Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Леле Заев што истресе вчера мајко мила, лелееееееееее. :facepalm: :facepalm: Прво го гледав Мицкоски на Сител бидејќи ме занимаше што ќе каже и дали ќе се брука јавно. По мене доста солидно интервју имаше во однос на она што го очекував, прво го пофали Филипче за првите 10-тина дена од почетокот на вирусот а потоа кажа дека заврши неговиот меден месец. Нормално комуњарските спинерчиња си го искористија ова на социјалните мрежи и си лапнаа политички поени кај неписмената раја. Мицкоски го критикуваше Филипче, а и останатите за реакцијата последниве неколку дена, или последнава седмица, дека се чека со одредени мерки кои мора инстант да бидат донесени.

Исто така вчера сабајле на одредени прокомуњарски портали одекна веста дека се замрзнуваат кредитите на фирмите и граѓаните во следните три месеци, исто така очаен спин и обид за лапање политички поени. Нормално неписмената раја се напали и почнаа да постираат као демек ете кој е правиот, така треба браво и сеа сите очекуваат да не плаќаат кредити следните 3 месеци, а ќе се изненадат набрзо кога ќе почнат од банките да им ѕвонат да дојдат да си ги подмират ратите. Не, не се замрзнуваат кредитите, него НБРМ им препорачува и дозволува на банките сами да одлучат на кои лица (физички и правни) можат да им ги смрзнат кредитите а на кои не. Мицкоски препорачува да се замрзнат сите кредити на одреден период и со помош на странски пари (еврообврзници и остало) да се помогне на стопанството да се одржи во овие кризни времиња. Сеа да не се лажеме, и Мицко пробува политички поени да лапа, само сакав да кажам дека ми се допадна тоа што го кажа вчера.

За разлика од него господинот Заев истресе катаљон глупости од кои најјака му беше онаа дека нашата Влада ќе обезбеди највисока помош по глава жител во услови на кризата во регионот. :facepalm::facepalm: Друже дај жити се оди сади френки у Муртино и не замарај да ти ебам неписмениот.

Мое некое гледиште на ситуацијата до сега е дека Владата, а и министерот Филипче се однесуваа доста добро и за сите нас тоа е малце неочекувано со оглед на тоа каде живееме. Но, тоа може да се каже за почетокот на ширењето на вирусот, односно првите денови од истиот. Еве, како што одминуваат деновите сфаќаме дека има доста пропусти, местење тендери (ова најмногу ме/не боли), прогледување низ прсти, што не остава добра слика кај народот и не влева воопшто сигурност. Да се разбереме, не може ниту Филипче ниту св. Филипче да исконтролира 2+ милиони граѓани, не може на некого со инка да става во главата, ама за пропуштени патници на аеродромите и граничните премини кои доаѓаат од ризичните земји богами може да исконтролира и требаше тоа да го сторат за да не ни се случуваат вакви работи ко вчера кога имавме скоро 30 заболени во еден ден. Што е најтрагично се очекува тој број се повеќе и повеќе да расте следните две недели со оглед на несовесноста на граѓаните кои од непознати причини одлучиле да патуваат во деновите на светска пандемија од коронавирусот.

Е тоа е одприлика моето видување на работите, знам дека измешав малце политика ама ќе ги замолам модераторите да го остават постот, сепак е поврзано со вирусот и добро е да се знаат одредени работи.
 
Brojot na zarazeni geometricki se zgolemuva sekoj den, i ti mislis deka lugevo panichat bez potreba?
Ostaj gi srbite, se smeshkaa hihi haha a sekoj den im raste brojkata na zarazeni vrtoglavo.

Ne e vozmozno aparatura od pred 40 godini da e ponapredna od nesto sho e napraveno pred 10, 5 ili 2 godini.
ако можеш најдиго излагањето на професорот на алфа од вчера ке ти се разјаснат доста ствари, истото и јас го мислев како тебе.
 
ако можеш најдиго излагањето на професорот на алфа од вчера ке ти се разјаснат доста ствари, истото и јас го мислев како тебе.
Кажа ли професорот како би дишел одреден човек ако има вода во белите дробови без интубација и респиратор? Смртно ме интересира.
 
Врвот на гамадот (до сега)....и во очекување на поголем бисер. Во екот на кризата, одете во Германија да лечите луѓе и да помагате.
Би им организирал масовно горење на плоштад, па не знам каква била забрана за јавни собири....гнаса од народ.


Не е ниту сеир, ниту заебанција. Мртви озбилни се.
 
Shro tochno znachi policiski cas dali nekoj moze da mi kaze?
Па нема излегување надвор, на пример од 8 навечер до 5 сабајле, освен ако не си на работа.Овоа околу движењето а дали има и други работи кои важат и се практикуват за тој полициски час не знам.
 
Колку што разбрав,на седница на влада денес ќе се разгледува,опција
Колку што разбрав,на седница на влада денес ќе се разгледува,опција полициски час.
Policiski cas i sto ke se sluci.Problemot e sto denski ima golema frekvencija na luge,pokraj tie sto mora i ne mora da se na rabotnite mesta izleguvaat luge da pazaruvaat totalno banalni raboti,pa izleguvaat na prosetka na milenici,izleguvaat velosipedisti,majki so deca oti decata im bile hiperaktivni,penzionerite se totalno nedisciplinirani i sl.Dodeka navecer posle 20:00 casot i nema nekoja razdvizenost,barem taka e vo Bitola
 
Забрана или рестрикција на движење, популарно полициски час, не мора да значи забрана навечер. Може да биде и преку ден, по категории граѓани и тако дајле.
Мене ми е мистерија кој ќе ги дава дозволите за движење или потврдите дека лицето е или не е во одредена ризична група или дека работи сменски, било каква потврда. Доколку се определи нели ваква мерка. Едно е што пишува во закон, друго е реалноста на терен.
Овде посебно е штета што општините воопшто не се вклучени да помогнат во оваа криза, освен што на своја рака се закануваат со казни за граѓаните.

Да дополнам во врска со самоизолацијата и карантинот кај оние позитивни на овој вирус. Голем проблем за таква изолација во домашни услови е изолација од семејството. Собите се тие, се користи едно купатило, една кујна и слично. Таква изолација е невозможна.
 

Ова ли е?
Да
Автоматски споено мислење:

Кажа ли професорот како би дишел одреден човек ако има вода во белите дробови без интубација и респиратор? Смртно ме интересира.
Изгледај го по јасно ке ти бидне
 
Да дополнам во врска со самоизолацијата и карантинот кај оние позитивни на овој вирус. Голем проблем за таква изолација во домашни услови е изолација од семејството. Собите се тие, се користи едно купатило, една кујна и слично. Таква изолација е невозможна.

Мислам дека ова е најреалниот страв кај сите. Препораките на домашно лекување, кога не е сериозна ситуацијата.
Свесни сме дека така курбан одат сите домашни, нема начин како да се изолираш освен ако не живееш во куќа и посебни спратови, без користење на ниедна просторија со другите.
Па, затоа и мислам дека бројот нормално е да расте ... Овде од 1.700 души заболени, веќе 70% се на домашно лекување, за да се штедат ресурси и кревети за критичните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom