Уште една информација ако ви е од корист и доста е за денес.
Почитувани пациенти,
Почнувајќи од 24.03.2020 во Биотек Лабораторија на адреса ул. Васил Ѓоргов бр.12, нас.Капиштец , Скопје ќе се врши тестирање за вирусот Covid-19. Тестирањето ќе биде со земање брис од нос, обработен со Real Time-PCR метода за чија изработка нашата лабораторија поседува сертификат за акредитација.
Постапката за закажување и земање на примерок е на телефон 02-530 0898 и 078-394-829 од понеделник до сабота од 08 до 14 часот.
При телефонско закажување од пациентот се земаат податоци за евиденција според упатството на СЗО.
На закажаниот термин неопходно е пациентот да дојде на адресата на Биотек Лабораторија со автомобил.
Примерок се зема на брз и безбеден начин на принципот на drive through - директно од автомобил.
Резултатите ќе бидат готови истиот ден и за нив пациентот ќе биде телефонски известен и по пат на е- маил. Резултатите можат да се преземат и на нашиот сајт.
Нашиот тим од обучени лаборанти го земаат примерокот од пациентот додека тој е во автомобилот со кој допатувал со цел да се намали контактот и да се минимализира ризикот од пренесување. Резултатите од ова тестирање освен податоци за присуство или отсуство на Covid-19, содржат и дополнителни податоци за детекција на други видови корона вируси причинители на респираторни заболувања.
Цената на анализата е 1500 ден.
За повеќе информации јавете се на 02-5300898 ; 02-5300766; 078-394-829.