Децава како да живеат во времето на комунистите кои лажеле.:podsmev:
Добро вака, нешто што сум пишала, ама морам да повторам.
За да биде некој со некого, треба макар и мала привлечност да има и точка. Значи, дечко ми може нема да е заљубен во некоја, може мене сеуште ќе ме сака, но кај другата мора да има нешто што ќе го привлече и на што ќе и падне. Ако има нешто такво кај некоја друга, тој мене не ме сака како што треба. Во тој случај, многу подобро би му било да ме остави ... не е тоа љубов, кога си дозволува да има еден секс (макар и општо разлапување) со некоја затоа што има подобар газ, усни или гради од моите (на страна психичката привлечност ... неа не ја ни мислам!).
Тоа само него го омаловажува ... или па и не ... ако има потреба по нешто друго, тој не е спремен и не го сака тоа што го имаме, па ништо страшно, секој по својот пат.
Но да му простам доколку разберам за тоа? Ма нема шанси! Што ако му простам? Ќе ми се лигави после тоа со што ќе ми се чини дека врската ни е поубава? Ќе ми се кае и извинува? Демек некој друг место него го направил чинот? Па незнам колку неможе некој да ми објасни зошто ме изневерил, а да можам да го проголтам тоа. Тој се освежил и си го направил меракот, а јас ќе се спуштам подолу во име на љубовта, ќе му простам и продолжуваме да? И се` би требало да е во ред, м? Или па ајде и јас ќе му вратам и ќе правиме каша - попара од врската додека не се израмниме?
А Некрофилија, не разбрав и јас, што врска има тоа дека сме 21 век??? Љубовта значи нешто друго во денешно време? Чувствата се менуваат на секои 100 години? Што ли?
Абе не ми се верува како си ги сфаќате работиве ... не, не и не.