M
Mayavin
Гостин
Криво му е што не му го вратија батето Нејмар, и му го донесоа Гризман.
Чекај па и Пике јавно го поддржа Валверде, ако некој има тежина во соблекувална тоа се Меси, Пике и Бускетс и сите му беа пулени на Валверде. А ако не се лажам Меси е иницијатор и за Нејмар и за овој од Интер Лаутаро или така нешто беше.Не се буни за моменталната ситуација, се буни што го избркале валверде, Абидал вика играчите биле незадоволни, а овај му вика кажи кои се тие играчи, алудира дека против бркање бил/е. Камо да се бунеше зошто не донесоа нови играчи, тоа ќе беше друго веќе.
Точно, веројатно и за повеќе други, всушност сите играчи што ги носат, прво гледаат дали ќе може да играат со Меси и за Меси. Не сакам да правам сега теории, можеби има, можеби и нема толкаво влијание иако имам впечаток дека секоја одлука зависи од него.Чекај па и Пике јавно го поддржа Валверде, ако некој има тежина во соблекувална тоа се Меси, Пике и Бускетс и сите му беа пулени на Валверде. А ако не се лажам Меси е иницијатор и за Нејмар и за овој од Интер Лаутаро или така нешто беше.
Па ако сме реални го носи сам тимот на грб и сте ваделе победи кога сте играле стварно мизерно, и ја да сум на негово место и ја би сакал да имам збор околу тоа што играчи сакам да ијам околу мене, за цело негово наследство во Барселона неќам ни да правам муабет.Точно, веројатно и за повеќе други, всушност сите играчи што ги носат, прво гледаат дали ќе може да играат со Меси и за Меси. Не сакам да правам сега теории, можеби има, можеби и нема толкаво влијание иако имам впечаток дека секоја одлука зависи од него.
И што правиме со сите тие приврзоци од играчи кога тој нема да е повеќе во клубот? Знаеш во каква зафркната позиција ќе биде тогаш тимот, ќе треба да се продаде се, што ќе ти е приврзок ако немаш клуч.Па ако сме реални го носи сам тимот на грб и сте ваделе победи кога сте играле стварно мизерно, и ја да сум на негово место и ја би сакал да имам збор околу тоа што играчи сакам да ијам околу мене, за цело негово наследство во Барселона неќам ни да правам муабет.
И во моментов не ви е подобро, кога веќе се гради играта околу него и за него и сте стигнале во таа фаза после милион потпишани договори, одлуката ваљда треба да е заедничка, Меси и клубот. Иако се имаше слика дека Роналдо ја има истата улога во Реал, таму малку поинаку стојат работите, уште кога доаѓа играч во клубот треба да покаже почит и да покаже дека е искрен мадридиста, во оној момент кога Роналдо проба да уценува си ја виде вратата, и веројатно со сите играчи е така, статусот и наградите се заслужуваат со дела и почит кон клубот (ради тоа и Нејмар бил откачен после првиот состанок со Флорентино кога барал загарантиран првотимски статус и некој екстра кеш). А тоа дека од нула ќе почнете после неговото пензионирање, тоа си стои во било која ситуација, со привезоци или без, едноставно Барселона е Меси.И што правиме со сите тие приврзоци од играчи кога тој нема да е повеќе во клубот? Знаеш во каква зафркната позиција ќе биде тогаш тимот, ќе треба да се продаде се, што ќе ти е приврзок ако немаш клуч.
Да му ги донесеа играчите што ги бараше и да немаше ефекти, кривецот ќе беше Меси. Луѓето му донесоа се обратно од он што бараше, буквално се.Нормално е Меси да има огромно влијание. Сепак е најдобар играч во историјата, буквално клубот вечно ќе му биде должник за се што има направено и постигнато. Роналдо немаше ист статус во Реал, сепак не е иста ситуацијата. Меси е дете на клубот и цела кариера ја помина тука. Плус и денес ниедна екипа не зависи толку од еден играч а има скоро 33 години.
Е сега ова до некаде носи и негативни работи. И јас мислам дека тоа прилагодување на екипата на неговата игра може да ни се одбие од глава кога тој ќе се пензионира. Дури тогаш ќе почне кризата. Плус порано кога во клубот беа и други легенди како Пујол, Чави и Иниеста се слушаше и нивниот збор. А не може Меси секогаш да е во право, посебно не во случајот со Валверде.
Ама од тоа што до сега прочитав и Абидал си заслужува критики за многу работи. Знаеме низ што помина во животот ама заради тоа не треба да биде поштеден од критика за работата како спортски директор. Факт е дека е дел од управа која утна еден куп трансфери и која општо делува за потсмев во последните неколку трансфер рокови. Сега покрај конфликтот со Меси читам негирал и дека имало понуда кон Чави па дури изјавува дека не му се допаѓале неговите идеи. Лесно може да влезе во конфликт со уште една легенда. Не знам што да кажам, ситуацијата одамна не била толку лоша. Порано барем не се слушаа вакви приказни за кавги и препирања по медиумите. Башка и голем малер фати со повредите. Изгледа како сезоната да е пропадната уште сега. Лесно може уште задутре да отпаднеме од купот.