Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
морам само да те поправам, имаш мала грешка... дека не беше serko тој што се спротиставува, туку goran_d... он тврди дека плинот го расипува моторот... наспроти нас автомобилските фанатици, он знае подобро... и пази, вози цели 7 години на плин... тоа е релевантен фактор, нема везе тоа што јас се бавам со автомобилизам и авто механика дупло подолго од тоа, он знае подобро и знае како стојат работите... се исплаќало кога плинот беше 23... е па јас друже возам на плин кога беше 7,5 денари... ако се земе предвид дека тоа беше првата цена за авто гас во македонија, која се задржа некоја година, па следеше како сега еден ваков раст како сега и застана на 14 денари цели 5,5 години, па после полека полека дојде до тие 23 денари па се задржа некои 4 години и низ годиниве со сите турбуленции дојде до сегашнава цена од 42 денари, па нек прерачуна сега од кога јас возам на плин... значи додади уште еднаш па уште еднаш (втор пат) исто онолку колку што ти возиш... одприлика толку време возам на плин... и зарем мислите дека сум луд што толку врем возам на плин и не се откажувам од него? покрај тоа што си екологист, сериозна е разликата во заштедата... луге на запад прават калкулации за заштеда од 3-4% а тука имаш бааги поголема заштеда...
а... да... да не заборавам, веке 2-ра година експериментирам со возење на комбинација со водород... инаку и тоа не чини, така во јавноста вртат муабети... водородот бил прејак за моторот, ги горел кариките... па незнам, ај да отвориме моторот и да видиме а? хахахаха УПС се издадов... ке му текне на еден член од форумов, зашто го оставив да си стои цревцето од стариот саух на колата, наместо да го ликвидирам?
п.с. заштедата на возење на плин во однос на бензин е околу 35%... погоре подоле за некој процент, кај различни коли... ако ти е помала заштедата, т.е. не ти се исплати да возиш на плин, пушти срце и новчаник, па тркни до кај некои професионалци за авто гас, на пример еве членот на форумов плимонт да ти го штелнат плинот... инаку тоа се прави редовно а не еднаш за секогаш, и спаѓа во нешто што се нарекува тековно одржување... железо едно од ограда во двор, па сака секоја сезона-пролет да се префарба за да го личи ебаго, а не еден цел уред вграден во автомобил кој трпи толку многу потреси и промени, поготово со различен квалитет на плинот кај нас од плинара до плинара...
мембраните се отидени сигурно и морам да ги правам. прашав у гасматик ми рекоа 3 000 ама некако многу скапо ми се гледа тоа. прашував и на други места ми викаат 2 000 трети ми викаат 1700 е сеа у дилема сум кој е по мајстор. да не ги дадам парите за џабе само ме сваќаш?
П.С нисан сани 10 троши градска??? ја па мислев 7/8 т.е така имам читано по интернетов
Ај едно прашање до плимонт,дали работите на закажување или и да дојдам онака ќе се заврши работа?![]()
Имено имам Шкода Фелиција од 1999 година со обичен плин од кога памтам од кога е ставен плинот заебава нешто.Синоќа додека бев во Маврово и колата оладена незапалена ја запалив ама работи на 600-700 обртаи и тресе(и кога ке загрее исто така работи).Колата убаво почнува да влече после 3100-3200 обртаи а пред тоа многу млитаво,а во место ги полни обртаите со многу големо задоцнување ,еве да речеме да ја запалам и да стиснам на гас нагло(во лер) колата за 3-4 секунди едвај ке стигне до 3000 обртаи,и после полни убаво.Пробав на бензин приметив дека и бензинот ми е раштелуван кога се вози сецка на ниска обртажа некаде до 2200+/- обртаи.Уште првата година кога го ставивме плинот(пред 3-4 години) почна да појавува такви знаци на сецкање плинот па ја однесовме на сервис незнаеа што му е,отвориле плинскиот систем зачистиле којзнае што правеле и се намести и скоро година ипол добро одеше и сега откако во јули правев сервис за замена на сите потрошни материјали на колата плинскиот систем пак заебава.Им досадив на луѓето во сервис 100 пати ја штелуваа и ќе ја направат на бензин,на плин ке ја штелуваат пак несака,сецка и по некое време пак исто ако подолго време се вози на плин ке се раштелува и бензинот.Ништо не му е мењавано од кога е ставан,ни мембрана ни расплињача нити пак се разбирам во било што од тоа за да ти кажам повеќе иначе само знам дека е Ловато и не е инџекшн....Сериозно веќе од нервоза се мислам да го вадам многу повеќе почна да троши плин и да мириса додека се вози.
П.С Да прашам и дали може да настрада акумулатор од такви проблеми бидејки пред да одам во Маврово,саботата ставив нов и некако како да се помачи да запали и мирисаше моторот како да е пресисан од плин ?!
Може да е грешка во калкулацијата на потрошувачка. доколку навистина толку троши, многу е за тоа возило. И најчест извор на голема потрошувачка после повеќе години користење на плинскиот уред се мембраните, добро претпоставиле. малку ме буни цената на мембраните, да не има уште некој дел за менување, мембраните се (бар кај нас) 1600 денари, само да не е секвентен уред, со дизни.
Имам чистено пријател и знам како е, не сте само вие двајца запознаени со механиката, зар требаше тебе и онак да ве прашам дали е подобро плин или безнин, дај не правите се сезнајковци.
Пријателе не си ни пак ти релевантен фактор да кажуваш дека плинот не го оштетува моторот и да кажуваш дека подобро подмачкување има од безнинот или дизелот.
Објасни ми зошто колата на плин нема снага, не влечи колку на безнин.
плинот има пониска октанска моќност од бензинот, тоа значи дека има помала експлозија, помала детонација и помало оптаварување во клип одошто бензинот. од тука можеме да заклучиме дека ударот на кариките, клипот, цилиндарот, свекицата, радилицата, брегастата, ке биде помал и послаб, а тоа значи подолг век на траење... јас одговорно тврдам како еден од првите корисници на плин во македонија, дека моторите кои се возени на плин се подолготрајни одколку на бензин...
Прашање: колку би трошел плин 6 цилиндричен мотор Мерцедес, 2800 кубици со директно вбризгување? Моторот е од моделот 124.
Знаев дека немаат компјутер... Сума сумарум, неисплатливо е да се инвестира во такво чудо.Закључок, ретко, а може и ниедно од К-Јетрониците кој се на плински погон не работи правилно, и неможе да се даде некој податок околу потрошувачка.
Позз
zdravo kupiv opel meriva 1.6 so plin nesto mi trokirase otkoa ke prefli na plin ja odnesov na plinar mi rece deka uredot bil eko 2 a motorot e eko 4 nesto poveke okolu toa inace plniot e mesten vo novus)))))