Па нема баш еден тон вакви. И дел од нив многу често и не успеваат да бидат вака добро обмислени, со интересни и добри актери, врвно изведени.
Едино исфорсиран ми беше Даниел Крег со акцентот, да беше некој друг уште подобар ќе беше филмов.
Кажи им го тоа на целата популација што има гласано на LB и IMDB и средна оценка 8.2/10
Јас му имам дадено 9, ти 7. Средна оценка од луѓево 8.2/10.
Нема тука простор за курчење со „медиокритетни филмови“ како тоа јас сум бил „фасцнириан“ итн.
Не знам што ти е поентава со „популацијата што има гласано ваму и таму“, треба тоа нешто да ми значи или да ми биде пресудно кога оформувам мислење за филм?
Ти глеаш кој како гласал за да кажеш кој филм е добар а кој лош?
Зашто јас ниту гледам, ниту можев да знам кога го гледав филмов во кино кога уште го немаше тука никој гледано, за да се водам по популацијата како гласала и зошто гласала. Многу просечни и медиокритетни филмови имаат високи оценки на масовни сајтови, па тоа не ги прави истите добри или натпросечни.
Тоа дека ти си фасциниран не знам што е спорно, му имаш на филмот дадено 9 и напиша многу пофални зборови за него што укажува дека си фасциниран, а ниту може да постои курчење со нарекување филм медиокритетен.
Не реков јас дека сум подобра од другите што не ми бил филмот спектакуларен, ниту па ме заболе кур за измислен елитизам кога станува збор за филмови.
Филмови има за сите и за сечија преференца, тие што го гледаат Тарковски не се ништо подобри од тебе што си му стаил 9ка на Највс Аут, ниту па ти си филмски супериорен врз луѓе што филмовите на Адам Сендлер ги сметаат за уметност.