Плински уреди

Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
Имам едно прашање.. Која е причината автомобилот кој користи плински уред да мириса на плин внатре кога ке се вклучи парно, или пак да мириса на плин надвор кога ке се запали моторот? Ова повеќе го имам приметено кај карбураторски систем, него кај инџекшн системи.
Можно е да грешам околу ова последново, но сакам да ставам плин на карбураторски систем, па сакав да знам од каде и зашто и дали би го имал истиот тој проблем со мирисот.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47

Со правилно монтиран и одржуван плински уред не треба да има мирис во колата, тоа се однесува и на најновите секвенционални уреди и на постарите модели на плински уреди наменети за карбураторски возила.
Причините заради кои може да дојде до мирис внатре во кабината се повеќе:
-неисправна инсталација на плинскиот уред, неисправен вентил, дотраени мембрани на испарувачот, мрзнење на испарувачот заради ниско ниво на антифриз итн
Можеби причината за Вашата забелешка дека кај карбураторските возила почесто се забележува мирис на плин лежи во тоа што тие се веќе постари возила кои не секогаш се одржуваат редовно.Заради лошо согорување во моторот издувните гасови кај овие возила имаат поизразен мирис на плин. Мирисот на плин во кабина кај нив почесто е заради наисправен ауспух, и со вклучување на парното греење издувните гасови се случува да влегуваат внатре во кабината (ова најмногу се приметува кога колата стои во место).
Накратко, кај исправно и редовно сервисирани возило и плински уред, нема причина за да се појави мирис на плин
 
Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
Ви благодарам на одговорот.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Дечки знае некој да ми каже како им оди потрошувачка на плин на следните модели:

Opel Vectra 1.6 16v
Opel Astra G 1.4
VW Golf III 1.6
VW Golf IV 1.6
VW Passat (5B) 1.6
Audi A4 1.6 (претпоставувам слично со Пасат и Голф)
Audi A4 1.8 (обично не turbo)
Mercedes C180 W202

Ако се сетам на други ќе допишам...

Значи ме интересира потрошувачка на плин (РЕАЛНА) градска/отворено :)
на ова прашање нема да може ни баба ванѓа да ти даде точен одговор...

значи, потрошувачка на возило зависи од тоа како и во кои услови се вози... а има барем 10 фактори кои ја диктираат потршувачката... меѓу кои и правилното штеловање, стискње на педала, обртаи на кои менуваш брзина, максималан брзина која возиш, отворена или градска вожња, раб. температура на мотор, верувале или не во игра се и свекици, тип на масло, јачина на алтернатор, клима, спојлери, аеродинамика и... и едно од нај битните, истрошеност на мотор... и се ова важи и за плин, и бензин, и дизел, и мотометан....

ај сега, најди средина ако можеш... НЕВОЗМОЖНО Е!!!! разликите можат да бидат до 100% од идентична кола до кола...

еве јас има 2 комада рено 19 1.7 90 коња... комплетно ИДЕНТИЧНИ .... едното троши 16 плин а другото 12... и двете се штеловани на гас анализатор, и двете се со исти параметри, исти мотори, исти компјутери, и двете се француски а не турски... ама.... е ама има разлика од околу 35% од едното до другото и на бензин и на плин... јас толку време во животов се зезам со автомобилизам и немам никакво објаснување зашто... дури ни плимонт, ни авто механичари разни незнаат зашто... сите креваат раменици...
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Добро јас барам средни вредности. Се знае дека има разлика од кола до кола.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.901
Поени од реакции
722
Едно прашање до Плимонт.Кога бев со Фелицијата направивте работа и ми рековте да измерам колку троши и ако троши многу пак да поминам да се штелува.Е измерив потрошувачка и со 32 литри плин поминав 250км со нормално возење,шалтање на 2500-3000 обртаи што му доага некаде околу 12.5 ако не и повеќе литри на 100 км (да трошеше 10л на 100км ке поминев барем 320км).Мерев уште еднаш со 500 денари,12 литри нормално просечно да трошеше 10 ке поминев 120км,јас мерев помина 92.Мерев уште еднаш со 500 денари и малку поостро возење и поминав 78 км,што му доаѓа просечна потрошувачка над 12,5 литри.Дали може да поминам деновиве после 14 часот некој ден ова да се штелува зашто се чувствувам како да возам некој Мустанг од 5000 кубика и 200 коња :) ???
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
До плимонт

Колку би чинело вградување плински уред кај вас на пежо 206 седан 1.4 од 2007?
 
Се разбира, кога ќе си послободен , помини, ќе го сирнеме возилото. Доколку се изгуби сецкањето, веќе све е полесно за решавање. Ќе ја провериме на гас анализатор, тој ги решава зголемените потрошувачки на гориво. (освен на onak чудното рено)
Поздрав
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
До плимонт

Колку би чинело вградување плински уред кај вас на пежо 206 седан 1.4 од 2007?
Од уредите кои ги има кај нас, како најдобра варијанта во однос цена / квалитет би ти го препорачал Ланди Макс – 570 евра со торусна боца. Имаме монтирано голем број на Пежо возила бидејќи и самиот импортер на Пежо признава гаранција ако на колата се вгради плин само кај нас, така да нема да имаш проблеми. Ако сакаш можам да ти пуштам и некоја слика од 206 седан со вграден плин, како ќе изгледа со вградена боца, прекидач за плин ...
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Може дај стави некоја слика и кажи ми како оди потрошувачката кога е на плин, бензин троши до 7,5 градска, 6,5 комбинирана.
 
Член од
8 март 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Лично кажано сум за плин, но сметам дека најважно пред се е каде истиот ќе го монтираш, како што можев да прочитам во повеќето одговори. Иако можеби некогаш и функционира и она Направи сам, не е редок случајот кога ќе опнеш едно 1000 евра во "реномиран сервис за плински уреди". Искуство на мојот шура кој на Голф 4 му стави плин во Новус и оттогаш не може глава да крене од колата. Кога беше кај нив му рекоа не ти чини ова, не ти чини она итд. Човеков сначи смени се што може да се смени а е врзано со плинот и ефектот е еднаков на НУЛА. Кога отиде повторно кај нив ти му рекоа дека не е до нив и дека самата кола не трпела плин, што и не беше муабет кога плаќаше. Сега има пробелми со колата, имено кога е на плин помеѓу 1800 и 2000 вртежи колата му сецка (ама машки) и повторно потоа се смирува. Имал ли и некој друг вакво искуство и ако не е проблем да ми помогне да го решам со совет или кај некој механичар (во случајов електричар). Благодарам
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Sovet odete vo plimont. I pred da se stava plin ubavo rasprasuvanje za majstorite novus ne vazat bash za dobar servis
 
Член од
5 октомври 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ме интересира дали има некој искуство со плински уред на Форд фокус 1.6 1999 како со потрошњата на плин ? И уште едно прашање ми нудат монтирање на полски плински уред за 500 еура дали се исплати тоа или пак да си ставам италијански ?
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Може дај стави некоја слика и кажи ми како оди потрошувачката кога е на плин, бензин троши до 7,5 градска, 6,5 комбинирана.

Здраво acetetovo

Дали податоците за потрошувачката се добиени со проба (реални) или се од техничка документација? Имам пример со родителите на наш колега кои имаат Peugeot 206 1.4, кратка верзија, не го возат многу но сепак намонтираа плински уред затоа што градска потрошња им беше 10-10,5 литри (а по фабрички податоци пишува дека во град троши 8,4 литри)
Колку реално троши 206 –ка 1.4 плин не би можел да ти кажам бидејќи никој не дошол да се жали на потрошувачка. Ние стандардно кажуваме дека ќе троши до 10% повеќе плин од бензин и гледам дека возилата се во тие граници (од 0.8 до 1,2 литри повеќе од бензин)

Неколку слики од 206-ка 1,4 седан

Плинска боца

Полначка

Плински уред – преден дел

Контролно копче
 
Фала за сликите, добро изгледа, кај мене би монтирал цилиндричен резервоар за да не ја шетам резервната гума ван просторот предвиден за тоа.

Ај ќе размислам па ако се одлучам на плин ќе ти пишам пп. поззз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom