Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Грне е манга бе! Шо демек ако земал 10.000 евра месечно додека ги бранел боите на клубот, сега нема право на свој став?! Па како прво чоекот си ги заслужи тие пари. Одигра преку 120-130 утакмици за Вардар, беше капитен на екипата што донесе 3 шампионски титули и историски влез во групи од ЛЕ, и што е многу важно, милиони во клупската каса од фондот на УЕФА. За разлика од брат му, никогаш не се мешал во партии, едноставно не го занима политика. Кај сте виделе од него да поддржува нечии партиски мислења.
Може начинот на кој се изразува не е на место, ама ипак тоа се социјални мрежи и може што сака да пише, а не официјална изјава пред камери. Али од друга страна кога ќе прочитам како некој идиот си дава за право да му пише дека Самсоненко требал доживотно да му забрани влез на стадион само затоа што неговиот тотем бил спомнат во негативна конотација, одма ми станува јасно на колку примитивно ниво се наоѓаме.
А за неговите муда и храброст е бесмислено да се зборува. Капитен како него, Вардар немал у последниве 15 години. Можам слободно да кажам.
 
Една позитивна работа која ја забораваме да ја пишеме и пофалиме е работата на клубот со градинки, основни училишта, училишта со посебни потреби итн.
Многу важна работа во односот на маркетинг, односи со јавноста и доближување на клубот до граѓаните.

Тие дечиња ќе пораснат но никогаш нема да го заборават денот поминат во ФК Вардар.
А пламенот кој ќе се разгори во нив сега, црвено-црн ќе тлее и гори до крајот на животот.

Така се гради и јакне клуб. Браво.
 
Против Ѓорче ја би играл 3-4-3:

Гачевски

Новак, Младеновски, Тошевски

Брдаровски, Најдовски, Адем, Жуниор

Цветановски, Ибиши, Попзлатанов

Ќе биде тешко, но верувам во момците.
 

Ова не е за вас капитенско однесување?

Среде Тетово му се посра на Буба и Алими.

Каков човек е приватно не сакам да навлегувам ама од мене го има респектот.

А на крај пак и беше избркан од тимот како да е некој најобичен играч и сепак не престана да навива за Вардар.

Ecolog e sponzor i za vas, bidejki ve shteti u Tetovo. Vo " Tunelskiot " period, Grncarov mozebi bi gi kazel kolku gi ima jajcata, no bi ostanel bez niv :)
 
Ecolog e sponzor i za vas, bidejki ve shteti u Tetovo. Vo " Tunelskiot " period, Grncarov mozebi bi gi kazel kolku gi ima jajcata, no bi ostanel bez niv :)
Можеби ќе било така ама никогаш нема да дознаеме, ама тој ден видовме кој остана без јајца.Хасани од Буба стана Љубица :icon_mrgr:
Не му бил даден баш тој прекар за џабе :D
 
ФК Вардар е формиран во 1918 год.во Топаана.Тој клуб се натпреварувал од почеток на лигашко натпреварување во Македонија.Дури и во време на втората војна во Скопје постоела лига од четири клуба.Во таа лига се натпреварувал и Вардар.После втората војна на Топаанчани,НАСИЛНО им е одземено името Вардар.Имено,поради спротивставувањето на политичките барања да се смени името,три члена на управата на Вардар,завршуваат во затвор.Павле-Китка, Благоја-Шошолче и за третиот не се сеќавам,во моментов.Тоа бил еден од најорганизираните клубови во Македонија.Така на пример Македонија во 1946 година,одиграла прв меѓународен натпревар со репрезентација на Албанија.Македонија настапува со дресови и друга опрема на клубот од Топаана.Во репрез.на Македонија настапувале и два фудбалера од клубот.Тоа може да се види на заедничка слика на Македонија и Албанија.
И покрај тоа најголемите навивачи на "новиот "Вардар"биле од Топаана.Го знаеа тоа,сите во Вардар.Од управа,до тренери.Бевме во тек со се што се случува во Вардар,пред да се појават информации во гласилата.Главна спона,меѓу нас и управа беше Крсто,возачот во Вардар.За било каква потреба,тој знаеше каде да не најде.Северна беше нашата трибина.
Нема опис за фотографијата.


Фудбалски клуб во Топаана е формиран во 1918 г.на Божиќ(25 декември-католички)Практично,израснат од војната,поради што клубот го добил името по богот на војната"Марс".Набрзо потоа е преименуван во Вардар .
Starite skopjani go znaat ova.
 

Меѓутоа понудата не била прифатена, исто како што не била прифатена и другата, која била уште поголема и се однесувала и на ФК и на РК Вардар.

Скандинавци понудиле да вложат во црвено-црната гордост на Скопје вкупно седум милиони евра, пари со кои и двата клуба би можеле да застанат на нозе.

И двете понуди биле одбиени.

Стварно нешто вакво се случило? Или муабети од ракав истресени?
 

Меѓутоа понудата не била прифатена, исто како што не била прифатена и другата, која била уште поголема и се однесувала и на ФК и на РК Вардар.

Скандинавци понудиле да вложат во црвено-црната гордост на Скопје вкупно седум милиони евра, пари со кои и двата клуба би можеле да застанат на нозе.

И двете понуди биле одбиени.

Стварно нешто вакво се случило? Или муабети од ракав истресени?
Да, ама денес Сергеј демантираше за ова.
Инаку чаршијата друго збори и има вистина, пред се за кувајтската компанија.
Што мислите, со Кире муабетот зошто излезе и се стиши веднаш, не е ништо случајно.
Полека ќе излезе се на површина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom