Абе сеа ти Милано остај Милано - збориме за КАМ ,Тинкес и ко. кај нас тие се големите маркети

Како е ситуација во Милано?Дали си некако(како) си затегната од мерките?
кој не е засегнат и затегнат не знам

ќе се повторувам можда...
трета недела сум дома, после неколку дена кризи во Кина јас бев една од првите што остана без работа, дека фри ленсер, и фирмата каде работам одма ја осети кризата па почна да се заштитува.
Требаше да почнам одредени терапии, ми ги откажаа, мора да почекаат

загрижена сум за некои членови од мојата фам,олија затоа што се во ризичната група, за постарите, баби и дедовци, спремни сме за најлошото

немаше маски и гелови, па се вратија, па пак снема маски, гелови има насекаде, храна има, лекарства има. Во моментов освен аптеки и самопослуги не смее да има ништо друго отворено (а јас се чудам овие пољациве што ја поправаат фасадата на зградава карши, како не се по бунија до сега)
ако се движиш, тоа може да е само за да купиш храна (еден човек од фамилија, ако сте двајца во кола, казна), ако е итно нешто во врска со здравјето (вчера трчав на забара, јбг) и мора да пополниш аутосертификат каде ќе е напишано каде и зошто одиш. Те проверуваат и ако не е точно две казни следат.
дружење преку скајп. Вчера имавме видео чат каде што група од 8-9 души заедно имавме аперитиво и вечера, хаос беше се утепавме од смеење и вечерва се гледаме пак
