Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Епа не е исто "и откажало едното белодробно крило" со "само со едното белодробно крило диши нормално"ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичарницата на Водно
„Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, сѐ до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.
Шала бе сегде се вртеше вестта, со едното белодробно крило само дишела нормално.
Колку само беспотребно какање и кревање паника. Пресот вчера беше скроз на место и многу беше очигледно дека новинарите бараат да направат сензација.
Жената од граница директно со кола била пренесена на Инфективно во Скопје. Прва и основна грешка, бидејќи сто пати беше кажано, додуша го пишува и на самите флаери кои ги даваат на граница, дека треба да се јави на посебен број за да биде испратена мобилна екипа. Тука се очекува мислам и малце свест од поединци и џабе се сите напори на институциите кога не се следат препораките.
Колку за споредба, една Шведска ниту ги забрани летовите до Кина во екот на епидемијата во Вухан, ниту па сега ги забрани до Италија. Ниту па има термални камери на аеродромите ниту некој ви ја мери температурата на истите.
Земјава се соочува со страшен недостаток на медицински персонал, така да ако фати тука нешто посериозно ќе биде многу интересно. Пред неколку месеци имаа недостаток на опрема за оперирање, се оперираа само итни случаи.
Во моментов учениците имаат некој зимски распуст па пола Шведска е на скијање во Италија или на Тенерифе. Вчера беше дијагностициран вториот случај во Гетеборг, исто жена која била во северна Италија скоро. Не можам да ви опишам колку ноншалантно се понашаат властите тука. Така да живејте, споредбено со тука мислам дека Македонија сега за сега добро се справува со ситуацијата.
Во Прилеп, ако се сеќавам добро. Имаше краток документарец за тоа.
Бев во два познати маркети сабајлево, едниот да купам ствари, другиот чисто ради мини социјален експеримент. Исто така прашав човек што во исто време беше у трет маркет.
Не знам од каде се шеруваат слики за празни рафтови, бидејќи ја такво нешто не приметив сабајлево, нит за брашно, нит за зејтин.
Кој знае тоа сликите дали се од сега и дали тоа е стварно базирано на масовно купување или едноставно ги тргнале продуктите, или пак тие слики се стари, или па можеби тоа е случајност. Убеден сум дека многу од сликиве немаат врска со наводната паника меѓу народот и се само кликбејтови. Каков народ сме ние, абе за лајкови и центар пажња ќе шириме уште толку паника. Све за да се биде центар пажња на групен чет или на социјални мрежи.
Маркетиве, т.е нивните социјални мрежи си тераат ongoing маркетинг кампања со попусти, чуда и тн наместо да искочат и да ги демантираат (или потврдат) сликите кои кружат и да смират ситуација.
Порталиве си шљакаат глупости ама буквално copy-paste глупости често ширејќи паника, тролаат или пак шират глупи полуинформации со цел да дојдат до клик повеќе не сфаќајќи ги последиците кон аудиториумот, најголем процент од кој мисли дека "Напалена жена на 5 км од тебе КЛИК ОВДЕ" е легитимно.
Барем малце бре свест да се има, еден грам. ви ебам тоа орките закрепостени.
Треба да напрат како во странство,повеќе од две кг да не можи да се купи, пак ќе им го најдат чарето ама сепакВо Кам у Капиштец тестенини немаше по рафтовите а брашното ме мрзеше да го барам.Исто имаше повеќе гужва од вообичаено. Две баби пред мене беа со 5 кила брашно и нешто збореа во стилот „абе месиме, се троши"
Треба да напрат како во странство,повеќе од две кг да не можи да се купи, пак ќе им го најдат чарето ама сепак![]()
Јас мислам дека помладите се повеќе испаничени затоа што се обесени на социјалните мрежи 24/7 и читаат се и свашта,старите не го сваќаат толку сериозно вирусот и повеќето се со мислење од типот " дадовме зедовме ние "стари луге по 3 пати ќе треба да искачаат, повише шанси има да падне и да пушти душа него вирусот ама нема шанса да ги убедиш различно. пушти ги нека наполнат залихи и нека седат дома, може и боље така
шуќур ке се укине бацување рака и јадење тие лепчиња у црква...Изгледа и папата го закачи вирусов
https://www.dailymail.co.uk/news/ar...G9FOsLv9iIU1kQleJFXNfZ_H2gjO2Mze32H1COcfELqsQ
Дали ќе им текне на нашиве да стават на грчка граница некоја контрола ?? не е само грци, има патници што доваѓаат со бродои па после со други превозни средства северноВо Грција по првиот случај вчера, денеска има уште два нови.
https://www.kajgana.com/deteto-na-p...-ushte-edno-lice-se-pozitivni-na-korona-virus
Sportlov e, а сироти они ненашетани цел живот.
Се согласувам со тебе за недостатокот на персонал ама тоа не е од сега, порано, пред многу години ( од муабети ) било многу полошо. И не сум сигурна дали единствен проблем е недостатокот на персонал или многу голем удел има самиот здравствен систем. Односно, се е лагом, се е на тенане, нема брзање, нема форсирање, нема итност. Итност е само мозочен и срцев удар. Најголем совет е “пиј вода”, не постои болест која они не ја лечат со водата.
Нема паника воопшто затоа што се нација што им верува на системот, нација што знае системски да се справи. И да бидеме искрени, се ноншалатни, но имаат многу висока колективна свест и тоа е она што ќе ја направи разликата на епидемија во Македонија и Шведска. Не здравствениот систем туку колективната свест, едукацијата и заштитaта.