Коронавирус (COVID-19)

Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Plus muzicari bile, neka vezbaaat malku, nema da im smeta na nikoj.
Немој вакви, ќе тропнат на тоа тапаните ќе извадат од памет некој колега ќе направи проблем... :нинџ:
Мала шала, тоа што се црекаат така се слуша баш далеку, не се ни свесни дека си играат со АРМИЈАТА и дека можат да го папаат ради ова со казна затвор. 100% сум сигурен дека безбедњаците си ја имаат извршено својата професионална работа пред екипчево да дојде до тука, но очигледно е дека дечкиве очекуваат Хотел со 5 ѕвезди...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
А ова скривнициве под кале, со џакузи се? За другар прашувам.

И она со снимкана на аеродром без сапун, се десило да снема у моментот или можда баш тој дозер, секогаш кога сум патувал имало сапун, што нњ било случај со клиника пример. Ама јбг, секогаш преувеличуваме, како ќе ни биде забавно.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Со гла гарантирам повеќе од 10% од овие немале никаква оправдана причина да излезат. Е сега кога ќе се вратат нека ги лупнат во некоја штала затворени па нека му ја мислат.
Друго - ликот пишал имале контрола на нашите граници. Па ове по дома кај нив немат контрола не на границите. Гледаме колку имат контрола, едно се презентира во јавност, а реалноста е друга... сеуште... ;)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.433
Поени од реакции
24.615
Чеј, ако стварно биле 200+ луѓе на граница, зошто само нив 9 души ги имаат донесено во полураспаднативе бараки?
Да не јадам гомна ама ко на расизам ми делува ситуацијава малку :pos:

ovie ne mi licat na sumnjuvi, ama garant nemaat EU pasosi pa moze da gi maltretiras i nena kaj da se zalat ili zakanat so tuzbi pa eve "pravime nesto"
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Каков карантин, од прва рака информација од мој познаник кој се врати од Германија пред два дена, само температура мереле на аеродром и ти даваат изјава да потпишиш дека ќе се самоизолираш, во сопствена куќа/објект и те пуштаат. ..80% од тие што ќе потпишат ќе излажат, башка што ретко кој има каде да се самоизолира, а тоа да не е соседната соба.

Само совеста помага, мене на крај памет не ми паѓа да се враќам кај моите дома и да ги изложувам на ризик, ќе си седам кај што сум се нашол, тоа е.

И да, за тој што праша, Кромберг и Шуберт во Битола е привремено затворена од Понеделникот, не се знае до кога
 
Член од
9 јуни 2015
Мислења
95
Поени од реакции
123
Каков карантин, од прва рака информација од мој познаник кој се врати од Германија пред два дена, само температура мереле на аеродром и ти даваат изјава да потпишиш дека ќе се самоизолираш, во сопствена куќа/објект и те пуштаат. ..80% од тие што ќе потпишат ќе излажат, башка што ретко кој има каде да се самоизолира, а тоа да не е соседната соба.

Само совеста помага, мене на крај памет не ми паѓа да се враќам кај моите дома и да ги изложувам на ризик, ќе си седам кај што сум се нашол, тоа е.

И да, за тој што праша, Кромберг и Шуберт во Битола е привремено затворена од Понеделникот, не се знае до кога
Незнам од каде инфо дека Кромберг е затворена... пуштени се од еден проект само , така да останатите два работат нормално ( ваљда појќе од 3000 луѓе)
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Нека им е со лесно на тие 250 души што треба да се сместат во бунгалови у Криволак(Пепелиште) 14 дена...Кој бил,знае
Сум бил, не е хотел, ама идеално за карантин
Сега им текнало да одат да свират во Австрија, ебате тоа забеганите. На клоци треба да се фати се ова...

Квичење до небеса, што лошо видовме во видеото? јас спиев 40 дена баш во тој бунгалов на - 20, тражили сте.....
Јас да сум прецедник задолжително за сите да важи карантин под закана на оружје, а трошоците сами да си ги сносат
 

Don Huan

Alter Ego
Член од
12 јануари 2020
Мислења
256
Поени од реакции
333
Сум бил, не е хотел, ама идеално за карантин

Квичење до небеса, што лошо видовме во видеото? јас спиев 40 дена баш во тој бунгалов на - 20, тражили сте.....
Јас да сум прецедник задолжително за сите да важи карантин под закана на оружје, а трошоците сами да си ги сносат
Fala bogu sho ne si ti , drugar Klintone.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Прва казна за непочитување на карантин.

Парична глоба во висина од 2 500 евра е првата изречена казна за непочитување на задолжителните мерките донесени од Владата во справувањето со ккоронавирусот. Казнет е жителот на селото Дебриште, Оштина Росоман, кој по враќањето од Германија вчера не ја почитувал мерката за задолжителна изолација.

-Тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа, одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13 часот, кога од страна на полицајци од Кавадарци е направена контрола во неговиот дом, обвинетиот не бил затекнат таму и телефонски изјавил дека е на истовар на стока во Струмица, соопштија од обвинителството кога побараа од судот да ја одреди казната.


 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.233
Оваа "изјава" на Димитров за 1331 граѓанин не ми е легит. Не знам зашто (физички, временски...), сомнителна е, а го имам правото да се сомневам во вакви објави.
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.610
Поени од реакции
7.737
Како SARS-CoV-2 предизвикува COVID-19 и кои се можните начини на лекување?

Се сретнавме и се запознавме со нов жител на нашата планета. Потекнува од позната, но не и угледна фамилија. Станува збор за најновиот член на фамилијата вируси Coronaviridae. Неговото име претрпи неколку кумства, но официјалното име гласи: SARS-CoV-2.
Најновиот член, SARS-CoV-2, има постари роднини од коишто некои се повоспитани (предизвикуваат обична настинка), додека други се исклучително погани (SARS, MERS). Како најмлад член на фамилијата, сакајќи да добие углед, успеа да предизвика болест – COVID-19 (Coronavirus disease 2019) причинувајќи пандемија.
Целта на овој текст ми е да ставам акцент и да ги објаснам на наједноставен начин: начинот на зафаќање на нашите клетки и потенцијалните лекови коишто можат да произлезат благодарение на познавањето на клеточните механизми коишто ги користи овој вирус.
Пред да започнам, само накусо и наједноставно би сакал да посочам на два поима: вирион и вирус. Вирион претставува комплетна, инфективна форма на вирусот и се наоѓа надвор од клетката, додека вирусот се наоѓа внатре во клетката. Но, за поедноставно разбирање и немешање на поими ќе го користам поимот вирус.
За човек да може да влезе во својата куќа, потребен му е клуч како би ја отклучил бравата. Истото се однесува и за вирусот. За вирусот да може да навлезе во нашите клетки потребен му е клуч. Клучот (лигандот) на овој вирус е неговиот протеин налик шилец (spike protein, S-protein), а бравата на нашата клетка е ACE-2 (Angiotensin-converting enzyme 2) рецептор. Бидејќи клучот на вирусот не е веднаш способен да ја отклучи вратата, потребно му е активирање („подмачкување“) со помош на TMRPSS2 (Transmembrane protease, Serine 2) и потоа врзување на S-protein со ACE-2 рецепторот. Овој ACE-2 рецептор најмногу го има во клетките на нашите бели дробови (пневмоцити тип 2), но се наоѓа и во цревата, срцето и бубрезите. Напаѓајќи ги овие пневмоцити тип 2 (клетки коишто произведуваат сурфактант - ни обезбедуваат нашите алвеоли да бидат широко отворени и да можат да вршат размена на гасови со крвните садови) доведува до болеста COVID-19. Еве прва линија на којашто можеме со лек да делуваме – да го инхибираме TMRPSS2 и така не ќе може рѓосаниот клуч да влезе и да ја отклучи вратата, да го блокираме рецепторот или да го уништиме клучот односно S-протеинот.
Откако лигандот ќе се активира и ќе се прикачи на рецепторот, тогаш доаѓа до навлегување на вирусот во нашата клетка. Откако вирусот ќе навлезе во нашата клетка тој треба да се раскомоти, да ја соблече својата наметка (липидна обвивка). Ова се случува со помош на еден протеин којшто се наоѓа во нашите клетки, а тој се вика furin (фурин). Фуринот можеме да го замислиме како слуга. Токму фуринот е одговорен за активирање на вирусот внатре во клетката така што му ја трга обвивката (ја менува првобитната форма на вирусот). Истиот овој фурин активира и други обвиткани вируси, причинители на: СИДА, грип, денга, ебола и марбург вирусна болест. Еве втора линија на одбрана на којашто можеме да делуваме – да го инхибираме дејството на фуринот и на тој начин да не му овозможиме дозвола на вирусот да се шета и ровари во нашите клетки.
Откако ќе се разголи вирусот, доаѓа до ослободување на својот генетски материјал којшто претставува +ssRNA (позитивна едноланечна рибонуклеинска киселина). Во превод, ова значи дека имаме гласничка РНК (mRNA) којашто директно може да биде преведена во протеин (во нов вирус). Ова претставува третата линија на којашто можеме да делуваме. Доколку се потсетиме, погоре напишав дека неколку вируси делат ист пат на активација – што значи дека е возможно веќе некои постоечки лекови коишто се користа за лекување на СИДА (lopinavir/ritonavir, durunavir/cobicistat, emtricitabine итн.) или ебола да најдат примена и кај SARS-CoV-2. Најпознат, најактуелен и лек којшто највеќе ветува е remdesivir. Remdesivir е познат антивирален лек којшто спаѓа во класата на нуклеозидни аналози користен за лекување ебола и марбург вирусна болест. Нуклеозид претставува соединение од пуринска или пиримидинска база и шеќер. Кога на нуклеозидот ќе му се додадте фосфатна група добиваме нуклеотид, а кога повеќе нуклеотиди ќе ги споиме добиваме нуклеинска киселина (ДНК, РНК). Remdesivir всушност претставува аналог на аденозинот (пуринска база) и како мамка се вметнува во клеточната машинерија додека таа произведува нови вирусни честички. Вметнувајќи се во машинеријата, тој предизвикува прекин на создавањето на нови вирусни честички, бидејќи ја збунува РНК полимеразата (машината).
Доколку вирусот непречено успее да се намножува и освои сѐ повеќе клетки (пневмоцити тип 2) доаѓа до дифузно ширење на вирусот во целото белодробие. Нашето тело не располага со ниеден од претходно споменатите лекови, но поседува имун систем. Секој непознат агенс којшто се обидува да навлезе во нашите клетки побудува воспалителен одговор. Токму воспалителниот одговор ни е првиот лек откако вирусот навлегол во нашите клетки. Воспаление се одликува со: црвенило, оток, покачена температура, болка и губење на функција. Токму овие промени претставуваат симптоми на еден пациент со SARS-CoV-2 инфекција: треска и висока температура, тешка кашлица и отежнато дишење. Доколку сакаме симптоматски да делуваме на овие симптоми на памет ни паѓаат аналгетици, антипиретици и анти-инфламаторни лекови, така? Никако не смееме да користиме анти-инфламаторни лекови. Зошто? Едноставно – затоа што поништувајќи го нашиот имун одговор (којшто предизвикува воспаление како реактивен одговор и борба против вирусот) му го олеснуваме ширењето на вирусот. Што тогаш може да се користи? Може да се користи парацетамол којшто има антипиретско (намалува телесна температура) и аналгетско (намалува болки), но нема анти-инфламаторно дејство. Наспроти овој лек, ги имаме ибупрофенот (и сите останати NSAID – нестероидни анти-инфламаторни лекови) и кортикостероидите. Овие лекови ни го поништуваат имуниот одговор и наместо да ни помогнат, истите ни одмагаат и ни ја влошуваат состојбата.
Во случај ништо да не успее да го спречи патот на овој подол вирус – доаѓа до слабост на белодробието односно респираторен дистрес синдром. Доаѓа до неурамнотеженеост помеѓу провоспалителните и антивоспалителните медијатори, губиток на сурфактантот, бидејќи ни се оштетени пневмоцитите тип 2 и причинува ателектаза (колабирање на белодробните крила). Ова доведува до хипоксемија (намален парцијален притисок на кислород во крвта), хиперкапнеа (зголемен парцијален притисок на јаглероден диоксид во крвта) и ацидоза (pH под 7.35). Овие 3 фактори ги дразнат периферните и централните хеморецептори (одговорни за одржување соодветни концентрации на кислород и јаглероден диоксид во крвта) и иницираат зголемено вдишување, но проблемот е што ние веќе немаме здраво белодробно ткиво и ова не воведува во еден ѓаволски круг од којшто тешко можеме да се спасиме.
Но, основно што треба да имаме на ум е фактот дека овој вирус не е семоќен. Имајќи липидна обвивка го чини подложен на уништување доколку користиме алкохолни средства за одржување на хигиената на површината на нашите раце или предметите со кои сме во непосреден контакт.
Освен тоа, седејќи дома на еден начин причинуваме стивнување на пандемијата, бидејќи го прекинуваме ланецот на ширење на овој вирус помеѓу луѓето.
Се надевам дека со овој текст успеав да Ви укажам на патогенезата на COVID-19, преку следење на патот на SARS-CoV-2. Веќе постојат првични лекови (remdesivir), моноклонални антитела и потенцијална вакцина коишто можат да не' спасат од овој вирус. Имам надеж во научната фела дека набрзо ќе дојдат до дефинитивно решение, а подоцна и до вакцина којашто ќе ги штити следните генерации од SARS-CoV-2 како што тоа е веќе постигнато за многу други микроорганизми (вируси, бактерии, фунги, протозои, хелминти).
Автоматски споено мислење:

 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Се’ повеќе приказни за инфицирани кои немаат никакви симптоми, или симптомите им се многу благи.

Ова ќе излезе дека вирусот е БЕСОПАСЕН за повеќето луѓе. Оние кои страдаат имаат некој вид осетливост, нешто како алергија.

Отприлике како каснување од пчела: за повеќето болно ама безопасно, за 1/1000 смртоносно.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Од друга страна па Германија ќе стигне до 10 000 заразени и само 24 починати. Што прават па овие? До толку ли се понапредни од другиве или лажираат на велико?
Масовни тестови поред мене. Значи сомнежите а и луѓе кои биле во ризични места се тестираат па затоа немаш толку многу неодкриени случаеви како на пример во Италија. Таму далеку повеќе се заразени но не и тестирани. Иначе и да, поспремен е системот има повеќе легала и апарати.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Џабе е се, од народот си патиме.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
По мене од целата ситуација некој дебело ке го натовари магарето, се прошири таква паника и хистерија како во апокалиптичните филмови, медиумите известуваат како умираат луѓе а малку ако прочепкаш ке видиш дека сите што умреле од болеста се хронични болесници или стари луѓе со ослабнат имунитет, а кои што умираат од обична настинка воопшто, по мене за месец дена да се стопли времето ке помине се и ке се врати во нормала и се надевам дека не грешам.

Некои наслови од медиуми:
1. Трагедија, почина од вирус 21 годишен тренер во Италија.
Читаш и мислиш нешто озбилно е, прочепкаш малку од други извори и дознаеш дека истиот тренере во исто време се лекувал и од леукемија.

2. Трагедија, почина од вирусот познат Италијански архитект.
Исто како погоре наведено, само што овој не пател од хронична болест туку имал 92 години.

Проблемот кај народот е што никој ниту чита до крај, ниту проверува други извори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom