- Член од
- 10 декември 2010
- Мислења
- 6.607
- Поени од реакции
- 8.292
У прилог му е да игра зошто иде Европско и ќе треба да биде у форма.
Што поскоро здраво враќање на Скот ќе ни биде од големо значење наредниов период. Додека крпиме по крила ќе може да се проба и дијамантот 4-4-2 со Игало и Марсиал во напад и Бруно зад нив. Средина Фред-Скот и Матиќ.
Значи кога шутира нека шутне у гол не у 16ти ред. Нека креира шанси , нека работи со напаѓачите.
Тука е генералот.Се придружил и Туанзебе.
ПС: Не го сретнав на форумов интервјуто на Фред, мислам треба да се сподели.Погба на страна, ме интересира кој е проблемот у соблекувалната.
Како тоа е исто објасни?Fred skoro dve sezoni vo Mancester, nekoj uste tuka ne mu ja znae pozicijata koja igra.
Toa e isto sega da zememe da go kritikuvame De Gea zosto ne dava golovi. Svashta.
Dzabe kje objasnuvam, nema da razberes.Како тоа е исто објасни?
Meне ме загрижува неговото незнаење да се адаптира на противник. Нафрлавме како улави против Барнли, кои немаат бек под 1,90. Нема pattern of play. Остана со деца во соблекувална. Најмногу ме загрижува тоа што искача и вика, добро е, им се држевме на пул до 90-та минута.И покрај тоа што досега ме изнервирал многу пати, јас сакам Оле да остане и да успее. Го разбирам неговиот проект "скала по скала" и ако анализираме прави добри чекори во поглед на засилувања и планско работење за градењето на тој финален произовод кој треба да се бори за титули. До доаѓање на тој момент не мора да сме трофејни, но да гледаме добар фудбал, позитивни резултати со топ4 пласман и ЛШ. Тие ќе бидат сериозни тестови кои ќе можат да го нишаат неговото столче.
Прв тест ќе му биде да не му се случи фијаско до крај на сезона со лош пласман надвор од топ 6 и без трофеј во ЛЕ.
Мислам дека во тој случај со слободен Покетино може да има поголем притисок и од јавноста и од фановите. Лично мислам дека ќе го помине овој тест.
Доколку преживее и летово според мене ќе добие добра инвестиција и ќе пазариме да ги пополниме критичните позиции. Вториот и според мене најважен тест ќе бидат резултатите до Јануари со тој подобрен тим кој ќе го има на располагање. Ако не се според очекувањата, нема да имаат трпение со него.
Околу шпекулацииве со Покетино, мислам дека со оглед на тоа дека со Жозе се спремал теренот неколку месеци претходно, тогаш можно е да сме во контакт со Покетино зад затворени врати. На тоа се надоврзува и изјавата на Покетино дека сака да биде во ПЛ и е спремен да чека некој период сериозен тим. Ако гледаме објективно минимални се шансите некој друг топ тим да отпушти менаџер. Пеп може да размисли само напуштање на Сити (ако се појави на пр. Јуве со квалитетен проект и понуда и да го замисли) иако и за тоа е мала веројатноста да се случи. Артета ќе добие уште 1 сезона шанса најмалку, Челзи ќе го поддржи Лампард исто најмалку уште 1 сезона, Клоп не верувам да бега. Единствено ако некои од клубовите со богати газди како Вулвс не ги качат амбициите со сериозен проект во иднина.
Мислам дека Покетино сака во Јунајтед и е спремен да чека за тоа, а и знаејќи дека Ед е гаден лик (на ЛВГ го тапшал, а зад врати го спремал Жозе), не би бил изненаден да го чува како ас во ракав за евентуално неисполнување на очекувањата од страна на Оле. Се надевам дека тоа нема да се рашири во јавноста, да се наруши амбиентот во соблекувалната и најмалку кон концентрацијата и фокусот на работата на Оле.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk