Коронавирус (COVID-19)

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.703
Да сакаат европските држави да ја спречат пандемијата, првично ќе ги затворат границите и ќе ги приземјат авионите на 2-3 недели. Дотогаш, ништо нема да се смени. Ама кога се гледа како Меркел и Џонсон лежерно најавуваат дека 70% од населението ќе го одлежи вирусот, очигледно дека плановите им се поинакви. А ние нема да бидеме остров сигурно.
Какви би им биле плановите...
1. Сакаат да скријат нешто т.е. свртат вниманието додека во позадина друго тече.
2. Сакаат под превезот на здравјето да спречат имигрантите да влезат во ЕУ
3. Дополни :D

фармако мафијата,
Човек кој пие 5-10 лекарства, а употребува ваков збор :confused:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
И како вашите теории на заговор и премудроста ќе му помогнат на некој што има родители над 60-70 години, кои имаат некаква состојба (висок притисок, коагулација), кои во комбинација со вирусов носат смрт? Или млади луѓе, па и дечиња што имале некаков кардиоваскуларен проблем?
Да, на крај некој ќе профитира.
Од се' се профитира.
Ама од вирусов реално се умира.
Во моменти на хаос и голема цифра заболени, нема да се има толку персонал, време и внимание да се бави некој со оние горе што ги спомнав, што по WHO се стари луѓе, а може се ваши родители, роднини, пријатели. К** мене ме заболе тогаш и за нафта и за долар и за Трамп и фабриките на Дик Чејни.
Ако имате нешо корисно на тема спречување на заразата - пишете, ако не, отворете си тема "Корона од детско-конспиративно-миленко-политичко гледиште" и таму паламудете.

Не знаеме ние кој го создал вирусот.....вие со двојките по биологија ќе ни објасните.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.809
Поени од реакции
12.298
От преди минута, Бугариja воведе извонредна состоjба на целата териториja на државата.
што значи тоа? Какви мерки кај вас се преземени при вонредна состојба за вирусот?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.312
Поени од реакции
26.228
Какви би им биле плановите...
1. Сакаат да скријат нешто т.е. свртат вниманието додека во позадина друго тече.
2. Сакаат под превезот на здравјето да спречат имигрантите да влезат во ЕУ
3. Дополни :D
Не би одел со теории на заговор. Може е проста математика, дека инвестирање во мерки што би го спречиле ширењето се неисплатливи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.664
Поени од реакции
115.277
Да сакаат европските држави да ја спречат пандемијата, првично ќе ги затворат границите и ќе ги приземјат авионите на 2-3 недели.
Секако дека ќе го направат ова, и скроз да умре цела економија и светот да доживее крах. Не велам дека не можат да преземат поригорозни мерки поголемите европски земји, особено ВБ и Германија, ама не е баш така едноставно како што си напишал. Британците ко и на секое можно поле глумат различни од останатите и тераат изгледа инает, ама како тргнал вирусов за многу брзо време ќе им докаже нешто сосема спротивно, иако од се срце им посакувам тоа да не им се случи.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.312
Поени од реакции
26.228
Секако дека ќе го направат ова, и скроз да умре цела економија и светот да доживее крах. Не велам дека не можат да преземат поригорозни мерки поголемите европски земји, особено ВБ и Германија, ама не е баш така едноставно како што си напишал. Британците ко и на секое можно поле глумат различни од останатите и тераат изгледа инает, ама како тргнал вирусов за многу брзо време ќе им докаже нешто сосема спротивно, иако од се срце им посакувам тоа да не им се случи.
Така де, веројатно тоа е пресметката. Дека мерките за спречување ќе бидат полоши отколку 70% од население да се заболи. Ако е таква математиката, може да паничиме до мила воља, ништо нема да спречиме.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
14
Поени од реакции
46
Еве веќе во Кина се стабилизира ситуацијата само 3 новозаразени...
Инаку моментално се наоѓам во Франкфурт и да не го пратам форумов не ќе мислев дека ова Корона вирусов е толку незгоден, сакам да кажам ваму се функционира нормално и ситуацијата по кафичите и рестораните не е ништо поразлична од Македонија (иако само во Франкфурт и околија има моментално околу 30 заболени лица). Мерки ќе има сигурно од следната недела но стварно не знам зошто една велесила како Германија која е исто високоризична според СЗО е на Stand by.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.703
Не би одел со теории на заговор. Може е проста математика, дека инвестирање во мерки што би го спречиле ширењето се неисплатливи.
Самата логика, информации и гледање на работите од повеќе страни ти кажува дека нешто смрди во начинот на кој се справуваат и преувеличува кризата, ама зашто страв да не те обележат како теоретичар :toe: .

Мерките неисплатливи, а вака како тргнало, цената ќе биде повеќе трилиони (илјадници милијарди) долари.. :neetaka:
Дај друго мислење, не се срами :D
 
H

HoT _iCe

Гостин
Иду днска пешки на работу, кафиќи по Куманово сас отворени летни башче, пуни, кој цвикерче, кој пролетно кошуљче. Прави алфе, респекАт.
 
B

Beginner

Гостин
Добро како може границата кај Богородица сеуште да не е затворена? Филипче не ти текна за ова да направиш нешто (човеков ќе се распадне моментот кога бројката ќе помине над 100 заразени ама споменик му се гради) знаете грците што прават во Гевгелија? Брат ми работи во казино полно било грци, мајка ми во маркет вика грците гомна ти идат и намерно ти кашлат во фаца. И бидејки маркетот има игротека деца било полно што ќе му прави македончето на детето нели, и се празниле рафтови со брашно. Вујко ми на бензинска баш блиску до границата исто се расправал со грците гомна гнасни. И тоа Грција има 117 заразени гниди.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.312
Поени од реакции
26.228
Самата логика, информации и гледање на работите од повеќе страни ти кажува дека нешто смрди во начинот на кој се справуваат и преувеличува кризата, ама зашто страв да не те обележат како теоретичар :toe: .

Мерките неисплатливи, а вака како тргнало, цената ќе биде повеќе трилиони (илјадници милијарди) долари.. :neetaka:
Дај друго мислење, не се срами :D
Немам проблем да ме етикетираат било како. Оттрпнат сум на етикети. Стварно верувам дека причините за меките “мерки“ е комплетно економска.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.703
А некој што не пие никакви лекарства, смее да го употребува?
Ако има таков, прашај го... Јас не реков дека не смее :P
Ме збуни такво мислење да има, а конзумира, плус и на џукелите им дава. А замисли место Бетмен (лилјакот) да беше виновник некое куче...
Не се чепкај кај што не ти е познат теренот :pipi:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
што значи тоа? Какви мерки се преземени при вонредна состојба за вирусот?
Буквално дава право на штабот(што е от медици, воени и епидимиолози) да ограничува правата и свободите на гражданите и да се користи сила при обиди на непочитуване на карантин или разпоредуване на штабот. Дава се право да се користи на штабот полициja и жандармериja
Ке се прецезира, но штабот сака да затвори дискотеки, барове, казина и така натаму. Затварјане на граници и ограничуване на влез и излез во/от БГ.
Со два збора, тоа е граганскиот еквивалент на военна состоjба со ограничуване на граганските права. Министерствата имат планови кои мора да влезнат во употреба - наjвеке социалнато со начинот за изплата на пенсии (предпоставува се, дека ке се насат на врата , за да седат возрастните дома ). При вакви состоjби се вклучува црвен крст, барат се волунтери.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не сакам да ширам паника ниту тоа ми е намера, но бидете свесни дека :
1. Веќе е касно за било какви мерки.
Далеку е од касно за мерки и доколку тие бидат соодветни нема да се остварат дел од апокалиптичните сценарија кои ти се наведени во постот. Вирусот е многу заразен, но со соодветни мерки може локално да се контролира. Пример во Кина со превземените мерки степенот на размножување ( R0 ) паѓа од 3,86 на 0,32 , што ефективно ќе го задуши ширењето на вирусот. Голем проблем моментално е што дури и да се нормализира ситуацијата во една држава, само еден нов заразен може повторно да го рашири вирусот во големи размери. Ако топлото време не го забави/запре ширењето на вирусот ситуацијата нема да биде целосно под контрола се до пронаоѓање на вакцина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom