Коронавирус (COVID-19)

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.010
Поени од реакции
6.493
Се пренесува аерокапково преку флигеови капки. Тие флигеови капки се ослободуваат при кашлање, кивање, зборување. Флигеовите капки може извесно време да се задржат во воздухот, што значи дека може и на тој начин да бидиш заразен.
По извесно време тие флигеови капки паѓаат на површината, па во зависност од нивната големина, се сушат. Логично е дека помалите капки, побрзо се сушат па се помалку вирулентни, за разлика од големите. Заради тоа се препорачува дезинфекција на површини и редовно миење на рацете, како и да се избегнува допирање на очите, устата и носот со рацете.
Аеросолни (по старо) значи, како и сите божји грипови.
Со допир нема заразување, па ете како претпазливост да се избегне ракување да испараноишеме дека поздравувачот си обришал нос со рака пред тоа, колкава е шансата некој да се зарази шетајќи или одејќи во природа, дали има таков случај, апропо полицискиот час и потребата од негово воведување.
Да не излезе дека главен вектор се лица од Италија и мед.персонал кој бил во контакт со истите (90% случаи).
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.678
Поени од реакции
8.109
КОВИД-19: Во најновата верзија на AirCare, достапна е моменталната состојба на заболени и излечени во секое време најгоре како лизгачка порака!

Апдејтирајте ја апликацијата од Google Play или App Store за да ја добиете оваа можност!
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Во врска со државните карантини. Државата побара од хотелите кои имаат над 50 легла, да ги понудат на државата за сместување на нашите државјани кои ќе бидат во задолжителен карантин. Хотелите се идеален модел за карантин, сите во соба по 2-3 луѓе, зависи колку се фамилија заедно. Има кујна која ќе спрема јадење без излегувања надвор, сите ќе си седат во соба со достава на храна пред врата. Малку ме чуди што услов е цената на хотелите да биде под 10 евра по лице, со 3 оброци дневно. Ама сигурен сум дека хотели од средна класа ќе се нафатат и за тие пари
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.879
Поени од реакции
4.409
КОВИД-19: Во најновата верзија на AirCare, достапна е моменталната состојба на заболени и излечени во секое време најгоре како лизгачка порака!

Апдејтирајте ја апликацијата од Google Play или App Store за да ја добиете оваа можност!
Dzabe ti e ova koga samo ednas na denot kazuvaat apdejtovi od Ministestvo,do 12 casot.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Тебе ќе те прашаат кај да одат и од каде да се враќаат.
Епа нека не цимолат за месец дена и да бараат помош оти им пропаѓаат бизниси и сл, ако се прошири како во Италија ќе бидеме пример за снимање на идни хорори.
Како што има права секој граѓанин така има и обврски и одговорност, ваквиот однос треба да биде толериран како загрозување на општата безбедност и истите да бидат кривично гонети.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.191
Поени од реакции
16.326
АНА, ДОКТОРАНД ОД МАКЕДОНИЈА ПРИ ОБИД ОД БАРСЕЛОНА ПРЕКУ ФРАНКФУРТ ДА СИ ДОЈДЕ ДОМА ОТКРИВА ШТО И СЕ СЛУЧИЛО

и после тие нашите лопови со дипломатски пасоши ќе ни кажат зошто антизападна атмосфера ??

на гоогле веќе измислија термин антизападен расизам :facepalm:

тие 30 години во здрав мозок не дупат, нашата власт на Грција пред 20 години ЕДНОСТРАНО им укина и потреба да носат пасош, туку со лична карта си влагаа, а ние како стока чекавме за визи па и потполно бевме блокирани
Капак е сега не ни дават ни за пари да увеземе медицинска опрема
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Епа нека не цимолат за месец дена и да бараат помош оти им пропаѓаат бизниси и сл, ако се прошири како во Италија ќе бидеме пример за снимање на идни хорори.
Како што има права секој граѓанин така има и обврски и одговорност, ваквиот однос треба да биде толериран како загрозување на општата безбедност и истите да бидат кривично гонети.
Како некој загрозува општа безбедност со тоа што се враќа дома?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Полицискиот час треба преку викенди да важи,џабе е преку недела.Па пичка ли му материна 5 пати поише луѓе видов денес по улици него ли преку недела во работните денови.Пазарон Ѓорче,Стокомак,Кам волку луѓе за Божиќ и Велигден не сум видел.Сабота и Недела треба од 7 сабајле до 12 на полноќ да важи полициски час
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Како некој загрозува општа безбедност со тоа што се враќа дома?
Со тоа што можеби е потенцијален носител на вирусот? Се знае како дојде кај нас, не се правите мутави.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Викенд е најголемото жариште уствари
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Како некој загрозува општа безбедност со тоа што се враќа дома?
Загрозува со тоа што се враќа и не се изолира, никој не вика да не се врати, туку да не рашетува по гости, кафиња, шопинг првите 2 недели откако ќе се врати.
А тие што во меѓувреме во ек на пандемија решија да тераат екскурзии во жаришта со Корона кај да ги носиме?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.416
Поени од реакции
113.997
Добри економскиве мерки на Владата, thumbs up од мене. :cool:

Edit: администрација 2 месеци ќе земаат минимална плата, и премиер и министри и се живо.
Кредитите замрзнуваат на три месеци, исто и извршителите работи.
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.754
Добри економскиве мерки на Владата, thumbs up од мене. :cool:

Edit: администрација 2 месеци ќе земаат минимална плата, и премиер и министри и се живо.
Кредитите замрзнуваат на три месеци, исто и извршителите работи.
Нека се ситат сега административците, амеби.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
od moeto iskustvo od ziveenje vo svedska do sega, mislam deka zabrani nema da ima vo nikakvo scenario,
bukvalno poprvo kje umiraat, odkolku da promenat nesto od nivnite vrednosti.

nema nekoi oficijalni merki, kako mkd, ama mislam deka ne e bas tuku taka se ostaveno.
nemam info (ako imas nesto spodeli) vo odnos na kapaciteti so bolnici i oprema.
nivniot pristap so flatten the curve im e baziran na brojki/stats, so se nadevam kje bide korisno vo cela situacija.

ako imaat dobar pregled na struktura na naselenie, a plus tuka stvarno funckionira toa sto trebase da bide kaj nas
elektronska zdravstvena kniska / dosie, se nadevam moze da se napravi dobra raspredelba na slucaite i da se namalat
fatalni ishodi.

isto mislam deka i mnogu kje zavisi od region do region. kako sto zemjite si se sekoja za sebe, ima dobra verojatnost
sekoj region da se grizi za lugjeto vo toj del samo. po taa logika, stokholm e najzaeban.

jas kolku so gledam, kupuvav hrana 2-3 pati periodov, nikade nema ni sredstvo za dezinfekcija, imam vpecatok deka
svesno se odi na toa lugjeto da se zarazuvaat, posto i taka sprema site eksperti epidemiolozi, nad 60% od populacijata kje
se zarazi kad tad.

namaluvanjeto na testiranjata spored mene e pozitivno - ako gi preraspredelat tie resursi za oprema i potrebni lekovi.
virusot e rasiren na cela teritorija, nema poenta da se baraat inficirani i so koi bile vo kontakt.

se nadevam deka nema da dojde do juznjacko scenario, so ogled na gustina na naselenie, zivotni naviki i drugi relevantni faktori.
Утрово читав интервју со докторка од Каролинска, не им ги разбирам називите по хиерархија како одат, ама беше една од главните на интензивна.
Рече дека ситуацијата е тотално под контрола иако медицинскиот персонал работи во смени од 12 часа. Но, ниеден друг пациент не е загрозен, сите редовни контроли се непречено одвиваат.
Нагласи дека не треба да се крева паника и дека не постои нација што може да се изолира тотално додека не стигне вакцината, односно една година, што значи мерките за миење раце, избегнување собирање на поголеми групи, седење дома макар со настинка ќе важат и во иднина.

Но, нагласи колку е разочарана од луѓето во Стокхолм, дека не прекинуваат да се шетаат и патуваат надвор од државата и во вакви услови. Дека се’уште одат на скијање. Не ширење паника не значело неодговорност.
Но, со ваква структура на толку мешано насление во Стокхолм, не очекувале многу поразлично.

На прашањето дека на интензивна нега ( и критични ) има 9 пациенти на возраст од 28-37 години, дали имале претходни заболувања, никој не даде одговор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom