Другите европски држави се недела ипол позади Италија и сеуште немаат такви жаришта како регионите во Северна Италија. Ако епидемијата во овие држави го следи истиот pattern како и во Вухан, Иран и Северна Италија, а не го гледам зошто би било поразлично, од следната недела може слични ситуации да се јавуваат и во други држави. Колку што гледам, она што се повторува од реномирани епидемиолози, е дека критичниот момент е кога бројот на хоспитализирани наеднаш го надминува капацитетот на локалните болници. Па многу луѓе кои вообичаено би добиле подобра нега, добиваат многу мала и тука нагло експлодира бројот на умрени.
Кина успеа да го запре вирусот во Вухан, ама сега им се јавуваат нови случаеви од луѓе кои се враќаат од други жаришта. Којзнае дали ќе успеат до крај да ја исконтролираат ситуацијата. Се надевам дека има нешто во теоријата со топлото време, или дека ќе се наоѓаат поефикасни лекарства како поминува времето. Затоа би било добро да се одложи колку што е можно повеќе ширењето на вирусот кај нас. Али, кој ќе ја скијаше Италија и кој ќе го шеташе Рим за 8ми Март...