Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Ај вака... и ќе прекинам тука со коментирање пошто беспредметно ми е. Доволно е да ја следам темата и од време на време да се чудам ако некој има да постира нешто паметно.

АКО недај Боже по некоја случајност вие безгрешните закачите некаде по светот некоја болештина и од било кои причини истата ја донесите во мкд (без разлика на вашите намери и потреби и причини од кои сте го направиле тоа - макар и страв да биди) дојдете Ве молам тука на форум и јавете се, напишете... јас бев тој што донесов X болест во мкд, која е вирусна, која се пренесува од лице на лице (не по секоја цена пошто не сите заболуваат ама пак сите сме склони кон паничење - океј), болест која нема да е причина да ја снема цела мкд и цела популација на планетата и на КРАЈ кажете дека нема да ви е мило некој да ве нарекува гуска или со било кој погрден збор. ЌЕ ВЕ СФАТАМ. Нема да ми е мило, но ќе ве сфатам и разберам.

А се надевам дека и ти и сите кои размислувате како панична 15 годишна тинејџерка на која и касни 2 дена ќе разберите една работа... НЕ е крај на светот и уште повеќе се надевам дека како што паничевте на оваа тема па за два дена има 50 испишани страници, како што удирате сеир по фб и слично барем десеттина од тоа време ќе го поминете да помогнете да нема толку зависници од дрога во државата, да нема толку преносители на хепатит Ц, ќе се заложите на генерациите кои идат после вас (нели како свесни граѓани) да им пренесите дека не мора да шират нозе од 13 и да објавуваат слики по јавни соби или не знам какви, дека не мора да се покажи мажот дека е маж ако има дома фамилија и уште 3 швалерки на страна, дека не мора да се трујат бездомните кучиња наместо истите да ги згрижиме или воопшто да не ги фрламе и РЕД други работи кои цивилизираните држави или пак луѓето кои живеат во нив ги сметаат како нормални т.е. цивилизациска придобивка на СВЕСНОСТ и градење на колективна СВЕСТ за тоа што е добро и што е лошо поведение (а не прво трчање да го осудиме истото).

Единствената цивилизациска придобивка која ја гледам во врска со темата е тоа што имате интернет дома и можете да изгуглате или еве вака од форуми да се информирате за начини на превенција и слично. СЕПАК, некои од вас кои успеваат да паничат за еден ебан грип (камоли за ова) креваат тензии, така лесно осудуваат и фрлаат со дрва и камења по луѓе кои ни криви ни должни се заразиле од ебан вирус. Не е крај на светот ама вашите големи главчиња, со мали мозочиња, изгледа не можат да го сфатат тоа.

Епа дечки, нека ви е со среќа. Далеку со тој ум не стигате, али вие си знаете. Големи сте.
Еве и јас ќе бидам краток, јас ги изнесов само фактите, и чисто претскажав што ќе се случува наредните денови, ниту сум нападнал некој ниту те напаѓам тебе, уживкај си и не се замарај ќе пројде и ова, не е прв пат да има епидемија во последните 100 години 100 пати имало, ниту ќе е последен.
 
Можеби Швеѓаните имаат висока колективна свест, но што е со сите малцинства кои живеат таму? Работам со кинескиња која отворено зборуваше за нејзина познаничка која била во Кина за кинеската нова година, и после враќањето во Шведска нормално си го продолжила животот, таа на работа, децата на школо, ни карантин ни бутур. И таа не е единствена. Оваа мојава избегнува и да јаде во кинески ресторани периодов пошто ги знае каков народ се. Они од настинка да се болни ќе дојдат на работа од таа пуста желба за докажување, не па за ова.


Тоа е индивидуално и тука крива е државата што не дала инструкции. Во АУС секој што бил во Кина мораше првите 2 недели да си седи дома. Децата на школо не ги примаа. Имам другар што живее во населба каде претежно се кинези/хонг конг, и баш кажуваше дека класот на ќерка му од 24 деца бил намален на 11 деновиве.

Кина е и голема држава, колку Европа. Не значи дека секој што дошол од таму е заболен. Шведска треба малку посериозно и построго да контролира, премногу либерално не е на арно, ниту пак премногу паничење али каде има шанси за зараза треба да преземант адекватни мерки.
Автоматски споено мислење:

Жената доаѓа од област инфицирана со корона, на граница ги лаже дека нема ништо за на крај вие да ја браните? Ако ова ви е за заебанција вас не знам друго. Ама ич не ми е гајле зошто се враќала, како се враќала. БОЛНА Е ОД КОРОНА АЛОООО. Уште плус прашања поставуваат. Мрште бре


Ако е македонски државјанин неможеш да не ја примиш. Италија може дури и да ја депортира ако сака, должност ни е како држава да ја примиме.
Автоматски споено мислење:

Се шпекулира дека вирусот не може долго да преживее во тропска клима. Индонезија сеуште нема заразени мада ова не верувам, мислам кријат... Во ладна клима (под 20 степени) подолго живее вирусот. Нема официјални податоци за ова али веке од неколку места се спомнува.


 
Последно уредено:
Толку ли ти е тешко да сфатиш дека се работи за Италија?
Изгледа тебе ти е тешко да сфатиш дека си напишал треба да се затворат границите. Тешко ти е да сфатиш дека не си напишал дека трееба да се затворат само кон Италија. Тешко ти е да сфатиш дека со Италија немаме граница туку луѓето најчесто доаѓаат преку Србија и Бугарија. Тешко ти е да сфатиш дека луѓето за да се вратат дома ќе кажуваат дека доаѓаат од друга држава. Најтешко ти е да сфатиш дека и ти би постапил исто ако се најдеш во таква ситуација.

Тешко за сфаќање, навистина тешко.
 
Во афричките земји не гледам заболени, логикава иди ако не знаеш да испиташ, нема ни вирус во државата.
Туку ова ќе биди најтежок дел од животот на просечниот Северџанин, ќе мора да седи дома и да гледа само мтв1, мтв2 и собраниски :D
 
Во афричките земји не гледам заболени, логикава иди ако не знаеш да испиташ, нема ни вирус во државата.
Туку ова ќе биди најтежок дел од животот на просечниот Северџанин, ќе мора да седи дома и да гледа само мтв1, мтв2 и собраниски :D

Хах може да функционира и така, нешто како гимнастиките со процентот на невработеноста но случаеви во Африка има во Алжир, Египет и од денес во Нигерија.
 
Хах може да функционира и така, нешто како гимнастиките со процентот на невработеноста но случаеви во Африка има во Алжир, Египет и од денес во Нигерија.
За Египет и Алжир видов, мислев на отпеани земји како Судан, Конго..
 
Погоре ги прочитав насоките и информациите, прилично јасни. Вака требаше министерството да излегува со подетални информации.

Ме интересира само дали може да се пренесе преку посекотина или раничка на рака/лице?
 
Доктор Чепреганов: На коронавирусот му се даде големо внимание и стана стресовна состојба

е*ати здравството што не признава ИМУНИТЕТ како научна дисциплина !!!
Досега имаше во државата само еден клинички имунолог во Воена Болница, од кога тој се пензионира 2000 нема веќе ниту еден клинички имунолог за возрасни !!!!. Имаше во медицина на трудот еден но не работеше на тоа туку на алергија од лекови, бидејќи немаме реагенси за имунолошки анализи...
И кога имаше реагенси, невролози се плеткаа во имунитетот, тоа било само на нервна база :facepalm: ...
Дури и тие што се занимаваат со канцер не се бават со клиничка имунологија. Имаме само имунолози за деца, но и тие не се јавуваат кога ќе има карактеристични случки, на пример кога почина 15г Анабела за 3 дена, па од вироза почина и 2г девојче во Охрид 2017, кога министерот си даде оставка...
Не само што нема јавното здравство, кај нас НЕМА ниту Приватен !!
а има разни алтернативни скапи хохштаплери колку сакаш
 
Последно уредено:
Ама и народов е без мозок. Ми кажува една роднина што работи по клиникиве, време за посета на пациенти само од 13:00 до 14:00. Кај се тепаат да влезат и вон време за посета на пациенти, доаѓаат да ги посетат раскашлани и раскивани :tapp: кај ситуацијата не им е најсјајна на голем дел од пациентите што лежат, им фали уште некој да им донесе нешто од надвор. Не велам дека на клиникиве е сјајно ама самите лошо им правите на блиските ако одите во посета а сте за дома седење и самите.
 
Негативни се тие од комбето, спијте мирно :)
Лично познавам патник од комбето , 14дена дома па ако нема симптоми може да излезе. Ако сака предходно да излезе понудено им е во вторник да земат брис , да си го платат сами прегледот и ако се негативни може да излезат од дамашна изолација. Впрочем 4 дена веќе поминаа ниту маски им имат однесено , нити храна ниту ништо . Само телефонски ги контактираат . А на прес нешто друго дрнда министерот .
 
Лично познавам патник од комбето , 14дена дома па ако нема симптоми може да излезе. Ако сака предходно да излезе понудено им е во вторник да земат брис , да си го платат сами прегледот и ако се негативни може да излезат од дамашна изолација. Впрочем 4 дена веќе поминаа ниту маски им имат однесено , нити храна ниту ништо . Само телефонски ги контактираат . А на прес нешто друго дрнда министерот .
Како по обичај :) ете во Охрид немало термална камера a на ТВ сме биле пред Белгија :pos:
 
Во Битола двајца работници кои биле во Италија ќе биле под надзор 2 недели. Сами се јавиле штом пристигнале тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom