде се лоцирани долните и горните наводници на тастатурата? За надредените знаци поднаучив во меѓувреме. Благодарам.
 
Shift + 2 и Shift + 3 на македонска поддршка.
 
Човек учи додека е жив.
Јас како мал научив да ЗБОРУВАМ, сега морам да ГОВОРАМ.
Во книгите имаше УВОД, сега има ВОВЕД.

Ајде да видиме ова:
1 000 - илјада;
1 000 000 милион;
1 000 000 000 ???
Како е правилно? Како децата учат сега?
 
Милијарда.

Милијарда

милијарда
 
Ќе звучам неуко, но каде се лоцирани долните и горните наводници на тастатурата? За надредените знаци поднаучив во меѓувреме. Благодарам.
На тастатура како што рече Злате. Сакам да прашам дали имате проблем со наводниците на Андроид телефон. Јас инсталирав кирилична тастатура и се е нормално освен наводниците (има само горни). Чисто да знам дали кај сите е така или до телефонот е.
 
Исто е и кај мене, на кириличната има само горни и колку што гледам нема „е“ и „и“ со надреден знак.
 
На многу места сретнувам дека 1 000 000 000 е билион. Мислам дека пред дваесетина години така се учеше (можеби грешам).

милл.png
Кратка скала, долга скала, Македонија... секој по свое.
Во мое време:
илјада;
милион;
милијарда;
билион;
билијарда;
трилион;
трилијарда;
квадралион;
квадралијарда;
......
 
Прегледај го приврзокот 241080
Кратка скала, долга скала, Македонија... секој по свое.
Во мое време:
илјада;
милион;
милијарда;
билион;
билијарда;
трилион;
трилијарда;
квадралион;
квадралијарда;
......

„Билион“ е исправно и го означува истиот број, но е на англиски, а не на македонски, барем според нашиве извори од поново време. Поздрав!
 
На тастатура како што рече Злате. Сакам да прашам дали имате проблем со наводниците на Андроид телефон. Јас инсталирав кирилична тастатура и се е нормално освен наводниците (има само горни). Чисто да знам дали кај сите е така или до телефонот е.
Исто и јас, на телефон имам само горни наводници на оваа тастатура која сега ја користам. И немам е и и со надреден знак. Ај за нив се снаоѓам некако преку латиничната тастатура, ама наводниците...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom