M
Mayavin
Гостин
Криво му е што не му го вратија батето Нејмар, и му го донесоа Гризман.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не се буни за моменталната ситуација, се буни што го избркале валверде, Абидал вика играчите биле незадоволни, а овај му вика кажи кои се тие играчи, алудира дека против бркање бил/е. Камо да се бунеше зошто не донесоа нови играчи, тоа ќе беше друго веќе.
Точно, веројатно и за повеќе други, всушност сите играчи што ги носат, прво гледаат дали ќе може да играат со Меси и за Меси. Не сакам да правам сега теории, можеби има, можеби и нема толкаво влијание иако имам впечаток дека секоја одлука зависи од него.Чекај па и Пике јавно го поддржа Валверде, ако некој има тежина во соблекувална тоа се Меси, Пике и Бускетс и сите му беа пулени на Валверде. А ако не се лажам Меси е иницијатор и за Нејмар и за овој од Интер Лаутаро или така нешто беше.
Точно, веројатно и за повеќе други, всушност сите играчи што ги носат, прво гледаат дали ќе може да играат со Меси и за Меси. Не сакам да правам сега теории, можеби има, можеби и нема толкаво влијание иако имам впечаток дека секоја одлука зависи од него.
И што правиме со сите тие приврзоци од играчи кога тој нема да е повеќе во клубот? Знаеш во каква зафркната позиција ќе биде тогаш тимот, ќе треба да се продаде се, што ќе ти е приврзок ако немаш клуч.Па ако сме реални го носи сам тимот на грб и сте ваделе победи кога сте играле стварно мизерно, и ја да сум на негово место и ја би сакал да имам збор околу тоа што играчи сакам да ијам околу мене, за цело негово наследство во Барселона неќам ни да правам муабет.
И што правиме со сите тие приврзоци од играчи кога тој нема да е повеќе во клубот? Знаеш во каква зафркната позиција ќе биде тогаш тимот, ќе треба да се продаде се, што ќе ти е приврзок ако немаш клуч.
Да му ги донесеа играчите што ги бараше и да немаше ефекти, кривецот ќе беше Меси. Луѓето му донесоа се обратно од он што бараше, буквално се.Нормално е Меси да има огромно влијание. Сепак е најдобар играч во историјата, буквално клубот вечно ќе му биде должник за се што има направено и постигнато. Роналдо немаше ист статус во Реал, сепак не е иста ситуацијата. Меси е дете на клубот и цела кариера ја помина тука. Плус и денес ниедна екипа не зависи толку од еден играч а има скоро 33 години.
Е сега ова до некаде носи и негативни работи. И јас мислам дека тоа прилагодување на екипата на неговата игра може да ни се одбие од глава кога тој ќе се пензионира. Дури тогаш ќе почне кризата. Плус порано кога во клубот беа и други легенди како Пујол, Чави и Иниеста се слушаше и нивниот збор. А не може Меси секогаш да е во право, посебно не во случајот со Валверде.
Ама од тоа што до сега прочитав и Абидал си заслужува критики за многу работи. Знаеме низ што помина во животот ама заради тоа не треба да биде поштеден од критика за работата како спортски директор. Факт е дека е дел од управа која утна еден куп трансфери и која општо делува за потсмев во последните неколку трансфер рокови. Сега покрај конфликтот со Меси читам негирал и дека имало понуда кон Чави па дури изјавува дека не му се допаѓале неговите идеи. Лесно може да влезе во конфликт со уште една легенда. Не знам што да кажам, ситуацијата одамна не била толку лоша. Порано барем не се слушаа вакви приказни за кавги и препирања по медиумите. Башка и голем малер фати со повредите. Изгледа како сезоната да е пропадната уште сега. Лесно може уште задутре да отпаднеме од купот.