Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам и дека треба да те нервира во овој филм, така е направен. Го нашле глумецот изгледа да не мора многу да се труди за да не нервира :pos: Али шала на страна, добар е во филмов.
 
Moram da te prasham shto vide tolku posebno vo Uncut Gems shto te natera volku visoka ocena da mu dadesh?

Јас го изгасив на пола саат филмот.
Нешто што мислам дека во последниве 3-4 години ми се нема случено. До пола саат немав разбрано што се дешава реално, а пак Адам ми беше толку напорен со тоа мумљањето негово, сакав ушите да ми откажат само да не го слушам. Се на се, ќе го догледав да бев само незаинтересирана, али ова ми беше тотално непривлечно за сите мои сетила.
 
Moram da te prasham shto vide tolku posebno vo Uncut Gems shto te natera volku visoka ocena da mu dadesh?
Филмот успеа комплетно да ме исклучи на 2 часа. Така е снимен што одржува стрес констатно. Плус се дерев по дома по Адам - "што правиш бе кретен еден" без да спојлеришам многу. Билдапот до крајот е исто така многу уникатен. Не го предвидев крајот бидејќи не се ни обидував да предвидувам, едноставно се препуштив на приказната и тоа имаше голем импакт кај мене.

Една мана му е тоа што
Ликовите што го убија Адам и негиовиот шура на крај ми фалеа мотивација за нешто такво. Они беа обични бодигарди што работеа за шурата негов па зошто таков испад да имаат е малце нејасно.

Гледам не ве бендисал сите, можеби е малце субјективно, начинот на кој е снимен е малце неконвенцијален, чуден едитинг иако е намерно таков. Незнам. Но субјективно е малце највероатно. Најискрено можам да разберам оценка во рамки од 7 до 9. Кај кого како.
 
После Лук Пери, кој почина од срцев удар пред некое време, и Шенон Доерти е на пат да замине. Рак во четврти стадиум.

Колку беа популарни овие луѓе во време кога немаше интернет, не можете да замислите.
 
Страшно е што самиот филмски фонд дели неточни информации па се чудиме што медиумите пишувале глупости. Има разлика меѓу првиот филм и првиот документарец со две номинации.20200206_162614.jpg
 
Си отиде и стариот...

Убаво си тераше човекот додека не почнавте да го зборите на форумов пред недела две. Усти погани...
 
Кој дел од „алеџидли“ ти беше беше несфатлив? Напатствија for dummies: внесуваш три клучни зборови пребарувајќи на нет и на крај самиот оформуваш некаков став. Но тоа би било преголем напор за некој кој и инаку се плаши да не исчаши рачен зглоб ако скролне неколку пати горе-долу да прегледа готово сервиран линк.

па освен Том Хенкс секој актер е алеџедли последниве години
 
На сите стари филмови credits-от се на почеток. Има некоја стриктна година откако почнале да ги ставаат на крај? Или си одлучувале сите посебно?
Додуша, на старите филмови изгледа и не е целосен credits туку само поважните. Сепак не верувам, без разлика што се стари филмовите, толку мал број на луѓе да биле вклучени.
 
Не го кудев стариот, му се восхитував... не ми пишувај грев на душа безпотребно
:kafence:


Автоматски споено мислење:

Пиздо Интерашка :mad::mad::mad::mad:

Прегледај го приврзокот 232533

Јас ништо не реков. Да не креваме прашина сега за еден лајк.

Мојот омилен филм со дедо Кирк, од ВХС времињата:

 
@Natan 3.0 , сериозно мислам дека треба повеќе да не дружиш тука, ќе сфатиш дека сме обични смртници, со купишта маани, просечни и по ништо посебни. :love:

А Музика беше дури и пожив од Филм сега (па и некогаш). Види ги темите за најдобра екс ју песна и најдобра македонска песна. Потоа: Kajgana Song Contest-ите... Не знам како се сменија работите. Веројатно исто како што и тука се замира: филм клубот згасна, 5х предизвикот исто, годинава нема да имаме Kajgana Movie Awards, а во Moviespotting од година во година има се помалку избројани филмови.

Ама наскоро спремам нешто ново, поточно - некоја нова варијанта на нешто старо, па ќе видиме дали ќе заживее.
 
@Natan 3.0 , сериозно мислам дека треба повеќе да не дружиш тука, ќе сфатиш дека сме обични смртници, со купишта маани, просечни и по ништо посебни. :love:

А Музика беше дури и пожив од Филм сега (па и некогаш). Види ги темите за најдобра екс ју песна и најдобра македонска песна. Потоа: Kajgana Song Contest-ите... Не знам како се сменија работите. Веројатно исто како што и тука се замира: филм клубот згасна, 5х предизвикот исто, годинава нема да имаме Kajgana Movie Awards, а во Moviespotting од година во година има се помалку избројани филмови.

Ама наскоро спремам нешто ново, поточно - некоја нова варијанта на нешто старо, па ќе видиме дали ќе заживее.

Ти благодарам, ама мислам дека тука има многу поголеми филмофили, кои со многу поголем жар ги коментираат филмовите од мене. Читајќи ве вас, ме поттикнавте и мене да симнам баеги филмови од оскаровските фаворити годинава. И да ги пофалам твоите посветеност, информираност, познавање на филмската уметност и коректноста кон сите членови овде - не за џабе сите те доживуваат како модератор на подфорумов. Да, да, имам ѕирнато какви интересни дискусии се воделе на времето на Музика. :) Поздрав и стискаме палци вечер за „Медена земја“!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom