Прашање до плимонт:
Дали сте уградиле плин во Мерцедес Б класа, Е класа W211, Toyota Rav4 2006 годиште и како се имаат покажано?
Фала
Mercedes Е класа - W211, доколку е рестајлинг верзијата (тие се, ако не се лажам, 2007 до 2009 год. производство), не влегла сеуште во нашиот сервис за монтирање на плински уред.
Претходната Е класа W211 до 2007 год. не јавува пост-појави во вид на проблем на плински погон..
Мерцедесот B класа не појавува проблеми на плински погон.
Кај RAV 4 ќе мора да се вгради систем за подмачкување на вентили кој троши пола литар масло на 3-5000 км. (1/2 литар масло е 600 ден.).
И Смоле, имај на ум дека RAV 4 мора само цилиндрична боца, а има мал багажен простор.
Некоја слика:
E класа
4 цилиндри
6 цилиндри ML320 (го носи истиот мотор со Е Класата w211)
Б класа
Рав 4
Малку ме збунува (има два ауспуха), меѓутоа во датотека означено е како Rav4
--- надополнето ---
zdravo kupiv opel meriva 1.6 so plin nesto mi trokirase otkoa ke prefli na plin ja odnesov na plinar mi rece deka uredot bil eko 2 a motorot e eko 4 nesto poveke okolu toa inace plniot e mesten vo novus
)))))
Моделот Opel Meriva е понов и на него може да се вгради само секвентен тип на плински уред со директно вбризгување на плинот ( со инјектори).
Верувам дека во Новус го вградиле овој тип на плински систем. Доколку е вграден секвентен уред (со инјектори) изразите ECO 2..., EURO 2..., системи од трета, петта или незнам која генерација не важат (не се релевантни).
Денес се увезуваат секакви марки на уреди, за да се пробијат на пазар мора да се изрекламираат како нешто ново, така да често ги слушам тие изрази.
Трокирањето може да се појави од икс причини. Свеќица или некој друг високонапонски елемент од возилото, плински инјектор, уредот не е вграден по техничка спецификација и додека е нов ќе работи без проблеми меѓутоа со негова амортизација почнува да јавува недостатоци итн, итн..
поздрав