Коронавирус (COVID-19)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Ќе почнат со оние тажните приказни како тоа нив никој не им дозволува да си одат дома и имаат "лош" третман на граница. Да не сакаат со локум и кафе да ги пречакаат на граница и после да ги сместат во Мериот?
И полоши услови заслужуваат затоа што тој државен карантин е од тие што не почитуваат самоизолација и немаат свест.

Таквите како оваа учената и онаа мајката и братот го шират вирусот, а сигурно имале известување да не патуваат.
Сакала дома да си дојде за да ги сподели темите со фамилијата. :pos: Голем кур ако е докторанд, нека седи таму уште 2-3 месеци.

Него аеродромот во Софија забрани летови за оние што не се БГ државјанини, а овие мајката и братот на оваа со презимето во машка форма како слетале? :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Со тоа што можеби е потенцијален носител на вирусот? Се знае како дојде кај нас, не се правите мутави.
Седи дома, и немаш гајле. Што ти мења кој од кај иде?
Загрозува со тоа што се враќа и не се изолира, никој не вика да не се врати, туку да не рашетува по гости, кафиња, шопинг првите 2 недели откако ќе се врати.
А тие што во меѓувреме во ек на пандемија решија да тераат екскурзии во жаришта со Корона кај да ги носиме?
Ти не можеш да ги носиш нигде. Не се трипај. Може да се криете зад државата само. Ама ќе заврши и тоа.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Ќе се намалат платите на сите функционери и буџетари освен војници, полицајци и лекари и ќе земаат минималец.

Ќе се поделат по две минимални плати за секој вработен во сите приватни фирми, а сите невработени ќе добијат по 7000 денари за април и мај!

Извршителите два месеца не смеат да работат!

Одложување за рати за кредити за 3 месеци за граѓани и фирми!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.951
Поени од реакции
73.721
Утрово читав интервју со докторка од Каролинска, не им ги разбирам називите по хиерархија како одат, ама беше една од главните на интензивна.
Рече дека ситуацијата е тотално под контрола иако медицинскиот персонал работи во смени од 12 часа. Но, ниеден друг пациент не е загрозен, сите редовни контроли се непречено одвиваат.
Нагласи дека не треба да се крева паника и дека не постои нација што може да се изолира тотално додека не стигне вакцината, односно една година, што значи мерките за миење раце, избегнување собирање на поголеми групи, седење дома макар со настинка ќе важат и во иднина.

Но, нагласи колку е разочарана од луѓето во Стокхолм, дека не прекинуваат да се шетаат и патуваат надвор од државата и во вакви услови. Дека се’уште одат на скијање. Не ширење паника не значело неодговорност.
Но, со ваква структура на толку мешано насление во Стокхолм, не очекувале многу поразлично.

На прашањето дека на интензивна нега ( и критични ) има 9 пациенти на возраст од 28-37 години, дали имале претходни заболувања, никој не даде одговор.
Сабајле зборував со тетка ми од Шведска (стара жена, само што наполни 80 години, но витална е како за 50 години. Секој ден вози точак и они на базен). Кога фати да ни се дере. Вие долу сте луди, намерно ви пуштаат монтирани снимки од Италија за да ве плашат. Се' е лага. Господ не може да ја увери дека е сериозна работата. Вика тука (Малме) си шетаме најнормално, нема толку заболени. Видовме не може да се убедуваме и ја оставивме така.

Инаку, случајот што го спомнав со директорката од вчера. Истата не била во странство, ниту пак била во контакт со некој што дотогаш бил позитивен, сомнителен или во самозиолација. Редот е загубен, сега почнува лошото.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Премиера Оливер Спасовски е побарал от Бугариja медикаменти. Борисов во моментот на пресконференциja кажа,дека ке проба да помогне и изпрати. Основното баране е било за хлорохинов фосфат, кое Бугариja набави 100 кутии.
Бугарската фармациja е дарила и 25 000 хининови медикаменти на штабот. Предпоставувам,дека и от нив ке бидат пратени.
Борисов кажа,дека преценките и проекциите са 4000 лица во болници.
 
Последно уредено:
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
Во врска со државните карантини. Државата побара од хотелите кои имаат над 50 легла, да ги понудат на државата за сместување на нашите државјани кои ќе бидат во задолжителен карантин. Хотелите се идеален модел за карантин, сите во соба по 2-3 луѓе, зависи колку се фамилија заедно. Има кујна која ќе спрема јадење без излегувања надвор, сите ќе си седат во соба со достава на храна пред врата. Малку ме чуди што услов е цената на хотелите да биде под 10 евра по лице, со 3 оброци дневно. Ама сигурен сум дека хотели од средна класа ќе се нафатат и за тие пари

A koj ke raboti vo tie hoteli
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Седи дома, и немаш гајле. Што ти мења кој од кај иде?

Ти не можеш да ги носиш нигде. Не се трипај. Може да се криете зад државата само. Ама ќе заврши и тоа.
Кој се крие, од што се крие и што ќе заврши?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.191
Поени од реакции
16.325
Ќе се намалат платите на сите функционери и буџетари освен војници, полицајци и лекари и ќе земаат минималец.

Ќе се поделат по две минимални плати за секој вработен во сите приватни фирми, а сите невработени ќе добијат по 7000 денари за април и мај!

Извршителите два месеца не смеат да работат!

Одложување за рати за кредити за 3 месеци за граѓани и фирми!
сметки ќе се плаќаат или како кој ??
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кај нас ни заразените не се кажува од кај се точно, не па нешто друго. Ама еве, новинарскине мивки не прашуваат вакви работи, туку се занимаваат со банални срања. Ќе продолжиме само да водиме сува статистика и толку...

Имаше еден добар аргумент за ова, веќе не памтам од кого. Вика - ако се објавуваат имињата, другите луѓе се стигматизираат и се исплашени да пријават и ќутат и шират. Ако ви текнува, на докторката и јавно и се закануваа.
Од друга страна, подобро е да знам дека Перо има, а јас со Перо работам, па ќе бидам уште попретпазлив, па целосно ќе се самоизолирам и ќе се пријавам - хипотетички.

Како и да е...СЕДЕТЕ ДОМА!!!
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Сабајле зборував со тетка ми од Шведска (стара жена, само што наполни 80 години, но витална е како за 50 години. Секој ден вози точак и они на базен). Кога фати да ни се дере. Вие долу сте луди, намерно ви пуштаат монтирани снимки од Италија за да ве плашат. Се' е лага. Господ не може да ја увери дека е сериозна работата. Вика тука (Малме) си шетаме најнормално, нема толку заболени. Видовме не може да се убедуваме и ја оставивме така.

Инаку, случајот што го спомнав со директорката од вчера. Истата не била во странство, ниту пак била во контакт со некој што дотогаш бил позитивен, сомнителен или во самозиолација. Редот е загубен, сега почнува лошото.
Имам пријателка од Русија, истиот муабет ми го направи кога ја одбив да излеземе да прошетаме заедно оти секако секој ден била надвор. Ако не сум сакала во кафич, можело во библиотека. :pos:
И дека се е ова тивка војна меѓу Кина и Америка и дрн дрн ... и гледаш дека не можеш да се објасниш дека веќе не е важно дали е тивка војна, дали е намерно, дали е заради вакцини ... вирусот е тука, реалност е, луѓе умираат. Па креваш раце и викаш само “ок, јас останувам дома, имам многу работа секако”.

Не можеш никаде да се ослониш на самосвест на луѓето. 80% да се со висока колективна свест, другите ќе зезнат.

Ама ... иако не тестираат се, добро се држи Шведска со прогресот. Денес “само” 160, а два дена беа околу 100. Што значи поголемиот дел од луѓето не се како баба ти и мојата пријателка. За среќа. :)
Останува да видеме во следните две недели дали нешто ќе ги исплаши кога ќе рипнат бројките или за Велигден ќе излезе пола Шведска да патува, иако не знам каде би оделе ...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.416
Поени од реакции
113.997
Нека се ситат сега административците, амеби.
Нема потреба од вакви коментари, сепак луѓе хранат фамилии со тие плати. Ова е свесна жртва за да се помогне на приватниот сектор, само се надевам нема да биде злоупотребена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom