Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Епа мора зависи старосната граница. Има луѓе со 62-3 сеуште одат на работа. А и младиве демек се преносители, и затоа ја поделија вака. Не е лошо де..
 
Јакарта денеска ко у кина пред 2 месеци, страшни видеа.
не ми е јасно, па нели Индонезија имаат само 2 случки на милион жители ?? а во сама Џакарта е можеби многу полошо ??
Автоматски споено мислење:

Индија, Индонезија, Пакистан чисто сумљам дека тестираат, троцифрени бројки се нереални за толку големи држави.
Бангладеш 33, 0,2/М ????
 
Овој од самиот старт на пандемијата дава многу остри и застрашувачки факти, ќе видиме дали ќе испаднат неговите прогнози точни.
Вика да се тестира масовно, ама одредени групи, тие што се вратиле/враќаат од странство сите масовно да се тестираат, така ќе се локализираат сите потенцијални носители и инфицирани лица.
Исто така изјавува да се превземат порадикални мерки и полицискиот час да биде подолг, затоа што бројките кои биле првично најавувани ќе испаднат гола вода, сака да кажи дека ние допрва се искачуваме на таа стрмна крива.
 
Ете така, плаќаш данок у туѓа држава. Стануеш сабајле, го маваш малку на Путин, малку на ердо, малку на избеглицана у Маџарска, седнуеш на форум и све знаеш, од геополитика до инфектологија.

Ти им збориш дека никакви ресурси нема државава, а тие ти паламудат како требало и како било у Германија, како у Кина.
Пред некое време у дебарско умираа од мозочен удар пошо тој немал нафта у комбето да ги донесат во Ургентен, а сега ќе праам компарации меѓу Скопје и Ченгду....пушти мозокот на пашња....луда работа.

Све убаво звориш ама дека немаме ресорси грешиш
сонце, вода, ровка земја
Ама секако народот за леб пати ,земјоделецот во МК потценет откуп нема
Се надевам дека ќе не обезбедат со храна годинава тешка може ќе е
 
Индија, Индонезија, Пакистан чисто сумљам дека тестираат, троцифрени бројки се нереални за толку големи држави.
Регионот Индија, Пакистан, Бангладеш се скоро 2 миљарди луѓе кои живеат практично у среден век. Ниедна статистика не важи таму.
Ни корона не им помага....нешто појако им треба.
 
Ве молам за совет. Гледам заштитни маски да нарачам сакам од али експрес, дали има некој искуство во тоа?
Какви да барам, ми рекоа со ffp3 стандарди, но на али експрес има илјадници и не можам да се снајдам.

Кој нарачувал и како е искуството?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
не ми е јасно, па нели Индонезија имаат само 2 случки на милион жители ?? а во сама Џакарта е можеби многу полошо ??
Автоматски споено мислење:


Бангладеш 33, 0,2/М ????
Не се публик видеата денес се снимани искрено не би сакал да ги пуштам вака на форум отворено плус треба да ги симнам па закачам ако ги направи пријателот публик ке ти ги пуштам пп
 
Тоа е добро, стига да имаш капацитет да го правиш по PCR метода, а тоj бара време. Други тестови са около 80% точни и тоа лесно може да те излаже и да си одиш и да разазуваш.
Автоматски споено мислење:


Делат се потоците на стари и млади за да не се заразуват едни други. Тоа е добар потег, но мислам ,дека мора лугето да се делат пред и после 60 години.
Во пензија се оди со 62 години за жени и 64 за мажи, не можат да направат 60+, имаат работни обврски. Мислам дека е таман 67+.
 
Регионот Индија, Пакистан, Бангладеш се скоро 2 миљарди луѓе кои живеат практично у среден век. Ниедна статистика не важи таму.
Ни корона не им помага....нешто појако им треба.
Што да очекуваш од луѓе кои веруваат дека глувците се свети суштества... Имаат еден храм таму преполн со глувци и одат да се молат, гледав емисија пред неколку години, боси газеа таму, ми се згади. Којзнае колку типови на болести имаат таму, ќе му ја мислат за корона.
 
Ве молам за совет. Гледам заштитни маски да нарачам сакам од али експрес, дали има некој искуство во тоа?
Какви да барам, ми рекоа со ffp3 стандарди, но на али експрес има илјадници и не можам да се снајдам.

Кој нарачувал и како е искуството?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk


Одбери испорака преку DHL, роковите сега се многу подолги преку обична пошта.
 
Ќе ви ставам линкови, ако сакате да преведете. Ама:

6 од 9 пациенти што починале во Стокхолм се од потекло од Сомалија. Луѓето од Сомалија ( скоро сите по истражувањата ) имаат голем недостаток на Д витамин.

Уште еднаш потврда колку игра огромна улога во имунитетот.

* ова не значи дека треба да се предозирате со Д витамин, се дозира според дефицит. Ама уште една од низата на претпоставки и причини.
 
Последно уредено:
Индија, Индонезија, Пакистан чисто сумљам дека тестираат, троцифрени бројки се нереални за толку големи држави.
ма гз мамин небањат да им ебам јас,од нив мислам закачив птичји грип и сипаници на брод...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom